RE: Машина за сушење алишта (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Техника



Порака


Bea -> RE: Машина за сушење алишта (8.10.2015 13:12:57)

И јас сум за посебна. Ние лани купувавме и сите препораки што ги добив беа за посебна. Додека едната машина пере, ти веќе една тура си исушила.
Купивме Whielpool кондензациска и се препородивме.




LoveableMe RR -> RE: Машина за сушење алишта (8.10.2015 13:32:10)

Надеее РР, гласам за посебни машини за перење и сушење, од кои таа за сушење кондензациска, позз




Felly RR -> RE: Машина за сушење алишта (29.11.2015 15:23:16)

РИнгерајки, ме интересира мислење - бебешките алишта, дали и кога се сушени во машина ги пеглате, или неам потреба. АКо е надвор, ај си велам за дезинфекција некоја, ама вака од едната машина во другата и си велам нема потреба. Нашите секако не ги пеглам, дали во машина, дали надвор [sm=jezicek.gif] ама од бебе некни така ги прибрав, ама уште ми е мисла. Ги пеглате ли вие или не / би пеглале, не би?




lukajana RR -> RE: Машина за сушење алишта (30.11.2015 18:17:44)

Felly rr јас пеглам само некои работи што не можат да се носат непеглани како фустанчиња на бебе а боди,тренерки и такви секојдневни облеки не пеглам од машина одма во плакар [sm=smiley36.gif] и така не сум љубител на пегла [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Машина за сушење алишта (30.11.2015 21:26:56)

Felly RR, јас ништо не пеглам, ни наше, ни од бебињата [sm=smiley36.gif] Посебно сега откога сушам во машина, стварно нема зошто.

Инаку добро што се активира темава, баш сакав да пишам - купивме засебни машини, таа за перење е на LG, а таа за сушење на Beko, и ептен сме задоволни. Она што мене ми пречи, и што не сум го знаела од претходно, е дека кога се сушат во машина, алиштата некако се литосуваат, стануваат ко износени [sm=zmeden.gif] Кога ќе го видам lint drawer-от, посебно по сушење бебешки алишта, жал ме фаќа за сите меки алишта што им ги собрало влакненцата...




Baby12 -> RE: Машина за сушење алишта (11.12.2015 20:17:02)

Здраво сакам да прашам нешто, земавме самсунг машина за перење и сушење од нептун.Е сега гледам тука првото перње викате да било празна машина,во упатсвото не прочитав такво нешто.Тоа важи само за некои модели?Машинава има програм само за чистење на бубањот и пишува треба да се пушти после секое 70то перење и машината ке ме потсетела.Е сега и друго да прашам.Програмите за 40степени за памук и на 60степени,колку ви траат ако не се на скратена програма?Јас се надевав дека пократко ке траат ама повторно се преку два саати 




Felly RR -> RE: Машина за сушење алишта (13.12.2015 17:05:24)

Тоа за празна, ако не пишувало во упатството значи ок си е, а инаку програмите и кај мене се околу 2 саати, има една брза за 30 мин, и за деликатни алишта е пократка а др се толку.
Патем со здравје да си ја користите машината[sm=smiley1.gif]




Kvisko -> RE: Машина за сушење алишта (13.12.2015 21:29:28)

Јас имам bosch комбинирана и 60 степени ми трае околу 1:40. Ама мојата е над 5 години стара и има 5 кила бубањ. Новиве се со поголема килажа и заштедата е што перат повеќе алишта за исто време.




Baby12 -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 1:34:05)

Фала ви на одговорите,ја испробав супер е,само од сушара алиштата не ми морисаат на омекшивач :( .




Kvisko -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 9:58:59)

Нема ни да ти мирисаат нешто јако на омекшивач. Ако сакап да мирисаат се купуваат посебни ливчиња што се ставаат во сушара па така мирисаат. Иако не знам што ќе ти е мирис на омекшивач. Битно е чисто и дезифинцирано.




lolla RR -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 10:15:39)

бејби, исфрли омекнувач, за што реално ти е? Важно ти е да се алиштата чисти (кога се чисти не мирисаат на ништо патем) а дезинфицирањето алишта е мит, штом ги фтиме со рака и ставиме во плакар се населуваат на нив бактерии.

За мирисот, првите неколку употреби мириса на самата машина, потоа ке си мирисаат алиштата на детергентот што го користиш.

Јас имам старовремска Бош, и ми суши за околу саат ипол, ама сигурно е повисока т бидејки нема температури туку само памук, микс и временски програми.




LoveableMe RR -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 10:40:46)

Толку време се размислувам да купам машина или само за сушење или комбинирана, ама кога читам вака се откажувам...во странство имав прилика да видам како функционираат, алиштата се меки, мирисаат на прашокот или омекшувачот и навистина со задоволство човек после да си ги носи...

Ама овде што се продава како машини е знак прашање....




Bea -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 11:09:17)

Loveable, моја препорака - ако имаш услови - да си купиш без двоумење и тоа само сушара, не комбинирана.
Јас откако ја имам сушарата се препородив. Не мирисаат алиштата на омекнувач (а не ни користам омекнувач, само понекогаш), меѓутоа се суви и спремни истиот ден и неверојатно мекани, а пеглам само 20% од работите.
Не знам за вас, ама јас надвор не можам да сушам алишта во есен/зима - кога ќе ги внесам мирисаат на чад и смог. Внатре во периодите кога е заладено, а нема убаво парно, ми се случувало по 3 дена да ми висат алишта во дневна, а ако се некои подебели (тренерки на мм или џемпери) дури и на влага ќе се умирисаат додека да се исушат.
Мене најмногу ми значи за овие дебели работи - тренерки, памучни џемпери (мм носи од оние од marks & spencer или springfild - гајле немаат), пешкирите и бањарките излегуваат како на реклама мекани (порано од тераса како картон крути беа и гребеа), монт јакни сушам во нив, јоргани потенки, перници... Се што може пикам внатре :) Уште ќебе не сум пробала најмногу заради тежината ми е страв, а инаку имам една програма за проветрување, суво ќебе на таа програма излегува растресено, освежено - тип топ.
Неочекувано долг постов ми излезе :) меѓутоа навистина препорачувам.




Baby12 -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 12:27:28)

За меки,меки се и тоа многу.Вчера првпат пуштив сушара со постелнини и бањарки и супер меки се.Е сега ме буниш што викаш дека и перници и танки јоргани переш,а во упатството кај мене пишува дека не се препорачува понети со сунгер работи да се сушат.Исто и за монтките мислам ми кажаа нетребало оти лити ги правела,као демек пердувите испагале,али може има врска и машината.И јас ја препорачувам посебно за зимно време оти и јас неможам надвор да спружирам,ми засмрдуваат алиштата на чад,цело маало на дрва се грее,па немам место каде,додека се исушат во соба на сушарата постелнини крпи 3 дена треба,па дошло ред на друго.....




Bea -> RE: Машина за сушење алишта (14.12.2015 15:06:29)

Кај мене во уптаството баш си пишува кој програм е наменет за јакни, а јогранот и перниците ги сушам на истиот.
Перниците не ми се перјани, туку од оние како лио внатре полнети. Ја имам мојата перјана јакна сушено, после тоа е како нова - напуфната, а во малиот филтер остануваат околу 5-6 пердувчиња и толку.




Milinoja -> RE: Машина за сушење алишта (23.3.2017 16:27:59)

Zdravo, sakam da prasam za iskustvo so indesit masinite za perenje i susenje alista.pozz




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 5 6 [7]