|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: 8ми Март
1.3.2010 14:16:23   
nadica
не го славам ама на мајка ми свекрва ми и бабите им купувам поклон по нешто што мислам дека ќе ги израдува
јас не добивам поклон и не одам никаде тој ден бидејќи не ми е удобно да славам нешто со кое не се сложувам само кај нас на балканот има такви славења
сепак сите кои го слават убаво да си поминат

< Поракaта ја уредил nadica -- 1.3.2010 14:17:47 >


_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: 8ми Март
1.3.2010 14:17:20   
Марколисимо
Мора да се прослави со поклонљиња за саканата и мајкатаuser posted image

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: 8ми Март
1.3.2010 14:21:50   
Mila na mama
Го почитувам празникот максимално. Не подарувам никому ништо. Мислам дека самите ние си го девалвираме значењето на 8 Март со одење на шопинг во Солун, собиранки налик на свадби по кафани, купување и подарување тракатанци. Поентата на денот е да си направиме една рекапитулација колку од нашите не женски туку елементарни човечки права се почитувани. Имаме ли жените подеднакво право и шанса да успееме во кариерата, статистиките говорат дека во светски рамки маж и жена на иста работна позиција жената е за 1/3 помалку платена. Сме се избориле ли доволно за домашните работи да не се по правило женски работи, го користиме ли правилно нашето право на глас. На следните избори потсетете се на 8 Март.
Во Македонија за среќа поголем е бројот на невработени мажи од жени зборуваме за оние пријавени во Агенција.
Да не должам муабетот ми беше мразам да слушнам кога некоја ќе рече Јас не го славам 8 Март не сум жена.  Е па драги мои ако немате пенис тогаш сте жени независно колку не се сметате себеси за тоа или не се гордеете. Мислам дека како жени треба повеќе да се свртиме кон самите себе а не кон букетите и накитот што се неизбежен кич декор на 8 Март.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: 8ми Март
1.3.2010 14:26:41   
ananikol
Kako sto veke kazav 8-mi mart osven na prostorite na bivsa YU nigde poveke ne se praznuva.Ovde toj den e kako i sekoj drug.
Dobivam od mm eden buket i toa e se.Od sin mi si dobivam poklon na denot na majkite.

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: 8ми Март
4.3.2010 12:29:27   
mis.
Борбата за женските права започнала уште во 1909 година кога жените излегле на улиците и барале право на глас. Во тоа време жените се бореле за солидарност, заштита при работа, законско изедначување на двата пола, укинување на трговијата со луѓе и заштита на децата.

Кога зборуваме за почетоците на борбата за женските права, не можеме а да не ја споменеме Клара Цеткин (1857-1933) која имаше големо влијание во борбата за женските права. Таа во свое време одржувала говори за правата на жената особено за правата на жените на работното место, говори кои ги поттикнале жените да се борат за своите права. Клара Цеткин исто така се борела за економската независност на работничките, правото на еднакви плати како и еднакво политичко право.

Иста така таа се борела за подобрување на положбата на жената во семејството. На нејзина иницијатива на втората меѓународна конференција за жената одржана во Копенхаген во 1910 година е одлучено 8-ми март да се одбележува како меѓународен ден на жената во знак на сеќавање на женските демонстации и борбата за еднаквост и почит на жената.

Женското движење на крајот на дваесеттиот век придонесе многу проблеми на жените да бидат видливи и прикажани во право светло. Тоа беше предуслов за привлекување на вниманието на јавноста и активирање на законските механизми за нивно решавање.

Резултат на овој развој е најважниот документ кој се однесува на правата на жените “Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација над жените” подготвен од Обединетите Нации. Овој документ недвосмислено повикува на еднаквост на жените и мажите без оглед на нивниот статус на сите полиња (политика, економија, општество, култура итн).

Конвенцијата е потпишања од голем број држави во светот меѓу кои и од Македонија и сите имаат обврска да работат на подобрување на положбата на жените во своите земји.

(Одговор на членот Natasha5)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: 8ми Март
4.3.2010 14:03:02   
Cacko
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех



аман колку луѓе се родени на 6ти март.имам еден ученик на 6ти март а и колегава тука до менеuser posted image user posted image user posted image


i tatko mi e roden na 6 martuser posted image

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: 8ми Март
4.3.2010 15:36:20   
arh_diz
Тука 8ми Март е прогласен за неработен ден. Ама затоа 6ти Март Сабота е работен ден.Јас лицно мислам дека овој ден треба да се одбележува и нетреба да се заборави.
На мм утре му е роденден јас ке му купам поклон па после тој на мене замена user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: 8ми Март
4.3.2010 15:44:51   
zami
ЖЕНАТА КАКО БАСТИОН     03.03.10 (СРЕДА) „Жената како бастион во уметноста“ е мотото на годинешниот осмомартовски базар на ракотворби, кој ќе се отвори денес во Домот на АРМ и ќе трае до 8 март. Организатор на манифестацијата, која овојпат и е посветена на жената, е невладиното здружение „Дениција“ .На овој базар на ракотворби ќе учествуваат 25 автори, кои имаат изработено наменски производи, подароци по повод празникот, како што се накит, производи од стакло, текстил, рачно изработени декорирани свеќи, производи со традиционалните етно-мотиви, скулптури во дрво, резба и многу други дреболии.

_____________________________

Allways look on the bright side of life!

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: 8ми Март
4.3.2010 15:47:41   
majka 79
ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех



аман колку луѓе се родени на 6ти март.имам еден ученик на 6ти март а и колегава тука до менеuser posted image user posted image user posted image


i tatko mi e roden na 6 martuser posted image



i mojata najdobra drugarka e rodena na 6 mart

(Одговор на членот Cacko)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: 8ми Март
4.3.2010 23:12:27   
nutelizza
Еве еден интересен текс за 8 март од Лејла Сабит

Тешко е со жените.
Тешко е без жените.
Зад секоја успешен маж стои жена.
Зад секоја успешна жена стои развод.
Не е лесно да си жена.
Уште потешко е да разбереш жена.
Ама нема ништо поубаво од тоа да си жена.
Еве што рекле за жените мудрите и искусните:
Секоја жена е беспомошна додека не $ се исуши лакот на ноктите (Берт Рејнолдс).
Треба да се земаат само убави жени, инаку не постои начин да се ослободите од нив (Род Стјуарт).
Не би рекол дека сите жени се исти, има и полоши (Анонимен).
Оние што секогаш добро зборуваат за жените, не ги познаваат доволно. Оние, пак, што зборуваат само лошо, не ги познаваат воопшто (Пиго Леброн).
Жената ти вели: 'Оди по ѓаволите'. Ти одиш, а таа и таму ќе те дочека (Данте Алигери).
Убавите жени се создадени за мажите што немаат фантазија, а паметните за оние што немаат среќа (Казанова).
Добро отвори ги очите кога се жениш, а потоа затвори ги (Шекспир).
Не е интересно она што жените ви го кажуваат туку она што го премолчуваат (Шекспир)).
Мажот е среќен со која било жена, сè додека не ја засака (Петрарка).
Жените имаат проблем за секое решение (Стивен В. Хокинг).
Кажете ми ја причината: знам дека зад тоа се крие жена (Бомон).
Како да го разберам ова: "Да се убиеш поради една жена?". А каде се сите останати? (Тин Ујевиќ).
Јас се ослободив од сите мои проблеми со жените! (Сер Елтон Џон).
Нека ви е честит 8 Март и
останатите 364 дена во годината!

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: 8ми Март
4.3.2010 23:24:14   
karla
Ah tie Klareto i Rozeto sto napravija, da mi se tuka sega ke im  kazam jas nivuser posted image Voopsto ne mi se dopagja ovoj praznik, mnogu pogresno e sfaten vo nasata zaednica. Najmnogu me nervira koga ke gi vidam eden kup zeni(sta) po restoranite, prostete mi na izrazot ama kako kucinja pusteni od sindzir. Ke storam niet i ke kupam po nekoe poklonce za sveki i slicni na nea, a za onie sto me znaat,znaat deka ne go pocituvam toj den i ako sakaat da mi kupat nesto toa mozat da go storat bio koj drug den no ne shablonski na 8-mi mart

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: 8ми Март
5.3.2010 10:34:16   
Snowhite RR
Точно дека жената треба да се почитува секој ден во годината, ама јас мислам дека сепак треба да постои еден ден во годината посветен на жената. Ние со другарките имаме традиција да излегуваме сами, не во ресторани туку во кафичи и дискотеки за 8ми март, а тоа не значи дека само тогаш излегуваме сами без мажи. Оваа година изгледа ќе ја прекршиме традицијата, затоа што и јас, а и другарка ми која што исто така има 9 месечно бебе нема да можиме да излегуваме.
Што се однесува до поклоните, на мајка ми и купавам, на свекрва ми и на јатрва ми, а лани и на двете другарки, затоа што сите три се омаживме во една година и да речам трите бевме млади невестиuser posted image А мене мајка ми лани ми купи поклон,татко ми и брат ми понекогаш ми купуваат, јатрва ми лани ми даде поклон, а свекрва ми ми даде пари. Мажот ми некогаш ми купува, некогаш ми вели сама да си купам, некогаш само цвеќе, а некогаш ништо, затоа што ние не чекаме празник за да си купиме поклон, си купуваме спонатано.

(Одговор на членот karla)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: 8ми Март
5.3.2010 10:43:13   
Snowhite RR
Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената бил одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген беше одржана Првата меѓународна конференција на жените и на него беше одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, на 8 март секоја година. Следната година, во 1911, по прв пат беше прославен овој празник од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.
По победата на болшевиците во Русија, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. На запад во 20-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 60-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник.
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија и Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам. Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и не е поврзан со идеалите за родова рамноправност.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: 8ми Март
5.3.2010 19:43:55   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: majka 79

ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а бидејќи на свекрва ми и е роденден на 6ти март таа си доби поприлично поклончиња.



и мојата свеки е на 6 март родена хехех



аман колку луѓе се родени на 6ти март.имам еден ученик на 6ти март а и колегава тука до менеuser posted image user posted image user posted image


i tatko mi e roden na 6 martuser posted image



i mojata najdobra drugarka e rodena na 6 mart


И мојата идна свекрва е родена на 6 март user posted image Не знам точно, или утре-за роденденот или в понеделник, за 8 март ќе и подарам нешто. Лани и дадов (т.е. на дечкото му дадов, не бев дома кај нив) крем за раце, а таа рамка за слика. Сега можеби несесер. Ќе и подарам нешто и на идната золва (лани ништо не ми даде, но сепак јас треба добро да се покажам, како добра идна снаа), на идната снаа и на мајка ми и баба ми. Како невработена не е лесно, но ќе се потрудам колку што можам ... Инаку навистина многу поинаку е сфатен празникот кај нас, Балканците ... Јас не очекувам подароци, а знам дека ќе добијам. Кога некој ти значи можеш тоа да му го покажеш на било кој ден, без посебен повод и причина, тогаш е многу поубаво и поискрено.

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот majka 79)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: 8ми Март
5.3.2010 20:12:05   
melody
Ne go slavam zosto ovde denot na zenata e nekoj drug den od drug mesec ama da me utepate neznam kojuser posted image Na nikogo pokloni kolku i da sakam ne kupuvam zosto  lugeto sto mi znacat vo MK mozam samo na skype da gi vidam i nisto drugo. 

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: 8ми Март
6.3.2010 20:42:32   
Tanja K.
Inaku da vi kazam vo vero imalo,casi kako za mleko ili caj so natpisi:mojata naj naj naj draga ucitelka,nastavnicka......Inaku ne ni kostale mnogu.MM denes zemal takvi dve za nastavnickite.A za drugite isto taka zemam sekoja godina po nesto simbolicno.I dobivam i jas od site.Ama ovaa godina ke se izvadime deka nema pari od socijalno,pa zatoa i malku poeftinko user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: 8ми Март
6.3.2010 20:46:14   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanja K.

Inaku da vi kazam vo vero imalo,casi kako za mleko ili caj so natpisi:mojata naj naj naj draga ucitelka,nastavnicka....


Ќе си направат учителките комплети со чашите user posted image
Како и да е, убава идеја Тања К...thanks

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: 8ми Март
7.3.2010 13:31:36   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanja K.

Inaku da vi kazam vo vero imalo,casi kako za mleko ili caj so natpisi:mojata naj naj naj draga ucitelka,nastavnicka......


Бев сабајле во Веро-Тафталиџе, ама немаше...не ни имале, ги прашав и вработените...се сретнав со една пријателка и ми кажа дека за учителките купила здели за салата...мислам...дај да видиме од свадба што ни останале поклони за да однесеме за 8-ми март...

(Одговор на членот Tanja K.)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: 8ми Март
7.3.2010 14:16:48   
Палешка РР
Јас на сите им купив лименки со чоколатца "Najlepse zelje", многу ми се бендисаа user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: 8ми Март
7.3.2010 15:32:13   
pacuvce
Инаку да ве известам дека јас утре сум на прослава на 8ми Март...user posted image user posted image user posted image Колку ги мразам овие прослави,не можам ни да ви опишам...Ама нема бегање...Јас мислев дека оваа година ќе ме заобиколат,поради тоа што сум на породилно,ама не...Ми се јави директорот во петокот и вели не прифаќал одбивање...

user posted image
ПА ДО КОГА БЕ СО ВАКВИ ГЛУПАВИ ПРОСЛАВИ!!!И ШТО ВСУШНОСТ СЛАВИМЕ???user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Love is in the air

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: 8ми Март
7.3.2010 15:43:17   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce


user posted image
ПА ДО КОГА БЕ СО ВАКВИ ГЛУПАВИ ПРОСЛАВИ!!!И ШТО ВСУШНОСТ СЛАВИМЕ???user posted image user posted image user posted image


user posted image
пацувче, не се нервирај...сфати си го како дружба со колешките и уживај user posted image

(Одговор на членот pacuvce)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: 8ми Март
8.3.2010 0:07:31   
ananikol
Na site zenicki koi go slavat praznikot 8-mi Mart


CESTIT 8-MI MART


user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: 8ми Март
8.3.2010 0:37:16   
nadica
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image

пвелете одберете си од букет од моето омилено цвеќе за среќен 8ми МАРТ

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: 8ми Март
8.3.2010 1:23:22   
zvezdi4ka_bt
SREKEN 8mi MART user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Време е да престанеме да ги чекаме изненадните подароци на животот, сами треба да создаваме живот.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: 8ми Март
8.3.2010 1:25:11   
Cacko
Nesto bas i ne go tintram praznikov,ali eve
Sreken 8 mi Mart na tie sto go postujat
user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот zvezdi4ka_bt)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?