Bitolcanka -> RE: Љубомора (11.1.2010 0:57:21)
|
Се сложувам со сите останати. Кога двајца се сакаат, постои љубомора. Љубомората е знак/доказ за љубовта меѓу двајца. Ние и двата сме љубоморни, можеби отповеќе [sm=smiley36.gif] Имало такви ситуации, поводи ... Само секој различно реагира во таква ситуација. Некој се воздржува, а некој не го премолчува тоа. Јас спаѓам во вторите, мислам [sm=smiley1.gif] Не секогаш, но почесто, знам да нагласам. Но, некогаш човек и да не изговори ниту збор, со самиот поглед и реакција може да каже многу повеќе, макар и да го негира тоа... Тоа со титкање во секој миг, јавување - каде си, со кого си, навистина е болна љубомора. Колку човек е повеќе контролиран, толку може да "погреши" и да посегне по забранетото (забранетото е најслатко). Треба да се има одредена мерка на слобода и приватност во било која врска.
|
|
|
|