mamicki -> RE: Прекин на доењето (9.6.2011 7:48:46)
|
Ве читам и се присетувам... Првиот син се одби сам, ни мака ни неволја имав [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] Можеби затоа што од самото негово раѓање паралелно му давав и шише и цице. Од шише пиеше Плантекс, подоцна сок, и цицаше. Кога почнав да му давам и друга храна, секојпат прво го хранев, па му давав да цица, и нормално, ќе поцицаше малку. Така постепено и кај мене се намалуваше количината млеко. Кога имаше 9 месеца, му давав да цица пред спиење, а тој си ја заврте главата на другата страна, го одби цицето, и си ја стави лажачката цуцла во уста па така заспа. Повеќе ниту го понудив, ниту побара, ни пак отекував и сл. И толку беше. Школски, ни плачки, ни болки... Сега сепрашувам дали ќе можам на истата финта и ова [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image], кога ќе се роди, да го одбијам? Инаку, постапката за вакво одбивање ја прочитав во книгата „Нега на деца по д-р Спок“ којашто ми беше како Библија првата година од мајчинството.
|
|
|
|