RE: Прекин на доењето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Доење и дополнување на доењето

Порака

Snowhite RR -> RE: Прекин на доењето (2.6.2014 0:38:38)

Дефне добаρ пеρиод си одбρала зашто иде лето а во лето не се пρепоρачува, а κаκо поминува вρемето ќе ви беше потешκо да се одбиете, а тоа што ти тагуваш немај гајле ќе ти помине и јас цела недела плачев κога го одбив М и тој не почна да пие млеκо ниту па нешто дρ. млечно, па еве го здρав пρав е ништо не му фали, млеκото можеш да му го надоместиш со нешто дρ κаκо пудинг, чоκолино, благ оρиз, пиρе со млеκо, па и да не внесува не е стρашно, витамините од млеκото ги има и во месото и зеленчуκот. А бρомеρгонот мислам деκа се пијат по шема не знам κаκо ги пиеш, најдобρо κонсултиρај се со леκаρ

Defne90 RR -> RE: Прекин на доењето (2.6.2014 1:09:27)

Интересно е тоа што нему не му падна толку тешко,мене ми дојде некако како гром од ведро него.Онака не ни планирав да го одбивам,чисто сакав да видам дали ќе се разбере ако му речам дека цицето е какано.И се разбра детето,не се ни побуни,ниту побара.А да почнеше да плаче и да беше упорен знам дека ќе попуштев,таква сум јас.Ама мило ми е што си успеав во намерата,затоа што како што велиш иде лето а на лето и не е баш препорачливо да се одбива од доење.Инаку гледам да не мислам на тоа дека заврши доењето засекогаш,прееска си пуштивме со мм една комедија и си се смеевме заедно./И тој навистина прави се за да не се чувствувам потиштено.Ќе помине сега дека уште ми доаѓа млеко и така по малку се растревожувам.А бромергонот го пијам по шема,ми напиша матичната,значи првиот ден пола апче,вториот ден двапати по пола.Третиот насабалје пола вечерта цело и од четвртиот ден веќе двапати по едно.Е сега ме интересира дали ти ги испи сите апчиња или не и за колку време ти снема млеко. Една пријателка исто така пиеше бромергон ама не ги испи сите мислам дека пиеше само 4 или 5 дена.Се си мислам дека ќе си направам мастит ако не го снама скроз млекото и заостане во градите.И дали се измолзуваше притоа.Мене сите ми велат различно,некои ми велат молзи се некои не ептен сум во дилема.[sm=zmeden.gif] Инаку за млекото се трудам да му го надоместам така што му правам бисквити со млеко,гриз,прееска баш му купив и чоколино и така нема проблем си јаде.А и што велиш и во храната си има витамини што ги има и во млекото и не е страшно ако не го прифати.Дури баш и матичната ми спомна дека и нема потреба да пие млеко.Ако сака убаво ако не сака не мора.Сега само со заспивањето уште да средиме работата да го научам да си заспива сам без лулање и готово.[sm=smiley1.gif]

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (2.6.2014 9:17:27)

.А бромергонот го пијам по шема,ми напиша матичната,значи првиот ден пола апче,вториот ден двапати по пола.Третиот насабалје пола вечерта цело и од четвртиот ден веќе двапати по едно.Е сега ме интересира дали ти ги испи сите апчиња или не и за колку време ти снема млеко. Една пријателка исто така пиеше бромергон ама не ги испи сите мислам дека пиеше само 4 или 5 дена.Се си мислам дека ќе си направам мастит ако не го снама скроз млекото и заостане во градите.И дали се измолзуваше притоа.Мене сите ми велат различно,некои ми велат молзи се некои не ептен сум во дилема.

Мое искуство со бромергонот - го пиев по шема и лошо го поднесував. Плус тоа се изначитав куп информации за него, и ме фати страв да не имам проблем со млеко за следно бебе, и само што намали маститот, го прекинав бромергонот. И јас го пиев 5-6 дена (направив реципроцитет на шемата од д-рката и ја преполовив). За измолзување - само првите неколку дена, дур ми се создаваше притисок во градите, одмолзував по 1-2 секунди, дури да пушти притисокот (оти измолзување е исто како цицање - стимулира лактација). Продолжи со зелаката ( листовите стоени во фрижидер - ладни.па пред да ги наредиш на града малку натисни ги, да пуштат сок) и масирај ги градите и со туш прави им топло - ладно шок, за циркулација.

Snowhite RR -> RE: Прекин на доењето (2.6.2014 22:48:57)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Да ти кажам не се сеќавам баш колку ги пиев, зашто сега за Јана не ни пиев бромергон, ги пиев за Михаил, ама тоа беше пред 3 години и не знам, мислам една недела секако, еве како што ти вели сандриана рр, добри совети ти дала, а инаку да знаеш и кога ќе ти престане млекото, и по една година ќе ти протече ако ги стегнеш градите, ама тоа е нормално

mama_06 -> RE: Прекин на доењето (4.6.2014 11:26:22)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Интересно е тоа што нему не му падна толку тешко,мене ми дојде некако како гром од ведро него.Онака не ни планирав да го одбивам,чисто сакав да видам дали ќе се разбере ако му речам дека цицето е какано.И се разбра детето,не се ни побуни,ниту побара.А да почнеше да плаче и да беше упорен знам дека ќе попуштев,таква сум јас.Ама мило ми е што си успеав во намерата,затоа што како што велиш иде лето а на лето и не е баш препорачливо да се одбива од доење.Инаку гледам да не мислам на тоа дека заврши доењето засекогаш,прееска си пуштивме со мм една комедија и си се смеевме заедно./И тој навистина прави се за да не се чувствувам потиштено.Ќе помине сега дека уште ми доаѓа млеко и така по малку се растревожувам.А бромергонот го пијам по шема,ми напиша матичната,значи првиот ден пола апче,вториот ден двапати по пола.Третиот насабалје пола вечерта цело и од четвртиот ден веќе двапати по едно.Е сега ме интересира дали ти ги испи сите апчиња или не и за колку време ти снема млеко. Една пријателка исто така пиеше бромергон ама не ги испи сите мислам дека пиеше само 4 или 5 дена.Се си мислам дека ќе си направам мастит ако не го снама скроз млекото и заостане во градите.И дали се измолзуваше притоа.Мене сите ми велат различно,некои ми велат молзи се некои не ептен сум во дилема.[sm=zmeden.gif] Инаку за млекото се трудам да му го надоместам така што му правам бисквити со млеко,гриз,прееска баш му купив и чоколино и така нема проблем си јаде.А и што велиш и во храната си има витамини што ги има и во млекото и не е страшно ако не го прифати.Дури баш и матичната ми спомна дека и нема потреба да пие млеко.Ако сака убаво ако не сака не мора.Сега само со заспивањето уште да средиме работата да го научам да си заспива сам без лулање и готово.[sm=smiley1.gif]

Дефне јас кога го одбивав постарово дете, не можев да пијам таблети зашто забременив и по препорака на матичен гинеколог ги стегав градите со тетра пелена и ставав листови свежа зелка. Така да кога ќе надојдеше млеко зелката ми ги ладеше градите. Иако бев во рана бременост сепак имав лактација. Го одбив точно на 1 година и 2 недели. Тоа траеше 10тина дена, и прекина. Пробај и ти со зелка, менувај ја често не е штетно. Сега помалово е скоро 9 месеци, си цица и здравје кога ќе решам да го одбијам пак ке пробам така со зелката и ќе видиме.

Defne90 RR -> RE: Прекин на доењето (4.6.2014 11:45:55)

Ставам зелка и јас и до вчера си ги стегав и градите,а од денеска си носам градник и во него си ставам листови свежа зелка.Инаку млекото попрестана,веќе не ми надоаѓа толку да ми создава притисок.Апчињата планирам да ги пијам уште три четири дена и ќе ги прекинам.Читав и јас за многу нус појави што се создаваат со нивно користење така да нема ни јас да пијам две недели.
И уште еднаш фала ви на сите за убавите совети кои навистина ми помогнаа.Јас стврано првите два дена додека да се навикнам на новата ситуација бев изгубена,ама вие навистина ми помогнавте да се справам со тоа.
Инаку вечер ми е потешко затоа што ништо не сака да пие,вода му нудам и толку.И морам се на раце да го лулам.Ама ете синоќа стана само трипати и не правел проблеми да плаче и да се буни.Полека полека се надевам дека ќе се навикне.[sm=smiley1.gif]

princessa -> RE: Прекин на доењето (15.7.2014 11:33:59)

Јас сум во небрано. Бебе утре ќе полни една годинка а јас решив да не цица веќе. Највеќе поради тоа што не спиеше убаво и се будеше секој пола саат. Првите дена беше подобро и почна да спие поубаво. Ама од пред два дена е хаос. Несака да пие кравјо млеко пред спиење. И се плашам да не не пие веќе млеко, а му треба. Се мачам и дење и ноќе да го заспијам и се на се 3 часа губам и го нишам. Многу ми е мачно и тешко. И сега останав и сама. Ммне е дома и синоќа цела вечер го нишкав. Сега ќе пдам да купам несквик па да ставам малку во млекото па можеби ќе го пие. Глава ме боли од нервоза. Незнам дали се исплати да пробам со методата на плачење кога ќе си одам дома наредна недела за да не го нишам по цел ден и ноќ Ќе има ли ефект зашто е една година стар.

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (15.7.2014 13:14:48)

princessa, ако веќе си решена да го одбиваш - мора тој став да ти биде цврст, и пред се ти да си убедена во тоа.
Непиење на кравјо млеко не е страшен проблем, зошто детето е веќе доволно големо да внесува млечни продукти и да ги задоволи дневните потреби од млеко. Можеби со тек на време ќе пропие (иако ќерка ми до ден денес не прифати друго млеко, после мајчиното). Јас се обидов да ја одбијам еднаш кога беше 17 месеци, и не успеав (не бевме спремни ни таа ни јас), па после 2 месеци беше успешна мисија, откако пред се јас психички се подготвив да го издржам тој процес од 3 ноќи.
Мој совет за сега е да се обидеш да го прекратриш постепено ноќното цицање, а потоа сосем да се одбиете.
Како и да е, Ви посакувам лесен процес.

princessa -> RE: Прекин на доењето (15.7.2014 15:42:52)

Ама јас веќе 5 дена воопшто не му давам да цица ниту дење ниту ноќе и сигурно дека не е во ред да почнам отпоново да му давам. Се ќе ми пропадне во вода[sm=zmeden.gif]. Му давам и млечни оброци, мусли, корнфлекс, некои други житарици купив па и несквик ќе му ставам малце во млекцето. Ќе видиме како ќе оди. Со ќерка ми воопшто немав проблем со одбивањето. И таа се одби на година дена и еве до ден денес си пие пред спиење кравјо млекце. А ако не кажам стоп, [sm=duda.gif] ќе си цица и до 5 години. Мора еднаш да се прекине а мислам дека подобро е сега отколку покасно.

Defne90 RR -> RE: Прекин на доењето (15.7.2014 16:33:04)

Никако штом не му даваш 5 дена не е добро млекото престојано е и не чини веќе.Некои деца навистина немаат никаков проблем со одбивањето и веднаш се помируваат со новонастанатата ситуација и не бараат повеќе да цицаат.Таков беше и случајот со нас.А на некои им паѓа потешко па од овде следуваат плачките посебно ноќе.Ама трпение принцеса и нему му треба време да се привикне на тоа дека веќе нема цице и да престане да станува од навика.А за кравјото млеко што не ти пие ич да не му се секираш ни моето не пие кравјо млеко,не сака ни да го помириса,ама му правам јадења со млеко,пие јогурт,јаде павлака,кисело млеко и така си ги задоволува дневните потреби од млеко.Само давај му такви млечни продукти и не грижи се за тоа дека ќе има потреба од млеко затоа што тој тоа ќе си го надокнадува од други продукти.А и за спиење немпој да го учиш да заспива со млеко или сок затоа што така ќе се навикне па после ќе ти станува за тоа.Јас така поголемиот го научив па дури на 4 години се одвикна од ноќното пиење сок и млеко.Кога и да се разбуди занишкај го и евентуално понуди му само вода друго не.Јас така направив и ете сега веќе месец ипол како не цица веќе и си ја преспива цела ноќ и не се буди да бара да пие нешто. Не грижи се со тек на време бебчо ќе се навикне дека ноќта е период за одморање и сон а не за пиење млеко или сок.Ти посакувам многу среќа во одбивањето и секако само истрајност и трепение.[sm=smiley1.gif]

princessa -> RE: Прекин на доењето (15.7.2014 17:37:49)

Јас ќе бидам трпелива уште некој ден па што биде нека биде. Ќе му ставм вечер несквик малце па белки ќе прифати. Тој не да го одбива во целост пиењето на млеко, туку само по неколку голтки пие и толку. Прееска го заспав со сок[sm=zmeden.gif]

masa -> RE: Прекин на доењето (16.7.2014 12:41:01)

Pa vie ste veke odbieni stom veke 5 dena ne cica, a sto ne pie kravjo mleko ne gledam deka e problem.Gledaj da vnesuva poveke tecnosti, voda najmjogu,bidejki e toplo.Toa sto pie sok i mleko so nestkvik od sise ne e dobra navika, osobeno za zabite.So izbalanisirana ishrana nemate gajle za nisto [sm=smiley1.gif]

ana mari -> RE: Прекин на доењето (13.11.2015 9:12:00)

Majkiii ajde za pomosss eve veke 3 denaa sinko ne cicaa a jass maki macamm do gradive otecebi mi se kako kamen tvrdi bev na lekar mi rekoaa da pijam caj od mentol ne mi dadoa apcinjaa i nikako da se odmolzuvam zaso taka ke nadoagalo uste mlekoo aj ve molam vasee iskustvoo

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (13.11.2015 10:19:04)

ana mari, обиди се со туширање наизменично топла-ладна вода, и со облоги од свежа зелка. Листовите зелка стоени во фрижидер, оладени, па малку притиснати, да подомекнат. Мислам дека и чајот од магдонос ја инхибира лактацијата.

nina -> RE: Прекин на доењето (22.1.2016 10:44:20)

Здраво мајки ако може еден совет, го доев девојчето до година и пол и кога сум останала бремена.Нагло ја одбив она нема никаков проблем но еве мене сеуште не ми прекинува млекото еве веке една недела скоро ставам зелки ги стегам градите и вака не ми течи но да пробам да одмолзам си течи уште, па докторот ми рече бромергон но во аптека ми рече аптекарката пробај природно секако сега со хормоните од бебето само ке запри па кажетеми совет дали уште да се стискам и да ставам зелки веке ми е гадно од зелкиве...ве молам за совет и ова го забоиравив некако ми се омекбнати градите не ми се како преполни [sm=smiley24.gif][sm=smiley22.gif][sm=smiley13.gif]

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (22.1.2016 10:51:27)

nina, ако немаш изразена лактација, не ти се полнат градите, не одмолзувај, да не само ја стимулираш.
Јас би оставила само да секне, без хемија, ако нема потреба реална.

Честитки за бременоста [sm=smiley1.gif]

media -> RE: Прекин на доењето (10.4.2016 15:23:40)

Pochituvani moram so Vas da go spodelam slednovo, za nepoln mesec se vrakjam na rabota i pochnav kjerka mi da ja nudam ad mleko hipp 2 na pocetokot t.s. prvite 2 dena piese po malku no sega vekje ne. Jas navistina nz kako kje ja odbijam bidejki nesakam da i go skratam mlekoto a ona neska voopshto da prifati samo 2 plati kje povleche so cuclata kje pivne i se trga plache se luti i bara da cica. Proba i svekrva mi i mm nema sansi. Inaku samo sto napilni 8 meseci. Dali nekoja poiskusna mamichka moze da me posovetuva kako da premineme od doenje na ad mleko

lolla RR -> RE: Прекин на доењето (11.4.2016 12:48:48)

media, а зошто би преминувале на ад? По твоја желба? Инаку мајките што работат ги дојат бебињата пред работа па дури кога ке с евратат. Во меѓувреме, бебето ке има два оброка може и ужина или кисело млеко. Немој да ја нудиш со ад, ке си надокнади ноќно време.

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (11.4.2016 13:09:36)

media, да споделам мое искуство - со првото дете бев неискусна, и се обидов да понудам АД млеко на иста возраст како твоето, од иста причина - враќање на работа.
Но, не го прифати воопшто АД млекото. Не форсирав на тоа, остана опцијата да цица пред да одам на работа, па потоа, кога ќе се вратев. Ја доев до 19 месеци.
Со второто дете воопшто не ми падна на ум да понудам АД. Функционираме на ист принцип - цица кога ќе се вратам од работа, и после по желба. Ама, кај и да е треба да размислам да ја одбивам веќе, наполнивме 19 месеци.

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (21.7.2016 15:26:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anita car

Sakam da go odviknam da ne cica poveke poso mnogu kasa krvovi i rani sum cela...
Za kolkav vremenski period seknuva mlekoto?
Kolku vreme ne treba da go dojam bebeto za da mi prekine mlekoto?

sandriana RR -> RE: Прекин на доењето (11.10.2016 16:54:40)

Пред некои две недели завршив со доење на И, на 25 месеци.
Мислам дека доволно беше, од секој аспект.
Се плашев многу како ќе го решиме ова, но за среќа мина мноооогу лесно, и за двете.
Намачкав кечап на брадавките и и кажав дека ме болат и ми тече крв. Дете само се изјасни дека не сака повеќе да цица [sm=smiley36.gif] Без ниту една солза и гест на протест.
Да напоменам дека беше страстен цицач - по желба и нејзина воља. Не ми успеа никогаш да доведам до 1 подој, туку секогаш цицаше кога сакаше.
Што се однесува до мене- една недела бев константно со зелки во градникот, топол туш и масажа до болка за да разбивам грутки - и овој пат поминав без хемија и без мастит [sm=smiley1.gif].

Страница: <<   < Претходна страница  15 16 17 18 [19]