Snowhite RR -> RE: Прекин на доењето (4.3.2012 18:15:17)
|
И М пред да го одбијам цицаше навечер пред спиење, насабајле и наручек исто пред спиење. Еве како јас го одбив непланирано: Имаше 14 месеци кога го одбив, а и јас исто се прашував како ќе заспива ако го одбијам и цело време одложував, ама едно сабајле заминав на работа и не му дадов да цица, после додека се вратив од работа, тие со мм отишле кај мајка ми и таму мајка ми успеала да го заспија, а кога стана, јадеше и во гужвите не побара да цица и потоа си заминавме дома и последна шанса беше спиењето, му реков на мм, ако уште сега не побара, го одбивам, зашто и ќе поминат веќе 24 часа од последното доење. Така му реков на мм да проба го заспија, зашто ако јас го заспивав сигурно ќе побараше, па ако не успее да го заспија, тогаш јас ќе го заспија и нормално ќе му дадев да цица. За среќа, јас додека се фенирав тој го заспа. Следните неколку вечери тој го заспиваше и го ставаше в креветче и навечер ако се разбудеше исто така, тој стануваше да го презаспија. Првата недела само некогаш ќе му текнеше, ама ќе му го одвлечев вниманието со нешто друго и толку потоа заборави. Баш овој период беше кога го одбивав, а планирав да го дојам до пролет Е сега и Михаил не пиеше и се уште не пие млеко од шише, т.е. тој не пија млеко никако. А за жалот, ќе ти биде жал се разбира кога и да ја одбиваш, само кога ќе биде поголема ќе и биде и неа жал, ќе разбира повеќе, а вака барем неа ќе ја поштедиш. Како и да е, ти сама ќе си одлучиш кога е вистинското време, или таа ќе одлучи[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|