RE: Цртан филм за деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Maca25 -> RE: Цртан филм за деца (4.7.2011 15:38:12)

Аууу бумба е досаден ептен! Нина го сака Покојо и Ноди! Веќе и ние дома пред време ги кажуваме сите реплики [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и да ги пееме песничките!




AnnaMolly RR -> RE: Цртан филм за деца (4.7.2011 15:40:12)

Леле, што да правам, знам дека е досаден! Ете му менував да гледа и Покојо, Ноди, Телетабиси и слично, ама плаче и вика „буба“. Кога ќе му го пуштам е пресреќен и плеска со рачињата! Е, како да не му пуштиш после? И тоа единствената работа што го занимава. Вчера скоро цел час седеше пред компјутер и гледаше. 




Maca25 -> RE: Цртан филм за деца (4.7.2011 15:47:08)

срценце! ако сака да гледа пуштај му! Нина во тој период освен Бејби Ајнштајн ништо друго не гледаше! Али затоа сега не утепа со Ноди!




etiopija -> RE: Цртан филм за деца (5.7.2011 10:44:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly

Леле, што да правам, знам дека е досаден! Ете му менував да гледа и Покојо, Ноди, Телетабиси и слично, ама плаче и вика „буба“. Кога ќе му го пуштам е пресреќен и плеска со рачињата! Е, како да не му пуштиш после? И тоа единствената работа што го занимава. Вчера скоро цел час седеше пред компјутер и гледаше. 





I David gleda BUMBA i on vika "buba" sum mu pustala i drugi ama nesaka gleda samo "buba" , baby tv i duck tv na digitalna . drugi crtani ne saka da gleda :))




AnnaMolly RR -> RE: Цртан филм за деца (5.7.2011 12:10:45)

Да, да, и Duck TV ама само кога одиме кај моите. На Бум го нема. Мноооогу е глупав Бумба, ама па мирен е кога го гледа. Како што е живец со последно време, се би направила да поседи мирен едно 30 минути.




денвер -> RE: Цртан филм за деца (6.7.2011 14:55:04)

ние веќе го забораваме бумба малку по малку и станува досаден, сега гледаме покојо  и пресрекна е само се смее и мики маус 




zapce -> RE: Цртан филм за деца (9.8.2011 16:21:10)

И ние веќе не го гледаме Бумба сега гледаме Мики Маус и тоа му е хит, и тоа само два цртани и ги знае на памет што ке се случува па ги коментира, а и овој период ја обожава песната Ео ЕО од Ања Ветерова и спотот со децата, па сабајлево сум се изнасмеала уште беше во полусон и ми вика Мама ео ео и си пее.




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 8:57:41)

Цртаниот не го гледа многу, ама музиката кога ќе ја слушне, што и да работи, одма престанува, се врти накај ТВ и почнува да игра. - Принцези сирени




Maca25 -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 9:21:16)

Ние по цел ден гледаме минимакс, сите цртани ги сака. А на јутјуб сака да гледа Покојо, Ноди, Трактор Том, Бумба и тоа се на српски и хрватски [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] После се чудам јас од каде ми научило детето Боооок!!! 




profesorica back -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 10:45:57)

По цели денови гледаме Cartoonito - Scooby du, Jony bravo, Papy in my pocket, Baby looney toons itn...




penelopa -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 10:49:33)

Исклучиво Baby TV има неколку цртани што му се интересни а прво што почна да гледа од цртани беше: Kukičkata na Miki maus- Miki odi na ribolov и до ден денес кога ќе му го пуштиме се смее и го гледа.




kikicka -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 10:55:19)

nie ja gledame baby tv ovde i disney junior ovde a koga sme mk baby first tv ,bumba,minimax cat pat,nikelodion -dora the explorer a koga ni se dosadni site odime na you tube i pocnuvame so gummy bear song mng i e smesen ,tiger boo i toa e mislam ali epten e unesena po crtani gjabe i vikas ona ne obrnuva vnimanie(takov e tatko i koga gleda tv)




Viktori -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 10:58:24)

Мене ми е тапан главава од КидсЦо... + синхронизирани. Ужас. Дури некогаш и заборавам да сменам па и откако ќе заспијат децата останува на тој канал додека не станам од ПЦ и пуштам филм некој.




profesorica back -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 10:58:26)

леле gummy bear на сите деца им е омилена...ние милион пати ја имаме гледано а ја има и во повеќе верзии и уште не ние здосадена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




arh_diz -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 11:58:55)

Seuste ne sum go baviknala da gleda tv odnosno ne mu pustam crtani [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], i koga ke mu pustam gleda max 5 minuti




Snowhite RR -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 16:51:30)

Михаил цртани гледа само додека јаде т.е. појадува насабајле, седнуваме на неговото столче и на масичето го ставаме киното(чоколиното) и пуштаме цртани, а во последно време и пред спиење, јас му ја пуштам JimJam, на таа ТВ некако цртаните ми се како за помали деца. А на јутјуб го гледа ОВА и ОВА. Стварно се интересни, ама еден период нон стоп само тоа па тоа, дури и научи и сам да си ги пушти откако ќе завршат
А гами беар јас не можам да ги поднесам, така да никогаш не сум му ги пуштала, другарка ми и ги пушташе нон стоп на нејзината ќерка[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Pepelaska * -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2011 17:26:57)

и ние не гледаме цртани уште ама затоа реклами обожаваме.Само тогаш е мирен и на ТВ а и на јутјуб му пуштам омилени му се Чунга лунга,Кока кола,фанта и медведичот лино.Мајка ми ми вика ги збудалувате децава само пред тв и комп ама кога не му се наоѓа крај што да правам[sm=zmeden.gif]




Slagjana -> RE: Цртан филм за деца (9.11.2011 9:15:39)

Еве по кој редослед гледавме цртани филмови. Од 6 месеци до 1 година Гами Беар (ако може да се нарече филм) и песнички- Поточиња. Од 1 година почна со Фифи и Ноди. И сега на 1 год. и 8 месеци хит ни е Бумба. Мене ми е многу глупав, ама кога го загледав има поучни работи. Само што не е на македонски. 




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (9.11.2011 9:33:23)

Бумба може ни е глупав на сите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] зошто е правен баш за мали дечиња, и Матеа порано го гледаше, ако го начекавме, сега па одамна не сме го начекале. Сега многу го сака Петко, ептен му се радува кога ќе го види, и само вика „Пеко, Пеко“




JovanaJ -> RE: Цртан филм за деца (9.11.2011 9:41:06)

Do 1 godinka ne ni gledavme tolku crtani, poveke pesnicki od Super Zvezda i Zlatno Slavejce. Potoa pocnavme so Nodi, Malata princeza (iako e masko), Bumba....i sl.
Sega veke ima 5 godini i pocnavme so Ninja Zelki, Ben 10, Spiderman....i sl. Ima potreba da se identifikuva so nekoj "junak"...na pocetok me plasese agresijata ama sega kako go nabljuduvam gledam deka samo negovata fantazija raboti poveke a ne stanuva i toj agresiven.
I iako e pogolem znae nekogas da gleda pak i Nodi, Bumba I Malata princeza...[sm=smiley1.gif]




kikicka -> RE: Цртан филм за деца (9.11.2011 11:14:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana

Еве по кој редослед гледавме цртани филмови. Од 6 месеци до 1 година Гами Беар (ако може да се нарече филм) и песнички- Поточиња. Од 1 година почна со Фифи и Ноди. И сега на 1 год. и 8 месеци хит ни е Бумба. Мене ми е многу глупав, ама кога го загледав има поучни работи. Само што не е на македонски. 



bumba go imaše na makedonski koga postoeše a1 tv .jas go snimav na max tv neli ima opcija pa i go pustav sega ovde go gledame na hrvatski,može ima vo nekoja trafika cd bumba na makedonski proverete ovde znam deka se prodavaat ,pa može i vo mk.




Maca25 -> RE: Цртан филм за деца (9.11.2011 12:04:43)

ние си симнавме Покојо, едно 30 епизоди и сега само со тоа е преокупирана. А Бубма сега па не го сака, голема била. Мики маус исто си го гледа и том и џери.




mamamoni -> RE: Цртан филм за деца (3.1.2012 18:55:04)

ова е наш хит цела недела




Тања РР -> RE: Цртан филм за деца (4.1.2012 1:17:11)

Ние по цел ден гледаме Минимакс канал: Љубопитни Џорџ, Томица и пријателите, Ноди, Френклин и пријателите, Ангелина балерина, Гаспар и Лиса.....сите на хрватски. Кога беше помала најмногу го сакаше Бумба, па едно време ги бараше Телетабиси а сега (кога тато гледа вести) од јутуб бара само Трактор Том и Томица и пријателите.

Искрено, освен Бумба и Телетабиси, сите други се многу интересни и поучни. И јас навикнав да ги гледам со неа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (4.1.2012 8:58:38)

Цртани јас гледам повеќе од Матеа. Ќе и пуштам за да гледа, а неа не ја интересира, и на крај, јас ќе си се загледам, а таа си игра нешто друго.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>