RE: Цртан филм за деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Snowhite RR -> RE: Цртан филм за деца (22.9.2014 13:19:46)

И Михаил последно гледа долгометражни како DespicableMe, Finding Nemo, а од пократиките се што пуштаат на Бумеранг, Том и Џери, Пинк Пантер, Којотот и брзата птица
Туку сакав да ве прашам, нели на Бумеранг обично на овие пишува 6+ и јас му кажувам дека е мал за тие цртани, а и јас сама не знам дали е мал и не знам дали да му ги забранам[sm=zmeden.gif] Вие што правите?




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (22.9.2014 14:21:49)

А зошто да му ги забраниш? - Мислам дека нема потреба. Баш Том и џери е за над 6 години, ама и на М и е интересен и го гледа. И сите други што ги наброја од Бумеранг. Подобро да гледа цртани за 6 години, одколку па да гледа турски серии наменети за целата публика.




Mihaela 2010 -> RE: Цртан филм за деца (22.9.2014 15:22:30)

I jas mislam nema potreba od zabrana,i M gi obozava Tom i Jeri,bas so vnimanie gi gleda,ima nekoi crtani sto prikazuvaat duhovi i zverovi ama nikogas ne pokazala deka se plasi ili nesto,bas e voodusevena iako pisuva 6+ mislam deka nema nikakov problem da si gledaat




Snowhite RR -> RE: Цртан филм за деца (22.9.2014 17:33:51)

Па и јас си мислам не е проблем да ги гледа, ама ај реков да се консултирам со вас[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Цртан филм за деца (22.11.2014 22:53:25)

Нас периодов не фати еуфорија со Маша и Медвед. Хихи кога на другите деца им се здосади, нас сега не фати. Ама гледа едни те исти три четири и умира од смеење. И го гледа последниве денови Пајо Патор. Сам си ги најде и ептен се зарази.




caciana -> RE: Цртан филм за деца (23.11.2014 19:00:57)

И нас Маша и медвед ни е омилен... и мене ми е омилен Маша Каша хеххе[sm=smiley36.gif]




sandriana RR -> RE: Цртан филм за деца (24.11.2014 10:44:36)

Маша и медвед се уште актуелни и кај Тина, но најинтересни во моментов и се цртаните со Пинк Пантер, односно 2 епизоди - со крокодилчето и со мускулот [sm=smiley1.gif]




AneLav RR -> RE: Цртан филм за деца (24.11.2014 11:31:18)

Маша и медвед, Шрек, Пепелашка, Малата сирена, Убавицата и ѕверот, Мадагаскар овие ни се хит




Defne90 RR -> RE: Цртан филм за деца (24.11.2014 11:48:22)

Nam hit ni se Nodi,Malo kralstvo,Pepa prase,Backyardigans i Oktonauti.Ovie gi sledat posebno pogolemiot so najgolemo vnimanie.Pomaliot poveke saka pesnicki ama i toj ponekogas znae da sedne i da se zagleda so brat mu.[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Цртан филм за деца (24.11.2014 13:50:43)

Ние гледаме се што има на Бумеранг, но кога и пуштам нешто од youtube омилени и се Пет и Стен. Некои дури и на памет ги научи.[sm=smiley36.gif]




vezilka RR -> RE: Цртан филм за деца (27.5.2015 12:46:26)

Лелеее колку се смее на Daffy Duck во последно време. Абе толку заразно се смее и ние седнуваме со него да гледаме. Па пошто и од наше време е цртаниов. Ама гледа и многу глупости, ги наоѓа на youtube и ги гледа. И тоа бидејќи касно легнува, ние додека дремеме на тросед, тој ќе си ги пушти глупостиве, ние рчиме, тој гледа.. [sm=zmeden.gif]




MamaKiki -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 14:01:23)

кај анс нон сто е пуштено мини ултра единствена манаана што се на српски ама ги обожава ноди песната само што ке ја слушни се бори да гледа нема гушкање со мама поке [sm=hudicek1.gif], а ги сака и пепа прасе , скоро ги најдов на македонски ама реагира на гласовите дека не се исти и не толку заинтересиран , маша и медо кај нас се уште актуелни иако постовите ви се доста постари кога вашите ги гледале..а јас пак мноу сакам да ги гледам пин код [sm=jezicek.gif] ептен ми се оргинални и поучни ама ние сме уште мали да разбериме




AnnaMolly RR -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 15:10:01)

Хит му се цртани на македонски. Пет и Стен обавезно ги гледа секој ден, сега и Пепа прасе.
Има два на српски што ептен ги сака Ти рекс експрес и Божични диносауруси :)




sandriana RR -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 21:11:26)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Маша и медвед се уште актуелни и кај Тина, но најинтересни во моментов и се цртаните со Пинк Пантер, односно 2 епизоди - со крокодилчето и со мускулот [sm=smiley1.gif]

Една година подоцна - се уште на репертоар горенаведените, плус Пепа прасе на сите можни јазици и последно актуелни Штрумфови. А да, и Бон-Тон со Ана - ептен ни користи позитивно [sm=smiley1.gif]
Малово гледа речиси се - но од ептен мало бебе вниманието најмногу и го привлекува Baby пеперутката од Baby TV и нејзината дружина. Сега (13 месеци), почна да ми го дава далечинското со муабет - Бебето - демек, да пуштам Baby Tv.




marchi -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 21:27:40)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Маша и медвед се уште актуелни и кај Тина, но најинтересни во моментов и се цртаните со Пинк Пантер, односно 2 епизоди - со крокодилчето и со мускулот [sm=smiley1.gif]

Една година подоцна - се уште на репертоар горенаведените, плус Пепа прасе на сите можни јазици и последно актуелни Штрумфови. А да, и Бон-Тон со Ана - ептен ни користи позитивно [sm=smiley1.gif]
Малово гледа речиси се - но од ептен мало бебе вниманието најмногу и го привлекува Baby пеперутката од Baby TV и нејзината дружина. Сега (13 месеци), почна да ми го дава далечинското со муабет - Бебето - демек, да пуштам Baby Tv.

Да ве прашам тоа Бон тон со ана дали го има на интернет или на тв го гледате? Ние во моментов немаме интернет така да насабајле во 11h на телма го гледаме том и џери а после нив фамилија 5+




lukajana RR -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 23:16:23)

Кај нас актуелна е Пепа и повремено Малото кралство ,а Л гледа и некои цртани со диносауруси .
Исто и тие на Сител во сабота и недела не се пропуштаат [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 23:25:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: marchi

Да ве прашам тоа Бон тон со ана дали го има на интернет или на тв го гледате? Ние во моментов немаме интернет така да насабајле во 11h на телма го гледаме том и џери а после нив фамилија 5+


И што е тоа ме интересира и мене[sm=smiley1.gif]




MamaKiki -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 23:30:21)

да да ги има на интернет напишете со македонски фонд и ке излезат на youtube бон-тон има многу епизоди ги имавме пуштено пред скоро ама не ги сака заправо барав едукативни бебешки емисии и излезе бон-тон и весели бројки [sm=smiley1.gif]
ке просурфам низ форумов како се става линк и ке се потрудам да успеам




MamaKiki -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 23:31:41)

https://www.youtube.com/watch?v=q5RmYQ4uipc&list=PLVXosusytWFgK7YQ9DPXfsy55oXNEDR-I




vezilka RR -> RE: Цртан филм за деца (22.10.2015 23:39:54)

Никола како по обичај се опседнува со некој цртан и само тоа гледа еден период. Сега е период на Oggy and the Cockroaches ( он си го вика Дојран, поима неам од каде му таа асоцијација) и Мистер Бин цртаните. Значи а седне на компјутер, тоа гледа. А на ТВ ги гледа сите цртани што се на ОК TV.




marchi -> RE: Цртан филм за деца (23.10.2015 12:01:34)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki

да да ги има на интернет напишете со македонски фонд и ке излезат на youtube бон-тон има многу епизоди ги имавме пуштено пред скоро ама не ги сака заправо барав едукативни бебешки емисии и излезе бон-тон и весели бројки [sm=smiley1.gif]
ке просурфам низ форумов како се става линк и ке се потрудам да успеам

Znam pred Okolu 1 godina go davaa na MRT ama togas bevme mali, sega mislam deka moze da se nauci nesto od toa. Pretezno na internet gledame little baby boom, muzika na angliski so mecinja takvi raboti i naucivme da broime i gi raspoznavame kockata krugot i pravoagolnikot i triagolnikot




sandriana RR -> RE: Цртан филм за деца (26.10.2015 12:35:26)

Ете го погоре линкот, mamakiki веќе постирала. На ТВ веќе не го даваат, но навистина е еден од ретките пристојни и поучни цртани.




marchi -> RE: Цртан филм за деца (27.10.2015 18:46:05)

Сосем се сложувам со коментарот пред мене. Нема баш кај нас некои асолни цртани, се гледаме од интернет или бумеранг или ултра, во наше време и емисии и цртани, сега ништо




Neurotoxin RR -> RE: Цртан филм за деца (29.10.2015 11:03:27)

Под големи импресии, само зстанав да пишам на темава...
ако сакате да им го разубавите детството, седнете со дечињата и заедно изгледајте го Rise of the guardians.

Лесно се наоѓа на нет и има и македонски превод.

Толку ќе пишам, а кога ќе го гледате, пишете вие :)




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 8 9 [10]