Цртан филм за деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Еца -> Цртан филм за деца (27.3.2009 20:33:47)

Дали внимавате какви цртани гледаат ваште деца?Дали им забранувате и како тие реагираат?




mis. -> RE: Цртан филм за деца (27.3.2009 20:43:21)

Елена оваа е интересна тема и може на долго и широко да се зборува.од голема важност е да се внимава што гледа нашето дете дури и тоа да е цртан филм.Во денешно време има такви цртани што воопшто немаат воспитно-дидактички елементи туку ги учат децата на агресија и насилство.Затоа ние треба да сме тука да им дозволиме или да им забраниме на децата да гледаат се сто им се нуди на тв.Јас лично сум многу против некои цртани и нема шанси да дозволам моите деца да ги гледаат ама што да правам кога во градинка зборат и дома прашува и ги бара.Сите родители не се толку ангажирани да им забрануваат на децата да го гледаат тоа што не е за нив.После ќе се прашуваме што е со овие денешниве деца ние не бевме такви.да не бевме ама немаше такви работи на тв мечето ушко во 19,20 и право во кревет а сега децата седат со нас до 22.23 па и 00h.Maлку повеќе во секој случај.




Еца -> RE: Цртан филм за деца (27.3.2009 20:49:01)

Да за тоа во право си[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]баш сега со сопругот зборувавме колку би сакале да ги погледнеме мечето ушко, штрумфови, летечките мечиња, и уште многу убави цртани.Јас на Мартина откако почна да гледа цртани и дадов до знаење што смее, а што не.Гледа Ноди, Фифи, Том и Џери,Бамби, Дамбо...и сега кога случајно ке налетаме на тие цртани штом не знам ни како се викаат ама на картун нетворк ги даваат, таа ми вика, смени што ми пушташ гупости.Значи децата ниу се најважни па би требало малку повеќе да внимаваме што и како гледаат и учат.




nina -> RE: Цртан филм за деца (28.3.2009 10:39:41)

Мили Ели и Мис не сум може доволно компетентна да ви давам мислење но сепак еве ке си дозволам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image].Мислам дека во ред е било какви цртани нормални сепак да се дозволува на децата да се гледаат сега не некој хорор но треба бидејки ако го изолирате уште од мало кога ке му дојде време да се соочи со реалноста ке нема да може да им влезе во тек.Ние сме израснале со Том и Џери што сум читала дека не треба да се гледаат тие бидејки имаат агресија но сепак сме ги гледале така што мислам дека е во ред да ги гледаат тие цртани.А кои не би требало еве според вас да не се гледаат?




niki -> RE: Цртан филм за деца (17.4.2009 9:28:36)

Nina, decata se sto gledaat povtoruvaat. Kerka mi gleda Teletabisi i ima edan epizoda kaj sto igraat site cekori gi ima nauceno, a ima dve godini. Mi se sluci ednas da gledam film a ona si igrase ama imase scena eden da udira zena i taa go vide toa i vednas so prviot predmet sto go vide me tresna po nos, bez nikakva pricina, celata otekov. Zatoa mnogu treba da se vnimava, stvarno ima crtani so tepanje ubivanje, bas imam videno eden da me ubies ne mi teknuva imeto a glavnite junaci sse devojki, tajni agenti, ubavo sareno i nezno ama dejstvijata se sekogas proprateni so tepacki i ne e primerno toa da go gleda dete.
Nie gledame Fifi, Jagotka, Teletabisi, In the night garden, Pipi dolgiot corap i sl.




nina -> RE: Цртан филм за деца (19.4.2009 20:38:46)

Да можеби сте сите три во право и убаво е тоа да пазите што гледаат но за Том и Џери мислам дека е греота да не ги познаваат вашите дечиња нив мислам дека секое дете треба да ги гледа и нив можеби ен сум во право можеби и јас ке мислам така кога ке имам деца незнам но тогаш дефинитивно ке барам од вас совети




Еца -> RE: Цртан филм за деца (19.4.2009 20:44:09)

Е Нина што да ти раскажувам за Том и Џери моето ги знае напамет а има само 3.5 год,ги чекаме секоја вечер на бумеранг во 20.20 и преку ден во 15 часот,а декаи таму има агресија во право си, но како ликови се многу помили и поинтересни од овие денешниве плашила[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Боцко -> RE: Цртан филм за деца (25.5.2009 23:03:28)

Фифи гледаме од најмали нозе. Како бебе ќе погледнеше по 1 епизода пред спиење. Не знам колку ДВД-ја сме изгребале досега. Потоа дојде Ноди. И во двата случаи имаше денови каде по цел ден се гледаат цртаните и ништо друго. Сега е Мечето Руперт, мајмунчето Џорц, Томица и пријатељи, Дора и Покојо. Изгледавме и цел еден филм, Кунг Фу Панда, како и Мадагаскар 1. Мислам дека изборот зборува за нашата определба сам по себе.




biljanaM -> RE: Цртан филм за деца (25.5.2009 23:14:49)

моето синче многу ретко гледа цртани, ептен со сила, најмногу гледаме гледаме Ноди  и Мики Маус, инаку нешто друго не...може некоја песничка да слушне и толку...




mami -> RE: Цртан филм за деца (26.5.2009 8:33:01)

леле па вие сте сите супер..Лука нема шанси да го задржиш пред тв подолго од една реклама[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]најдолго гледа во тв-то когатреба да заспие бидејќи тогаш ги гледа супер ѕвезда и така си заспива инаку нема шанси..а му пуштам на компјутер цртани додека си игра па одвреме на време фрла некој поглед натаму..а му ги симнав од нет мечето ушко, том и џери, мразулко и пријателите, руски бајки на руски[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] така да со тие ке го бомбардирам кога ке се заинтересира да гледа, оние од картун нетвурк и јас неможам да ги гледам, поголема глупост неможеа да измислат




mis. -> RE: Цртан филм за деца (26.5.2009 10:08:14)

Мами мечето ушко на руски ви е јас неможам да го најдам на македонски,ај за помош од каде да го симнам на мак ако го има.




mami -> RE: Цртан филм за деца (26.5.2009 10:13:02)

http://www.youtube.com/watch?v=_kVSnuk99Gs еве ти една епизода а другите сами ке ти се појават таму во опции..знаеш и јас прво неможев да ги најдам и после им ја открив финтата- ако го напишеш на латиница не го дава, ке се префрлиш на кирилица и ке го најдеш, исто и за мразулко ако ти сакаш ке ти ги изрежам на двд и ке ти ги дадам јас симнав еден тон..сега ги симнувам том и џери имам едно 100 и кусур епизоди а пред некое време мм ги симна Duck tales знаеш со пајо паторот и внуците, ама на англиски  и тоа сите епизоди едвај чекам да почнеме да ги гледаме и јас да си се потсетам на нив[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




katence -> RE: Цртан филм за деца (16.6.2009 20:56:00)

Fala vi sto me vrativte malku nazad vo godinite i podsetivte na meceto usko,strumfovi.Imase uste eden sto go pamtam bese so sneg i mrazulci pa nesto crtaa so mrazulcite,lele ama objasniv[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Znam koj e vo glavava go imama samo neznam da objasnam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Kaj mene se podeleni ednoto za pomali crtani drugoto za pogolemi i dodeka da resime sto ke se gleda sekoj den samo karanici.
A inace na toj картун нетворк stvarno nekoi gluposti sto davaat kako im se gleda toa na decava neznam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Еца -> RE: Цртан филм за деца (4.7.2009 15:10:25)

Според мислењето на психолозите, задачата на секој цртан филм е да воспостави емотивен контакт со детето и да послужи како канал за празнење на неговата креативна енергија. Гледајќи го цртанот, детето се поистоветува со ликовите, што влијае на формирањето на неговата личност. Затоа психолозите советуваат дека дете од две години дневно треба да помине најмногу 15 минути пред екранот, додека во неговата петта година тоа се зголемува на еден час.




mis. -> RE: Цртан филм за деца (15.7.2009 1:30:54)

Син ми го обожава CARS а посебно зелената кола чак.Татко му кога беше за белгија му ги донесе црвената-меквин,сината-сали и багерот но тој беше запнал за зелената и за среќа во бисер ја најдовме.Од тинекс го купивме и херикоптерот и сега сме вака:јас сум црвената,таткјо му е таа старата,тој е зелената,брат му е сината а хеликоптерот е папагалчето живко што го имаме.Уште додека бев бремена сината ми ја даваше на мене дибејќи брат му е во мене.Смешки.




nadica -> RE: Цртан филм за деца (7.8.2009 1:54:55)

nadica obozava najavni spici od crtanite: noddy, micky mouse, winnie the poo, aii dog go to heaven, tom&jery,... mnogu saka i reklami so zanimliva muzika momentlno hit i se za cocacola brrrrrrrrrr reklamite i za mia sokovite [sm=smiley36.gif] ludnica




biljanaM -> RE: Цртан филм за деца (12.9.2009 23:00:26)

напредуваме со гледањето цртани....Воислав цело време гледа Ноди само....дури и куклата ја купивме.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




niki -> RE: Цртан филм за деца (12.9.2009 23:20:14)

Nie premnogu gledame crtani, go imitirame Jahari kako go java Mali grom, si igrame so Sestricka od Artur, Mala princeza ja potseti deka saka pak da bide bebe i sega ima napadi koga saka da cica ili da i kupime cucla lazacka. Nekogas se prasuvam da ne mi se pretvori deteto vo onie psiho slucavi so multi licnosti neznam kako se vikase tocno sostojbata.
I mislam deka pod vlijanie na crtanite ima razvieno i  zamislen prijatel, se vika Bucko i stalno go guska go vodi za raka go kreva i tn, ne sum sigurna uste dali e izmislen ili od nekoj crtan, ama ova fantazijava na moevo devojce nekogas me plasi.

Imal nekoj od vas vakva ili slicna situacija?




mother 29 -> RE: Цртан филм за деца (5.10.2009 12:41:38)

ноди(цртан) , петко со мина(детска серија),миа сокови(реклама)




profesorica -> RE: Цртан филм за деца (6.10.2009 9:04:14)

Дамјан не гледа цртани[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image], само најавната на НОДИ и толку после почнува да кенка.




big_mama817 -> RE: Цртан филм за деца (6.10.2009 9:07:58)

син ми не гледа цртани [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mami -> RE: Цртан филм за деца (6.10.2009 10:15:35)

во последно време почнува да ги загледува..обично кога е поспан и ке седне демек ке гледа и ке си заспие[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




BEBICA -> RE: Цртан филм за деца (4.11.2009 13:32:10)

Monika go obozava crtaniot film NODY.Koga ke go vidi ne trepnuva i momentalno stanuva ko kip ne mrda.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Normalno ne i dozvoluvam mnogu da gleda crtani.




profesorica -> RE: Цртан филм за деца (4.11.2009 13:37:38)

И дамјан го гледа ноди ептен, сега моите и свекрва ми му зеле цеде ноди.Ќе гледаат заедно со девојка му Моника [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] а БЕБИЦЕ?




Mamicka3 -> RE: Цртан филм за деца (4.11.2009 15:25:51)

Моите гледаат многу цртани,нај интересен им е Томица и влахове,но кога ќе ги пуштат оние на карут нетворк е тогаш може и да се скараме




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>