heidi -> RE: Детали од УЗВ преглед (22.11.2012 17:24:50)
|
Mамички, морам да ја споделам мојата радост со вас!!! Само што се вратив од првиот скрининг и пресреќна сум. За првпат го видовме бебушкото онака убаво и live... И јас и маж ми и мајка ми ќе збудалевме од среќа!! А богами и докторката се радуваше со нас. Леле луѓе неможев да поверувам дека веќе во 12 недела ќе видам вистинско бебче, кое клоца со нозете, се фаќа за главчето, отвора уста, и прави акробации... Откога му измерија НТ (1.00), требаше да се измери носна коска. Но малово почна да збеснува толку, што буквално направи салто - а маж ми ни два ни три `еее види го игра брејкденс` Докторката се изначуди `леееле ама е немирно!!` На крај ме потчукна нежно по стомакот и ова ни се сврти со газето. Го слушнавме и видовме срценцето кое сега чука 153 Прегледот траеше повеќе од час ипол, а јас неможев очите да ги тргнам од мониторот Многу сакав да го дознаам полот, но докторката не сакаше да нагаѓа. Оти сите околу мене му се обраќаат во машки род, а јас мислам дека е девојче... Ма какво и да е, нека е здраво , живо и по можност не толку палавко како што беше денес Ве гушкам!
|
|
|
|