RE: Колку пари се доволни? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Финансиски дилеми околу родителство



Порака


Snowhite RR -> RE: Колку пари се доволни? (12.3.2013 0:52:41)

Не знам точно колку се доволно, веројатно колку што имаш толку, ама знам дека се трипати повеќе пари потребни за да се помине месецот од пред 3 години, зашто тогаш мм земаше помала плата, живеевме под кирија и моето породилно остануваше не чепнато, а сега двете плати мојата и од мм, кои се повисоки оттогаш, едвај ни стигнуваат, а и не плаќаме кирија повеќе. Жално, ама виситнито




bucko mal -> RE: Колку пари се доволни? (22.5.2014 12:47:08)

Pari nikogash dosta.Za mene licno dovolno pari se koga covek ke moze da si plati smetki bes problem,da moze da se kupat osnovni raboti za normalen zivot,da moze da se ima odmorce I nekoj vikend po moznost[sm=smiley36.gif]
So eden zbor kazano da se zivee normalno a ne nikogas da ne sme zadovoli I se poveke I poveke da posakuvame.


Postovite za cistenje vo domot se prefrleni vo soodvetna tema TUKA.




Defne90 RR -> RE: Колку пари се доволни? (23.5.2014 0:05:57)

Точно така буцко мал.Било колку да имаш секогаш ќе бараш повеќе и повеќе.И тоа важи буквално за сите.Е сега колку е доволно и колку всушност имаме на располагање тоа е сосема различно.Едноставно секој се труди она што го има да му биде доволно.




Dilina -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 0:49:25)

Eве јас ќе го пишам одприлика буџетот наш што го направив како би требало да изгледа

кредити, струја, вода, бензин итн 30000
храна 12000
бебе 6000

се заедно околу 48000

А каде се средства за л хигиена, каде е одморот, каде е да се подновиш да излезеш еднаш неделно на ручек......




LoveableMe RR -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 8:47:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Eве јас ќе го пишам одприлика буџетот наш што го направив како би требало да изгледа

кредити, струја, вода, бензин итн 30000
храна 12000
бебе 6000

се заедно околу 48000

А каде се средства за л хигиена, каде е одморот, каде е да се подновиш да излезеш еднаш неделно на ручек......


Лелеее, за тројца луѓе храна за 12.000 денари, абе многу е тоа, што јадете вие?[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]

Јас отприлика вака:

сметки 5000 денари
храна 3000-5000 денари
одржување 1000 денари
други трошоци 3000-5000 денари

Но ова последното секогаш варира, зависно од месецот какви потреби излегуваат, облека, свадба некоја, крштевка, детски роденден, кафе со пријатели, излегување на ручек понекогаш и сл.




Mihaela 2010 -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 8:52:35)

Kolku povekje imam tolku povekje trosam toa e fakt...za hrana bidejki pazaram nedelno gledam okolu 1500-2000 da mi otidat taka sto vo mesecot 7-8000 mi idat za hrana..smetkite mi se razlicni zavisno od godisnite vreminja[sm=smiley36.gif]..ama otprilika bi mozela so se podmireno da zastedam nekoi si 7-8000 den.




Kvisko -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 10:26:29)

Кај нас на сметки одат околу 10000, кредит 14000, бензин е околу 3000, храна немам точно увид ама секако одат околу 10000 месечно за двајца (вчера за 350 денари купив пилешко месо, печурки, две краставици, две павлаки и толку). За други потреби одат околу 5000-6000 месечно сигурно.
Е сега ако се земе во предвид дека според мене доволно пари се ако имаш и за одмор и за викенди да си дозволиш значи месечно би требало да се слеат во домашен буџет околу 50000.




ostoun -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 10:52:52)

Mnogu povekje otkolku sto imame. Samo za smetki odat 10000, za hrana uste 10000, plus benzin, nekoj rodenden, svadba, krstevka, ucilishte, kursevi, muzicko, obleka.....
Ne ostanuva nisto ni za izleguvanje ni za vikend, i za odmor da se zadolzis. Pred 5 godini samo mojata plata ja trosevme, od mm ostanuvase cela, a imavme i za izleguvanje i za vikendi.




Hopeful RR -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 10:58:00)

Kvisko, и кај нас нешто слично.

Кредити 15.000
Сметки 7.000
Храна 12.000 (само на пазар одат 3.000 месечно)
Гориво 2-3.000 (кога возиме точаци доволни се и 1.000)
Одржување 1000
Други трошоци - којзнае, секогаш различно [sm=zmeden.gif]

Вака не делува многу, ама не стига и не стига. Штедиме манијакално, и за одмор и за што се не, и во последно време се помалку работи си купуваме за себе, или чекаме попусти. Во трката за бебе редовно ни оди огромна сума за витамини, додатоци, лекови, терапии и слично што не оди на рецепт. Најмногу не кине кога доаѓаат оние месеци во кои сите имаат родендени и свадби (мај, јуни, септември), па ни се фаќа и по 4-5.000 ден месечно да дадеме на подароци. Не дека не ни е ќеиф, ама што е многу - многу е.




Dilina -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 19:17:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina

Eве јас ќе го пишам одприлика буџетот наш што го направив како би требало да изгледа

кредити, струја, вода, бензин итн 30000
храна 12000
бебе 6000

се заедно околу 48000

А каде се средства за л хигиена, каде е одморот, каде е да се подновиш да излезеш еднаш неделно на ручек......


Лелеее, за тројца луѓе храна за 12.000 денари, абе многу е тоа, што јадете вие?[sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]

Јас отприлика вака:

сметки 5000 денари
храна 3000-5000 денари
одржување 1000 денари
други трошоци 3000-5000 денари

Но ова последното секогаш варира, зависно од месецот какви потреби излегуваат, облека, свадба некоја, крштевка, детски роденден, кафе со пријатели, излегување на ручек понекогаш и сл.


Незнам зашто е чудно, да ме прашаш мене и јас сакам да дадеме 5000, ама свекрва ми готви секој ден, и тоа никогаш не не оставила без доручек ручек... за вечера се јаде било што (што ќе остане или некој сендвич) а инаку стално се готви... и тоа жената е 70 години, не е научена на денешниве мениа, макарони шпагети.. она ако денес не направи манџичка или месо или пунети пиперки итн не е жива... а прави количински мн и така идат парите....

ММ е месар и не седнува на маса без месо а живееме во град и нема свинче минче да си купиш или да си исчуваш па да имаш, а јас салатарка, без салата не сум жива било насабајле било навечер....

Една порција месо на пример печено 200 грама се нормални ми се чини, 3ца по 200 гр, тоа се 600, свинското месо е скоро 300д, 600 гр околу 150, салата 50д (патлиџан сирење краставица) еден леб 20 д. компир незнам колку ама еве одприлика ручекот 250/300денари.. 300 денари по 30 дена во месецот искача 9000 ... а кај е зејтин шекер сол итн итн....еднаш да излезеш на ручек, па пица да нарачаме или да направиме....






Felly RR -> RE: Колку пари се доволни? (17.9.2014 22:31:18)

Пари никогаш доволно[sm=smiley36.gif]




scared RR -> RE: Колку пари се доволни? (23.9.2014 12:47:55)

Pari sekogas falat eve kolku za eden mesec nie trosime.
Smetkite ne ni se visoki, zatoa sto jas najcesto gotvam na plin, a zimno vreme bidejki se greeme na kamin na drva skoro se tamu gotvam. Imame solaren boljer taka da se dodeka ima sonce nie boljer voopsto ne uklucuvame. Smetkite za struja ni se vo prosek okolu 1200 denari.
Za fiksen telefon i internet plakame po 850 denari. Voda i komunalii 1000 nekogas i poveke ( e voda moram da priznaam mnogu trosam, mm vika ko vodna zaba sum bila [sm=smiley36.gif]) Mobilnite telefoni ni se od firmata i imame 500 denari plateno od niv, sto precekorime nie si doplakame ama retko se slucuva toa. [sm=smiley1.gif] Maz mi ne trosi za prevoz zatoa sto rabotata vsusnost mu e patuvanje. Mene ne mi e daleku epten rabotnoto mesto najcesto odam peski, no ako me mrzi ili ne mi e denot idam so avtobus kupuvam karticka od 10 vozenja za 250 denari i nekogas znam da iskoristam i dve takvi vo mesecot.
Za hrana ni idat okolu 10.000 mesecno. Nekogas i pomalce. Vo odnos na sredstvata za higiena, prasaci i sl. sekogas kupuvam jumbo pakuvanje doaga mnogu poevtino i poveke vreme mi trae , a i ne mu ja mislam sekoj mesec za toa [sm=smiley1.gif]
Krediti nemame sega za sega [sm=jezicek.gif]




Snowhite RR -> RE: Колку пари се доволни? (24.9.2014 12:05:54)

Јас од овој месец почнав да си пишувам и да ги чувам фискалните па баш да видам колку за што трошам, па ќе ви пишам колку се доволно
Инаку за штедење не остануваат за жал, тоа одма можам да го кажам




Mihaela 2010 -> RE: Колку пари се доволни? (24.9.2014 12:46:24)

Snow jas vekje podolg period si imam eden tefter i za sekoj mesec vodam evidencija ,za smetki kolku e dadeno,za pazaruvanje,sega nemozam bas bas sekoe sitno pazaruvanje da go zapisuvam ama gore dole pokrupnite raboti da,primer i ako se kupi nesto za doma,garderoba,se e napisano[sm=smiley36.gif]
i da ti kazam fina rabota e,onaka bas se vodi evidencija i znaes kaj i za sto ti otisle parite
Inaku ovaa postapka ja pravel mojot pokoen svekor,duri mu imam naogano stari tefterista kade sto bukvalno zapisuval ama bas se,od stavanje benzin,do kupuvanje leb...epten domakin covek




Snowhite RR -> RE: Колку пари се доволни? (24.9.2014 12:51:33)

Михаела да ти кажам и јас водев евиденција пред едно 4 години, кога за прв пат да речам станавме сами домаќини и пишував баш се, ама после некое време што знам повеќе обврски, помалку време и реков не пишувам повеќе, само во ексел си имав направено еден преглед за сметките и некои др. поголеми трошоци, на пример регистрација на кола, животно осигурување и сл., ама оваа година и тој список го запоставив и да ти кажам само се расправаме со мм кај ни појдоа парите и затоа сега почнав повторно да пишувам и да правам распоред најпрво за најбитните работи одделувам, после другите ги распоредувам за остантатите споредни работи




scared RR -> RE: Колку пари се доволни? (24.9.2014 13:18:16)

Da vi kazam i jas planiram da pocnam so spisoci [sm=smiley36.gif] ne retko se cudime sme imale 1000ka primer ni ostanale 200 pa se cudime kade ni otisle parite , vaka spisoce edno i mirna glava :D
Datum koga sum kupila, sto sum kupila i cena sekako. Fiskalni nema da sobiram zasto mnogu cesto ne gi ni zimam [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Колку пари се доволни? (24.9.2014 13:31:54)

MM почна да прави списоци, многу пари почнаа да му летаат лево десно и потоа одма си направи распоред што-како за трошење и сега вика се доволно[sm=jezicek.gif]..никогаш не се доволно де, стално има издатоци, но барем знае каде отприлика одат парите за трошење....




Mihaela 2010 -> RE: Колку пари се доволни? (24.9.2014 13:41:45)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

MM почна да прави списоци, многу пари почнаа да му летаат лево десно и потоа одма си направи распоред што-како за трошење и сега вика се доволно[sm=jezicek.gif]..никогаш не се доволно де, стално има издатоци, но барем знае каде отприлика одат парите за трошење....

Pa i jas toa vikam,porano koga pazaruvavme dva pati mesecno i bez vodenje nikaoov red na krajot od mesecot se imase mnogu cesto slucuvano da treba od moite da pozajmuvam pari za da isterame mesecot,sega duri i ni ostanuvaat [sm=bravo.gif]




caciana -> RE: Колку пари се доволни? (29.11.2014 8:52:34)

Pari nikogas dosta.Navistina ima luge koi imaat golemi primanja,no ima luge koi ziveat so minimalna plata.Lesno e da se raspredelat poveke pari,no sto so malku?Tie za kade pobrgu[sm=smiley13.gif] Jas momentano Ne vodam griza okolu fiansiite,majka mi I tatko mi raspredeluvaat.




sonc90 -> RE: Колку пари се доволни? (27.12.2014 16:06:56)

so soprugot ziveeme vo zaednica i megju nas dvajca samo on raboti,znaci samo 1 plata,jas idam na fax(sega vo miruvanje zaradi bebeto),soprugot mi go plaka faxot po pola so moite,plata 15000 i uspevame i smetki i kredit da platame,i za jadenje(oddelno jademe) i baska za kerka mi pari...a trgame i pari za faxot i za rodenden za malata pa sme na nula do sledna plata...ama sepak uspevame,malce se,ne velam ne...pa ako zivees sam ili pod kirija,ohoooo kaj ti e krajot...togas ni 2 plati ne stigaat ama pa kako velat-ke si gi ispruzis nozete kolku sto ti e cergata...mn lugje imaat i nerealni trosoci,ne trosat zaso nemaat pa trebalo da se kupi tuku od azdis...kako i da e spored mene za site potrebi da se zadovolat potrebni se 2 plati koi najmalku ke iznesuvaat 500eu(zaedno 250+250)




scared RR -> RE: Колку пари се доволни? (28.12.2014 15:54:53)

sonc90 Како тоа со 15 000 и јадете и трошоци за бебе и кредити, и сметки и факултет плаќате и тргате на страна ? Дај кажи каде живееш [sm=smiley36.gif]




sonc90 -> RE: Колку пари се доволни? (28.12.2014 16:21:04)

skopje.ete taka...5.500 smetki i kredit,3000-4000 jadenje,3000 bebe,i po 1000 za fax i za rodendenot sto treba da go slavime na leto za malata...ko sto rekov skroz na nula...ama sto da pravime?da umreme za jadenje ili da ne plakjame davacki?toa e!




scared RR -> RE: Колку пари се доволни? (28.12.2014 17:33:57)

Алал да ви е тогаш и ние сме Скопје, ама 15.000 тешко да ни стигнат за се. Иако сме доста економични погоре пишував баш дека готвам на плин, имаме соларно за топла вода и сл. Ама нас во месецот само 12.000 ни одат на храна, бензин и некои ситници што ќе ги купам јас од облека, козметика .




sonc90 -> RE: Колку пари се доволни? (28.12.2014 17:44:45)

obleka za nas kupuvame retko i obicno od parite sto ni gi davaat za nasite rodendeni i eve sega za N.Godina...za benzin ne davame mn pari zaso soprugot e so obezbeden prevoz od rabota taka da samo koga ideme nekade stavame benzin a i kolata ni e ekonomicna...vidi,realno kako sto rekov,ke si gi ispruzis nozete kolku sto ti e cergata...na prethodnoto rabotno mesto mm zemase 25000-30000 den pa pak bevme na nula ama togas mn se kurnazevme a sega si kutime...koga nemas taka e...najvazno site potrebi i nas i na kerkata ni se zadovoleni a tuka se i nasite koi ne mnogu no sepak ni pomagaat...




Mihaela 2010 -> RE: Колку пари се доволни? (28.12.2014 17:59:48)

3-4000 za hrana??? Mesecno?? Citam i se cudam..nas 12000 ni idat mesecno za hrana..prvo teravme so otprilika 10.000 ama nema sansii
Ja ne sum domakinka ili????




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>