mamicki -> RE: Колку пари се доволни? (1.8.2015 3:18:51)
|
Колку пари се доволни за нормален живот, а не за преживување? И поимот „нормален“ е растеглив, како и потребите на одделни семејства, во зависност од тоа колку члена се во семејството, на која возраст, со какви потреби...Затоа логично би било да се дискутира за, на пр. четиричлено семејство со сопствен дом. Во тој случај би им требале: 12-15.000 денари за храна, 3-4000 ден. за хигиена, 6-7000 денари за сметки, 2500 за огрев, 2-3000 за гориво, 2-3000 ден. за облека/обувки, 3000 денари за социјален живот, 2000 за други и непредвидени трошоци. Тоа значи дека за НОРМАЛЕН живот се потребни 33.000 до 40.000 денари. Е, друга тема е темата колку од жителите на Македонија живеат во границите на оваа нормала, а колку се дебело под линијата а нормално живеење и со тоа под линијата на човечко достоинство.
|
|
|
|