vezilka RR -> RE: Абортус - да или не? (5.6.2013 15:55:57)
|
Па некоја страна предходно има постирано разлики меѓу стариот и новиот закон. Тоа што е проблематично е прво зошто се носи по скратена постапка, што е итноста бре..каде гори. Второ кога се носи закон по итна постапка, ништо од процедурите при носење закони не важат, односно не може да се интервенира скоро никако. Не се направени анализи за потребите од нов заакон, не е дадена идеја што сакаме да подобриме со новиот закон и слични други информации недостасуваат. Е сега понатаму протоколите за добра пракса ќе се уредуваат со подсзаконски акти и прописи кои ќе ги донесе министерот, и во вакви услови во кои живееме, односно тендецијата на моменталните политики за промовирање на многудетно семејство и за зацврстување на семејните вредности, искрено ме плаши како тоа после министерот ќе ги уреди овие акти. Второ проблематично е тоа што со законов процедурата, односно пристапот до правото на абортус е толку избирократизирано, со цел да ја премислат пациентката а демек се носи заради заштита на здравјето на жените. Е чуму тогаш се воведува задолжително советување на жените кои побарале абортус за предностите од бременоста, што од друга страна не е медицинско советување.
|
|
|
|