deluxe -> RE: Абортус - да или не? (13.5.2014 11:03:35)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 Јас лично не сум против абортусот,нормално секој има право да реши што ќе прави со својот живот.Меѓутоа никогаш не би абортирала дете.Јас пред пет години се најдов во таква ситуација дали да абортирам или не.Бев многу млада само 19 години,а дечко ми 20.Се сакавме многу и се уште се сакаме.Уште од моментот кога ги видов двете цртички јас знаев дека нема да абортирам и цврсто си стоев на мојот став.А беше тешко да го одбранам тој став.Едноставно сите беа против мојата одлука да се омажам и да го родам тоа дете.И мојот дечко сега веќе маж цврсто стоеше на тоа дека нема да абортирам по никоја цена.Никој не веруваше дека ние двајцата млади и зелени ќе се снајдеме и ќе успееме да го изгледаме детето и да го изведеме на прав пат.Имав многу планови,да се запишам на факс,да завршам,да најдам прво работа па после да се омажам и да имам деца.И многумина можеби си рекле па таа девојка нема никакви амбиции за себе и својот живот.Како може само да размислува за деца и семејство кога има да види уште многу од животот.Знаев и бев свесна дека нема да ми биде лесно.И ми беше тешко,многу тешко.Ама си велев дека отсега натаму ќе живеам само за моето дете и за оној човек што застана зад мене и мојата одлука да го задржиме детето.Поминавме низ сито и решето,поминавме низ многу работи,бевме и двајцата невработени,не знаевме ни каде ќе живееме.Ама се се реши.Кога човек сака тогаш сметам дека секој проблем може да се реши.И го задржавме детето.Мам ми почна озбилно да си работи на семејниот бизнис со мојот свекор.Баба му и дедо му на маж ми кои можам да кажам дека само тие беа од почетоткот на наша страна ни го отстапија вториот спрат од нивната куќа.И сите и мојата и фамилијата на маж ми се помирија со нашата одлука.Не можам да кажам дека ги обвинувам што беа против тоа детето да се роди.Сепак и ние бевме деца.И едноставно бевме во една незавидна ситуација,што на моменти дури и јас се се сомневе и се прашував дали ќе успееме.Ама успеавме.Се роди моето синче,му подаривме многу несебична љубов и внимание.И навистина почмавме да функционираме како семејство.Имало и тешки периоди,кога ги слушав моите другарки како разговараа каде оделе и во која дискотке се забавувале,си мислев а јас дома по цел ден и понекогаш не успевам ни во ве це да појдам а камоли па и да се забавувам така.Ама брзо ми поминуваа тие мисли,и знаев мене може да ме исполни и искрено израдува само среќета на мојот син.После две години повторно останав бремена.Се плашев многу ама одлучив и тоа дете да го задржам.И го родив и вториот син.И не се каам воопшто за мојата одлука од пред 5 години.Јас знам дека постапив правилно.Јас знам дека додколку се одлучев за абортус ќе се каев цел живот.А за факултет имам време,нека потпораснат децата и тогаш можам повторно да мислам на тоа.Никогаш не е касно.Еве ова е мојата приказана и јас се извинувам на долгиот пост ама ете навистина сакав да го споделам тоа со вас,со моите добри пријателки рингерајки.Дефинитивно јас сум за тоа Животот пред се.[sm=smiley1.gif] Дефне, твојот пост како јас да сум го пишувала ( со малку измени ) И јас останав бремена на 20 години ( и мм имаше толку ) сите беа против бебе и брак, но јас и он заедно решивме дека тој плод од нашата љубов ке се роди. И јас се одреков од се, но кога ке сака се се може. И ние бевме периодично невработени и двајцата и поминавме многу работи. За месец дена правиме 7 години брак, имаме дете кое оди во прво одделение и друго дете со 2,5 години. Јас се запишав на факултет кога првото дете ми имаше 1 година и работев и студирав истовремено. Сега имам две деца и за половина месец веке треба да магистрирам. Јас и мм кога седиме во друштво со парови врсници кои се немажени и неженети, приметуваме дека само ние се гушкаме, само ние се држиме за рака, само ние се обракаме со маци, душо и сигурна сум дека сите ни се чудат. И кога ке дознаат ( некои непознати ) по колку години имаме и колкаво дете имаме - сите ни викаат алал да ви е [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Јас не се каам воопшто што родив, а сигурна сум дека ке се каев цел живот ако абортирав! Не сум против абортусот, но не би абортирала никогаш!!!! И јас ќе се запишам во овие приказни[sm=smiley36.gif]И мојата сторија е слична на вашата.Останав бремена на 20 години.Бев бруцош на факултет,мм тогашен дечко имаше само 22 год.Имавме простор да бираме или брак и дете или да си продолжиме по старо [sm=smiley1.gif]Но никогаш на двајцата не ни падна на памет идејата да абортирам,за да ги продолжиме старите животи се да заборавиме и да се посветиме на младоста и кариерата.Си стапивме во брак релативно млади,се роди нашето прво сонце.Јас си продолжив со студиите ,како редовен студент,ноќе учев,дење си играв со бебчето и така во рекордно време си дипломирав[sm=smiley1.gif]После 7 години си добивме уште едно детенце[sm=jezicek.gif]Никогаш не сум се покајала што се омажив и родив млада. Морам и ова да го споделам со вас.Во моментите кога ја видов бледо розовата линија на тестот за бременост,бев во паника.Мислите ми се брануваа,што ќе биде?како ќе успеам?? Дури и на моменти си поставив прашање дали би го абортирала??[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]Но мојата потсвест ми даде логичен одговор низ прашања,кој сеуште ми се врти низ глава,и кој го споделувам со сите оние кои се во дилема дали да абортираат или не... Во бурата од емоции и прашања без одговори,во мојата потсвест се појави одговор на сите прашања дали да абортирам??А што ако ова ти е единствената шанса да бидеш родител??Што ако после ова ,никогаш не станеш мајка?? би си простила?? Овие прашања на потсвеста ме вратија во реалноста и ми помогнаа да се одлучам за Животот на тоа мало срценце [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|