Belo_Oblache -> RE: Абортус - да или не? (6.5.2010 13:42:08)
|
Драги Рингерајки, Немам намера никого да напаѓам, ама се чудам зошто воопшто се дискутира на ваква тема. Ако намерата била да се разие некаква дискусија, или да се испита расположение по ова прашање, тогаш во ред. Но, воопшто не се сложувам со идејата самите жени да преиспитуваат едно со крв стекнато право. Настрана од нашите лични религиозни/морални убедувања, ние жените мораме да бидеме единствени по ова прашање и да се бориме за нашите права. Едно од најосновните права на жените е самостојно да одлучат дали ќе имаат деца. И не само дали ќе имаат деца, туку и кога, и колку деца ќе имаат. Тоа право нам ни е загарантирано со Устав! Пред некое време имаше анти-абортус кампањи, но за жал еве уште гледам на ФБ, се вртат грозоморни видеа кои ја оцрнуваат и ја ја омаловажуваат жената која решила да абортира. Дури се оди и до таму, каде што жените се нарекуваат чедоморки, убијци и слично... Овие кампањи конструираат атмосфера во која не се почитува основното право на секој поединец, или пар (еве, да не ги исклучиме и мажите) самостојно да одлучи дали ќе има деца. Друго е да се сака да се поттикне јавна расправа за контрацепцијата, или воопшто за репродуктивното здравје, но ваквите кампањи имаат за цел на агресивен начин да промовираат стереоптипни улоги за жените, што всушност значи ограничување на индивидуалната слобода. Конечно, до оние кои побрзале да ги осудат жените со изјави во стилот: „Па штом не размислувала, нека си ги сноси последиците“, прашувам, а што е со мажите и со нивната одговорност во целата оваа приказна??? Па жените не забременуваат мирисајќи цвеќиња... Јас како жена никогаш не би одбрала да абортирам, освен ако не морам. Но, реков, настрана од моите лични убедувања, никогаш не би се откажала од моето основно, со устав загарантирано право на абортус, а уште помалку, би ги осудила жените кои решиле да абортираат. Доста ни се „загрижените мажи“ и „христијанските“ бележења и осуди, ако ние самите жени не се штитиме и солидаризираме по ова прашање, нема кој друг да не разбере.
|
|
|
|