|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 10:03:19   
kikicka
[/quote]
Што ако бременоста претставува ризик по здравјето на мајката? Што ако тоа дете се роди по секоја цена и пати за парче леб во животот? Што ако се даде на посвојување и има тежок живот поминат по домови и без никаква љубов и грижа?
Изреката „Ќе се снајдат финансиски, има решение за се“ ЕДНОСТАВНО НЕ Е ТАКА ЛЕСНО! Ајде како да се снајде некој со еден вработен член во семејството и чијашто плата доцни со месеци?

На темава може до бескрај да се дискутира и никогаш нема крај. Секој со своето мислење.

Јас сум ЗА право на избор, ПРОТИВ законско забранување на абортусот.

[/quote]

Точно дека темава може до бескрај да се дискутира,сите имаме различни ставови за абортусот. Нити ја би осудувала некојаженашто иманаправено абортус. Не сум за абортус доколку нема причини за истиот(иако не сум за абортус ,незначи декаке гиосудувам женитеза тоа),како што беше случај со една рр која што нејзините родители ја тераа на абортус за да продолжи со факултетот,а дечкото сака да го задржатuser posted image

Такви безврска причини не оправдувам. Скоро една пријателка ми кажа мнг неубава вест баш за абортус кој што нормално и ја би постапила исто.Помлада жена со веке родено детенце од 1г. Нејзиниот маж вршел насилство врз неа цела година,се дрогирал,коцкал и сл. Таа останува за неполна година пак трудна,но неможела веке да го издржи тој терор и одлучува да замине,да го остави. Им кажалана своите родители што се случувало и си заминала. Абортирала и еве сега се разведува. Сопругот нејзин тотално незаинтересиран додека си одела нити ја спречил нити кажал нешто за детето.Нешто што се мора ,мора да се направе, а за тоа не би требало да одлучува владата со такви ригорозни мерки.


< Поракaта ја уредил kikicka -- 10.4.2012 10:10:07 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 176
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 10:04:54   
Џесика
Има милион гранки во темава. Јас генерално сум За право на избор. Во никој случај нема да го родам детето ако не сум во можност да го гледам. И не би го дала на посвојување. Е тоа е поинаков начин да му ја решиш судбината на детето. Да го дадам во дом за посвојување, за да не го абортирам? Па има ли поголема казна од тоа? Да го родам и да знам дека е живо, а не го гледам? Моето дете? Или небитно, еве посвоено е. Не би живеела со тоа да го дадам друг да го гледа. Ова го кажувам за во ситуации кога се нема можност за грижење за детето. Ако веќе го именувам абортусот како „убиство“ (што донекаде и е убиство), тогаш според мене поголемо убиство е да го оставам во дом. А ако планирам да забременам, нема во никој случај да абортирам (освен ако постои опасност за мајката или плодот)

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 177
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 10:53:23   
mamicki
Има ли некаде на форумов тема за контрацепција и за тоа колку и дали ја употребуваме, и ако не- зошто не, а ако да- зошто да и што од контрацепција? Инаку, верувам дека со гадење гледате на луѓе со полупразна уста полна гнили заби. Тоа говори за немање култура за одржување на оралната хигиена... Исто така гледам на луѓе кои со нож ја решаваат несаканата бременост. Не би го забранила правото на абортус, но би предвидела обемна и комплицирана процедура за негово изведување, за секој да размисли и да сфати дека сепак има избор, и изборот се прави пред тоа.

(Одговор на членот Џесика)
Непосредна врска до пораките: 178
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 11:09:58   
rina13
mamicki izvini ama bebe ne e zab.I sto ako nekoja tvoja bliska drugarka se resila na abortus samo poradi toa na tebe ke ti se gadi od nea.A bas ako pravime muabet za kontracepcija , ne postoi 100% sigurna zastita osven apstinencija, taka da iako postojat sansi 1 vo 1 000 000 moze bas na nekoj da mu se potrefi da bide toj miljonitiot I sto mora po sekoja cena da se rodi, deteto neka bide stradno, gladno golo boso ama ke zivee, e izvinete toa ne e zivot toa e macenje.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 179
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 11:27:32   
arh_diz

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Има ли некаде на форумов тема за контрацепција и за тоа колку и дали ја употребуваме, и ако не- зошто не, а ако да- зошто да и што од контрацепција? Инаку, верувам дека со гадење гледате на луѓе со полупразна уста полна гнили заби. Тоа говори за немање култура за одржување на оралната хигиена... Исто така гледам на луѓе кои со нож ја решаваат несаканата бременост. Не би го забранила правото на абортус, но би предвидела обемна и комплицирана процедура за негово изведување, за секој да размисли и да сфати дека сепак има избор, и изборот се прави пред тоа.

Mamicka mislam deka ne si vo pravo nemozes da sporeduvas babi i zabi.
Sto bi napravila vo ovoj slucaj , posakuvana bremenost se no ti se pojavat komplikacii vo bremenosta , finansii nemas da ja odrzis bremenosta


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 180
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 11:31:48   
dostickage
ili ne daj Boze amnioto pokaze Daun ili Edvards , skraja da e.
sto togas?
da ubistvo e ,no dali e podobro da se cuva takvo dete po institucii i sl.
surovo e mnogu , teska odluka e vo sekoj slucaj. 

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 181
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 11:42:02   
Beatris
Секој треба да има право на избор, за било што што го засега неговиот живот! И јас сум против абортус, кога не постојат оправдани причини за тоа, меѓутоа не сум за тоа да се роди по секоја цена, а подоцна во животот самото дете да трпи последици. Реченицата "ми се гади од такви" не личи на ништо! Никој не може да суди за нечија постапка кога не ги знае т.е. сноси неговите животни околности. Одлуката останува на оној што го засега, а ние можеме да веземе тука до утре сабајле што, како, зошто...

Право на избор мора да постои!



_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот dostickage)
Непосредна врска до пораките: 182
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 11:53:33   
mamicki
Да, нема 100% сигурна контрацепција, но 30.000 абортуси за една година во Македонија? Треба да се изведе пред суд оној што увезол толкав број фалични кондоми во државава. И пак останувам на истиот став, не ми е срам што ми се гади од луѓе кои на абортусот гледаат рамнодушно. Проверете во статистиките на здравствените установи- во 70% од случаите исти пациентки прават абортуси и по неколку пати, 7-8, и повеќе! Затоа би предвидела една обемна процедура за изведување на абортус.

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 183
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 12:49:16   
vezilka RR
Многу пати имам пишувано на темава, дури мислам дека и мојот прв пост на РР беше овде. Мојот став е јасен по ова прашање ДА за абортусот како право на избор, без посебни процедури, раководено по девизата Мое тело, моја одлука. Значи со оваа девиза сакам да кажам дека не сакам никому да објаснувам зошто сум се решила за абортус, дали било од оправдани причини и кои се тие оправдани причини, или кој ќе определи дали моите причини се оправдани (бидејќи оправданоста нема единица мерка па да измериме 3 кг оравдано, може, терај Мишко). Во принцип ми смета кога некој се дрзнува да ме нарече убиец заради тоа што сум се решила на абортус, ама кога тоа го прави некој поединец кој решил да има таков став, не се расправам, на крај краева секој има право на личен став. Ама ако случајно државата се осмели да ми чепка по таа тема е тогаш сигурно нема мирно да си седам по дома и да чекам да ми пресудат.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 184
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 13:09:16   
Cipi Ripi
Да за абортус!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 185
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 13:34:11   
Ikana
Има такви што не знаат што ги снашло, се викаат жртви на сексуален напад и злоупотреба, не ја виде статијата цел викенд што вртеше на насловна за 10 годишното девојче? Болно е ова што го кажуваш. А замисли наркоманка да е трудната....и што после? Замисли да е ментално ретардирана и некој да ја силувал....што после?

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Освен тоа, да не правиме драми. Не е бременоста некоја чудна болест што не знам како погаѓа некоја жена, по случаен избор, а таа сирота поим нема што ја снашло! Кога некој има оформено јасен став против абортус, тогаш е многу повнимателен и во врска со несакана бременост, па на време се грижи за контрацепција. А не- ќе си тера ќеф без пардон, па потоа- удри го ножот! Токму поради ова сметам дека неопходно е младите уште пред полово да созреат, да се едуцираат, но, не, во едно општество полно со двојни стандарди сметаат дека е тоа недолично (сексуалното образование), а долично е да има над 30.000 абортуси! Бљак!


(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 186
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 13:39:30   
Ikana
Искрено, мене ме нанервираа постовиве. Која е владата да забрани абортус? Кои сме ние да забраниме слободна волја бре луѓе? Не може и нема да се случи, ќе избие на некоја страна.
Искрено сите зборувате, медицински, општествени причини, бла бла, услови, а што ако трудницата е жртва, и треба секој ден да го гледа семето на нејзиниот мачител? Па вразумете се малце и излезете од стаклените ѕвона, во реалниот свет!!! Какво се не изроди излегуваат од такви инцести, злоупотреби и мачења. И сериозно кажувате дека сте против абортус? Не ви се случило, затоа така зборувате. Зашто уште мислите дека свекрвата ви е најголем непријател во животот, и не ве пушта за празник дома.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 187
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 13:53:01   
Goddess*

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Многу пати имам пишувано на темава, дури мислам дека и мојот прв пост на РР беше овде. Мојот став е јасен по ова прашање ДА за абортусот како право на избор, без посебни процедури, раководено по девизата Мое тело, моја одлука. Значи со оваа девиза сакам да кажам дека не сакам никому да објаснувам зошто сум се решила за абортус, дали било од оправдани причини и кои се тие оправдани причини, или кој ќе определи дали моите причини се оправдани (бидејќи оправданоста нема единица мерка па да измериме 3 кг оравдано, може, терај Мишко). Во принцип ми смета кога некој се дрзнува да ме нарече убиец заради тоа што сум се решила на абортус, ама кога тоа го прави некој поединец кој решил да има таков став, не се расправам, на крај краева секој има право на личен став. Ама ако случајно државата се осмели да ми чепка по таа тема е тогаш сигурно нема мирно да си седам по дома и да чекам да ми пресудат.


POTPIS vezilkeuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 188
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 13:56:09   
Calypso
И јас сум за абортус како право на избор. Според мене, оправдан е кога има силни медицински причини, при силување, инцест, кај малолетници жртви на педофилија. Јас лично не би абортирала ако немам силна причина за тоа. Сите оние што се строго против абортусот, нека се стават во кожата на зрела, разумна девојка или жена која била силувана и при тоа забременила - да го роди и да го израсне тоа дете кое ќе го мрази цел живот поради тоа што ја потсетува на тој немил настан? Поарно нека абортира. И секогаш сум за тоа абортусот да биде изведен од стручни лица, со што ќе се намали можноста од
понатамошни последици како од физичка, така и од психичка природа (е за ова, кому како му работи совеста).

Владата не смее да го забрани абортусот - треба да ја промовира контрацепцијата ако сака да го намали бројот на абортусите во Македонија. Треба да промовираат поефтини начини на контрацепција, односно да се делат бесплатни кондоми, пилулите да одат на рецепт (со тоа ќе поефтинат), ама и да се воведе сексуално образование уште во основните училишта, затоа што, за жал, младината ни е многу напредна во тој поглед, но неинформирана. Има начини да се спречи несакана бременост, иако ниеден не е 100% сигурен, освен апстиненцијата.

_____________________________

All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 189
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 13:56:32   
Mihaela 2010
Na ovaa tema ke kazam samo edno:DA za abortusot.Sekoj covek najdobro znae sto da pravi vo takva situacija.Znaci moze do utre sabajle da zborime na ovaa tema,mnogu bolna tema,no ne daj boze da si vo koza na takvite luge,koi od raznorazni pricini se odlucuvaat na toj poteg.Vladata moze da si pravi sto si saka,da smisluva razni kampanji,de za stop za abortusot ,de za pravete 3,4 pa i povekje deca,ama nemaat pravo da se mesaat vo zivotite na lugeto.Neka se zamesaat malku za siromastijata sto vladee,a ne da navleguvaat vo zivotite na lugeto.Toa e moeto mislenje

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 190
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 14:21:12   
mamicki
Прво, јас лично во ниту еден случај не би направила абортус, тоа е мој личен став.
Второ, зошто во дискусиите го браните правото на абортус со екстремни примери, кога знаеме дека најчесто абортира Стојна оти со Стојче си терале ќеф без заштита. Каде е тука личната одговорност?
Не реков дека абортусот треба да се забрани, но не сум ниту да се практикува и промовира како позитивна мерка за контрола на раѓање! Зошто ниту една од вас не зборува за здравјето на жената, физичкото и психичкото, кои се загрозени со чинот на абортус, дури и ако ја изземеме вината за одземеното право на живот?
Наместо жестоко да го браните правото на абортус, заложете се повеќе за сексуално и репродуктивно образование, за правилна употреба на средствата за контрацепција, за повисока свесност меѓу младите и воопшто за опасностите од незаштитен секс.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 191
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 14:55:21   
Ikana
Мамички баш затоа и реагирав. Бидејќи за жал, не можеш да го ограничиш абортусот на незаштитен секс на млади луѓе или неинформираност. Велам за жал, бидејќи човековата нарав не може да се ограничи, па оттаму и правото на абортус. Тешка дискусија во очи на најголемиот верски празник. Јас верувам во Бог. Но Бог не ги прави тие гнасни работи, туку луѓето. И зошто не ми е јасно секогаш жената е убиесот или несовесниот?? Мажот зарем не е виновникот?? Фрлате со камења, а слепи сте за тоа кој е одговорен во таа ситуација.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 192
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 15:19:51   
vezilka RR
Токму и затоа не го бранев абортусот со екстремни примери туку зборував баш за Стојна, и сакам Стојна сама да одлучи што е исправно за неа а не тоа да го реши некој друг. Никој не ни зборува за абортусот како за средство за контрацепција туку како право на избор на Стојна. А што се однесува до здравјето на жената, физичкото и психичкото, како последица на абортусот и те како зборуваме, и тоа не е спорно, тоа се медицински аспекти кои треба да ги знае секој еден кој одлучил да се подвргне на тој чекор, исто како и секој друг кога оди на било која операција па му ги објаснуваат можните последици. Е, а за сексуално и репродуктивно образование, за правилна употреба на средствата за контрацепција, за повисока свесност меѓу младите и воопшто за опасностите од незаштитен секс, тука се сложувам со тебе, треба интензивно да се работи на ова, со заеднички напори и дома и во општеството. Ама замислете се што тоа државата всушност сака да ни каже ако на пример во школите без проблем се воведува веронаука, ама не смее ниту да се помисли на сексуално образование.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 193
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 15:31:12   
mamicki
Ако си читала, пишував за тоа во постовите погоре Везилка. Абортусот не е и не смее да биде средство за контрацепција! А Стојна треба убаво да отвори очи, и Стојче исто така, но тоа нема да го направат ако немаат поим од сексуално и репродуктивно здравје, и ако одењето на абортус е едноставно како одење на фризер. Нека ми простат и Стојна и Стојче, но тие го направиле изборот уште кога се спрпелале без заштита. И што сега? Треба уште да сочувствувам со нив оти од носот подалеку не гледаат, оти им е сеедно што некое срценце ќе престане да чука по нивна волја, а зачукало поради нивно невнимание? Демек, ууууупс, ми се истури малку кафе на панталониве, ај ќе ги подзаперам!, и ништо нема да се познава!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 194
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 15:33:43   
annabela
Jas mislam deka sepak treba da se ima opcija za sloboden izbor. Da ne se povtoruvam so predhodno kazanoto neli ima slucai kade sto ednostavno mora da se prekine bremenosta zaradi iks pricini.....e vo tie slicai podobro e zenata da ima izbor t.e. da go primeni abortusot kako sredstvo

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 195
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 15:38:40   
Beatris
мамички не значи дека сите примери на несакана бременост која завршила со абортус се последица на сексуално необразовани личности! Се случило, се случува и ќе се случува! Подигањето на сексуалната свест сигурно ќе го намали процентот на абортуси, и тоа е во ред, меѓутоа НИКОЈ нема право да го забрани како процедура, за тоа ќе одлучи Стојна и Стојче а не Грујо!

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 196
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 15:50:01   
mamicki
Грујо ниту немав намера да го прашувам user posted image , но дефинитивно, неопходна е јавна дебата на темата, па можеби ќе сфатам кога некој се стекнува со право дали некој друг ќе живее? Неподносливо ми е одвратна мислата, лицемерието, на фразата „право на избор“ зад која се крие егоизмот на посилниот. Значи, кога човек го стекнува тоа право да отсече- ти може, ти-не!? , и да се однесува кон создавањето на живот небаре колачиња од кал да направил!

(Одговор на членот Beatris)
Непосредна врска до пораките: 197
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 15:55:15   
arh_diz
Sekoj si odlucuva za sebe , bidejki toj samiot najdobro si ja znae pricinata zosto saka da abortira.Taka da jas ne bi mozela da osudam nekoj ili pak da odlucam za nekoj drug, jas si znam samata za sebe.


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 198
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 18:38:21   
lindicka
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka

Многу пати имам пишувано на темава, дури мислам дека и мојот прв пост на РР беше овде. Мојот став е јасен по ова прашање ДА за абортусот како право на избор, без посебни процедури, раководено по девизата Мое тело, моја одлука. Значи со оваа девиза сакам да кажам дека не сакам никому да објаснувам зошто сум се решила за абортус, дали било од оправдани причини и кои се тие оправдани причини, или кој ќе определи дали моите причини се оправдани (бидејќи оправданоста нема единица мерка па да измериме 3 кг оравдано, може, терај Мишко). Во принцип ми смета кога некој се дрзнува да ме нарече убиец заради тоа што сум се решила на абортус, ама кога тоа го прави некој поединец кој решил да има таков став, не се расправам, на крај краева секој има право на личен став. Ама ако случајно државата се осмели да ми чепка по таа тема е тогаш сигурно нема мирно да си седам по дома и да чекам да ми пресудат.




Потполно се согласувам! Секој треба да има право на избор! И каква е таа процедура за абортуси?!!! Ете јас имав киретажа, мисетиран плод во 9та недела, или абортус кажете го ако сакате. Отидов фино лепо на контрола и кога да видам, има што да видам и слушнам, плодот, детето мое, престанало да се развива и мораше под итно да се направи киретажа, затоа што мојот живот беше доведен во прашање, можеше да добијам сепса или не дај боже да ми настанат компликации или стерилитет. Отидов на второ мислење истиот ден, истото ми го кажаа, под итно киретажа (абортус)! И го направив тоа истиот ден, а да чекав до понеделник (затоа што ова ми се случи во петок)и по комисии да одам, може ќе читавте по весници бремена жена починала од сепса! Секако дека ми беше тешко после тоа, ми требаа месеци да се извлечам од депресија, но затоа што беше неочекувано и непланирано, секако. Ете кај мене беше заради медицински причини, но го поддржувам правото на абортус во секоја ситуација.  Правото на абортус е дел од основните човекови права и слободи. Секој треба да има право на избор!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 199
   RE: Абортус - да или не?
10.4.2012 22:15:20   
Viktori
ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki

Ако си читала, пишував за тоа во постовите погоре Везилка. Абортусот не е и не смее да биде средство за контрацепција! А Стојна треба убаво да отвори очи, и Стојче исто така, но тоа нема да го направат ако немаат поим од сексуално и репродуктивно здравје, и ако одењето на абортус е едноставно како одење на фризер. Нека ми простат и Стојна и Стојче, но тие го направиле изборот уште кога се спрпелале без заштита. И што сега? Треба уште да сочувствувам со нив оти од носот подалеку не гледаат, оти им е сеедно што некое срценце ќе престане да чука по нивна волја, а зачукало поради нивно невнимание? Демек, ууууупс, ми се истури малку кафе на панталониве, ај ќе ги подзаперам!, и ништо нема да се познава!




јас со ова се согласувам од А до Ш.
Поретко на забар се оди во државава.
Менталитет бе! Сте виделе ли некој во Тинекс на каса кондоми да купи?? Па кај бе? Ќе ги видат тие позади нив во редот, продавачката, некој комшија...

Што е најтрагично кај постарата генерација жени правото на абортус е искористено полно пати, а правото да му каже на мажот кондом да стаи никаде го нема!

Најмногу во целава ситуација за абортусот ме нервира кај новокомпонираните борци за права на жените е што најмногу се грака за правото на абортус! Браво! Во 21 век, кога жените работат, заработуваат, имаат пари и образование, не знаат за контрацепција. Па уште и аргумент од типот не била 100 % сигурна. Каде бе? Мое тело, мој избор! Точно! Удрете! Нека се тресе некој во вас, па ваше е телото. А дома не смеете да кажете на мажот кондом да стави, оти не му бил ист филингот. Толку за правата...


Инаку не мислам дека треба да се забрани абортусот, ама мислам дека е убиство со умисла во одредени случаи.
И пак, тоа е мое мислење, никој не мора да се согласи со мене и не сакам никого да навредам.


< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 10.4.2012 22:17:01 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 200
Страница:   <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?