RE: слабеење (диети и совети) (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Слабеење



Порака


majka 79 -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:16:25)

kolkavo e bebenceto? mozebi ti e rano za prirodno i bez maka slabeenje.
jas koga prestanav da dojam vednas oslabev, prosto se stopiv bidejki pomalku mi se jadese a i poveke trcav niz doma, obvrskite mi se zgolemija........




Mammy -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:20:20)

па 5 и пол месеци е..

Јас драги мои, имам ослабено 17 кг. пред околу 4 години. Одев во Вита Диет Клуб и со правилна исхрана од 69 кг дојдов до 52кг. И супер си изгледав..Пред бременсота бев 57, и тоа е за мене идеално..а сега сум околу 67..значи 10 кг вишок, а не изгледам дебело само стомакот ми е ако во четврти месец бремена...а не сум..[sm=smiley36.gif]




nadica -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:22:54)

стомакот ми е ако во четврти месец бремена...а не сум..


стомакот може да се намали само со вежби




Mammy -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:29:24)

Знам, знам ама многу ме мрзи[sm=zmeden.gif]..затоа одам по полесниот, ама поскап пат со ултразвучна кавитација..па ќе ви пишам после како е..[sm=smiley1.gif]




profesorica -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:32:53)

mammy мислам дека немаш потреба од такво нешто.ако ти се наоѓа некаде стар хулахоп мене тоа ме спаси...и секако што трчав со бебето во раце првите неколку недели.многу имаше грчеви и секоја ноќ трчавме со мм од еден крај на друг во собата.можеби звучи смешно ама тоа ни помагаше.




profesorica -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:36:17)

Послаби со помош на облеката
Ако барате начин да бидете послаби, денес постојат илјадници продукти и методи кои ќе ви помогнат да си ја постигнете целта. Но, ниту еден продукт или диета не дава толку брзи резултати во намалувањето на килограми, како што тоа го прави облеката. Ако знаете како да се облечете, алиштата можат да ги прикријат недостатоците и да ги истакнат убавите делови на вашето тело.

Еве неколку совети, кои ќе ве доближат до занаетот за намалување на килограми преку облеката.
Жена во црно. За да ослабете визуелно неколку килограми, носете темни бои и облека по мерка.

1. Темните бои намалуваат килограми. Не купувајте алишта со силни светли бои. Црното покрива сè и нè прави да изгледаме послаби. Тоа е одлично правило кое секој го знае. Но, ако носите само црно, по извесно време ќе започнете да делувате досадно. Затоа, избирајте алишта со темна кафеава, сива или лилава боја.

2. Носете еднобојна облека без шарки. Не носете облека со хоризонтални линии. Тие ве прават да изгледате подебели, отколку што сте. Иако би помислиле дека вертикалните линии ќе ве направат послаби, тоа не е сосема точно. Ако не сакате да се откажете од вертикалните шарки, носете алишта со тенки линии. Дебелите линии ќе ви додадат килограми. Тенките вертикални линии прават илузија дека сте повисоки и со тоа послаби. Најдобро е да носите еднобојна облека.

3. Не го стегнувајте коланот. Ако сакате да истакнете некој дел од телото со кој се гордеете, пример тенка половина, носете блуза со светли шарки во таа област или убав колан со светла боја. Но, не ја правете грешката да го стегнете коланот. Дури и ако имате само неколку килограми повеќе, стегнатиот колан ќе го истисне „салото“ кое што сакате да го прикриете.

4. Облеката треба да ви биде по мерка. Повеќето луѓе сметаат дека ако носат поголема и покомотна облека, тоа ќе сокрие неколку нивни килограми. Тоа е само мит. Облеката треба идеално да одговара на вашиот конфекциски број. Претесната облека ги оцртува сите недостатоци на телото, а преголемата облека ви додава неколку килограми. Затоа бидете внимателни при купувањето на облека. Секогаш купувајте само ако претходно сте пробале.

5. Истакнете го вратот. Ако го истакнете вратот, со тоа го одвлекувате вниманието од големото стомаче или широките колкови. Носете блузи или кошули со V деколте. Острото деколте помага да изгледате послаби.

6. Користете аксесоари. Долгото ланче на вратот ќе направи да изгледате повисоки и послаби. Истиот ефект го создава и надолу испуштеното шалче. Ако имате проблем со тежината, користете поголеми чанти. Чантата секогаш треба да е усогласена со вашето тело.

[image]http://www.femina.mk/images/articles/53/zena-vo-crno.jpg[/image]




Mammy -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:36:27)

имам хулахоп и многу го вртев на времето..а сега станот ни е мал, па ако се развртам има се да срушам..[sm=smiley36.gif]
али ајде ќе видам, засега решив да одам во Силуете..па после тоа ќе се одржавам некако..дали со хулахоп, некои вежби или повеќе секс..[sm=smiley36.gif]




profesorica -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:39:12)

е за последното...е тука те чекав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Mammy -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 14:43:01)

хахаххааааа..ќе мора да си купам време за тоа и малку мир..[sm=jezicek.gif]..а мм упорен, со самото навалување душата ми ја вади..




HristinAntonio -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 15:11:37)

jas otsekogas si imav maka so visok kg ama ne probuvav nikakvi dieti, prv pat se obidov i uspeav pred da se omazam sama si napraviv svoj rezim ne jadev blago, gricki i gazirano, doruckuvav integralen leb a rucek sto i da e bez leb piev mn voda  izbegnuvav i negazirani sokovi zosto se polni se sekeri....i oslabev 15kg, ako mi se prijadese blago jadev suvi smokvi......seto toa ni e vo glavata
koga se porodiv ne bev mnogu popravena ama eve sega mnogu si jadam i nikako da mi dojde pamet inaku i drugarka moja odese vo vita diet i oslabe ama lugje nisto od toa mnogu e strog rezimot site sto go prekinale toj rezim mozat i duplo da si vratat kilazata




Cacko -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 19:09:25)

da se slabee po 5-7 kg.a od pred 3 dena sum na edna druga dieta,trae 7 dena,ima edna gadna corba i ednolicna ishrana pa ke vidime.se nadevam i na orbitrek da svrtnuvam preku nekoj den[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]posakaj te mi sreka




nutelizza -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 20:44:00)

Епа и јас од утре сум на своја сопствена диета[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] за почеток не јадам грицки, благо и не пијам ништо газирано.






Tanja K. -> RE: слабеење (диети и совети) (22.1.2010 23:43:32)

Jas od vcera odam na vezbanje.Mamicki ajde dojdete,super e.Vo Lisice e ,1000den.sekoj den.Bas sekoj den.Ima super spravi i trenerka.Odat samo zeni.Fitnes klub za zeni,samo neznam kako tocno se vika.Ke vi kazam ako sakate i tel.no utre.Se me boli sega.Odvaj odam.No ne se predavam.Za leto moram da oslabam malku,odnosno malku poveke.Sekako deka vnimavam i na hranata.Nasabajle zitarici,rucek obavezno bez leb ili crno moze.So salata obavezno.I vecera zelencuk,ovosje.Ke vidime dali ke izdrzam vaka,sega za sega e dobro.




Bitolcanka -> RE: слабеење (диети и совети) (23.1.2010 0:58:15)

Тема како за мене [sm=smiley1.gif] Како средношколка, многу се поправив - 10 кг за околу 2 месеци. Не бев физички активна + јадев 2 пати дневно (сабајле и навечер), повеќе ... Во тоа време бев опседната со диети. Пиев чај од Матија. Варен и турен во шише (1 шише дневно), без шеќер - одвај го пиев [sm=smiley11.gif] Испив 2 кутии од тој чај и навистина ослабев, не се сеќавам точно колку. Но тоа ми беше грозно и иссилено... После тоа пиев капсули за слабеење-1 доза-90. Од нив немаше голем ефект. Некое време пиев витамини B-complex, имав повеќе апетит и тие влијаеја за зголемените килограми... Ја имав држено и диетата од д-р Жан Митрев, за 2 недели. Со неа ослабев 3-4 кг. Не беше тешка, исцрпувачка, но многу напорна, треба постојано да се внимава за време, се подготвено-намирници...постојано да мислиш на редоследот... Имав вежбано на фитнес, 2 недели, убаво се чувствував, но не ослабев воопшто. Ми се има случено да ослабам без посебна желба и терет, кога не сум очекувала и мислела, без никакво лишување. Пиев зелен чај и многу кафе кога бев на додипломски студии (велат од тоа се слабеело), и тоа не намерно, имаше ефект. Имав пиено течност од вода, мед и киселина (оцет), на гладно, сабајле, но потоа медот го заменив со обичен бел шеќер, ми беше кисело многу, па прекинав. Од една другарка слушнав за диета со ореви, и неа ја пробав. Се ставаат јатки од 2 ореви во чаша со вода навечер, да отстои, па утредента се пие негладно. Тоа го правев само 1 месец, но со привремени паузи (некогаш заборавав, настинував и прекинував поради настинката) и не знам дали имало нешто-пробајте. Другарка ми слушнала од некој професор за оваа диета со орев.
И последно што применив сама, без некои посебни правила и одрекувања, со најголем успех, е следното:
Од јули минатата година на сабајле јадам мусли (житарици, ама не cornflakes) со млеко или јогурт (некогаш ги потурам и со какао или чај, за промена) или, кога имам овошје наместо муслите. За ручек јадам нормално, но наместо бел-интегрален црн леб-2 мали парчиња. Повеќе течности и вода пиев. Ако некогаш почувствував глад јадев од муслите и навечер. За околу 1,5 месец ослабев 11 кг. Што е најважно, тоа го постигнав само со овој режим на исхрана, без вежбање. Значи - се се постигнува ако се сака, ако си упорен и цврст во одлуките. Јас не се познавав, цела облека ми беше широка, на сликите бев сосема друга личност, прекрасно се чувствував, секогаш расположена, полна со самодоверба.
Сега, од крајот на есента и со почетокот на зимата јадам и навечер по 1 парче таков интегрален леб. Ја имам истата тежина - 1-2 кг ако сум поправена.
За муслите и лебот ми спомна комшивка која одеше на аеробик (и кажала инструкторката, во комбинација со вежбањето), а за овошјето (денот да се започне и заврши со овошје) ми кажа една другарка, прочитала во некоја книга-препорачувал некој доктор. Јас си применив од двете и без тешкотија успеав. Некое време правев стомачни навечер, но последно време заборавам и ме мрзи, па се одвикнав. Ќе почнам пак да правам.




Cacko -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 14:33:30)

jupiiiii[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]denes e tocno  dve nedeli kako sum na dieta i imam simnato 7.2kg[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]mnogu sum srekna,se isplatese jadenje gadna corba[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].ubavo e sto jades kolku sakas samo toa sto ti e za denta oppredeleno i plus kolku poise mozes od gadnata corba.vezbam na orbitrekot ednas u 3 dena[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image](se prekrsiv)ama so Elena moja dobro i tolku,po 20 tina minuti.planiram uste edna nedela,pa posle da napravam pauza 10 tina dena(ali pak se umereno,da se odmoram od corbata[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])pa posle pak da pocnam.sum resila do maj da se napraam ko za svadbata sto si bev(posto od svadbata do sea sum plus 30 kg)so e mnogu mnogu e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ali dobro mi trgna slabeenjevo i resena sum da izdrzam do kraj




arh_diz -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 14:35:56)

Cacko nesmees taka brzo da simnuvas tolku mnogu kg. Se preporacuva deka mesecno treba da se simnat 2-3 kilogrami. Pri simnuvanje na poveke kg moze da se javat zdravstveni problemi .




caci20 -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 14:35:59)

Daj recept Cacko




nadica -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 14:41:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Cacko

jupiiiii[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]denes e tocno  dve nedeli kako sum na dieta i imam simnato 7.2kg[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]mnogu sum srekna,se isplatese jadenje gadna corba[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].ubavo e sto jades kolku sakas samo toa sto ti e za denta oppredeleno i plus kolku poise mozes od gadnata corba.vezbam na orbitrekot ednas u 3 dena[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image](se prekrsiv)ama so Elena moja dobro i tolku,po 20 tina minuti.planiram uste edna nedela,pa posle da napravam pauza 10 tina dena(ali pak se umereno,da se odmoram od corbata[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image])pa posle pak da pocnam.sum resila do maj da se napraam ko za svadbata sto si bev(posto od svadbata do sea sum plus 30 kg)so e mnogu mnogu e[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]ali dobro mi trgna slabeenjevo i resena sum da izdrzam do kraj



давај рецепт ама одма [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] да почнам да личам на себеси [sm=smiley36.gif]




arh_diz -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 14:44:23)

Во морето диети и совети за слабеење, лесно е да те заболи глава и да кренеш раце од борбата со вишокот килца. Затоа, ние ги поедноставуваме нештата и ви пренесуваме 8 трикови кои ќе ви помогнат брзо и ефективно да се збогувате со килограмите.
Јадете помеѓу главните оброци, но со мерка

Конзумирањето на мали меѓуоброци може да го спречи прејадувањето за време на ручекот или вечерата. Но, “мали“ и “меѓу-оброци“ се клучните термини кои треба да ги имате во предвид и кои значат дека треба да конзумирате мали количини на храна.

И не било каква храна, туку здрави хранливи продукти што значи дека чипс, чоколадо и останати “калориски бомби“ не се опција. Изберете храна која е богата со вредни нутиртивни својства, како што се бадемите или лешниците кои освен што се здрави, се и вкусни.
Стресот е забранет

Знаеме, ова е полесно да се каже, отколку направи, но вреди сериозно да се потрудите затоа што е факт дека ако сакате да одржите добро здравје, тогаш морате да пронајдете начини да го избегнете стресот.

За ова не постои конкретно правило затоа што на секој му одговара нешто различно. Па, најдобар совет е да пронајдете активности кои ве развеселуваат и ви помагаат да се опуштите.

Стресот придонесува за слабеење на мускулите и успорување на метаболизмот. А затоа што веруваме дека тоа не го сакате, ви препорачуваме што побрзо да се “фрлите“ на јога, трчање, пливање или било што друго кое ве радува и опушта.

Повеќе сонце и воздух

Многу истражувања покажуваат дека витаминот Д има големо влијание врз слабеењето, но и врз доброто расположение. Затоа, наместо да се излежувате затворени во четири ѕида, искористете го секој убав ден и престојувајте на отворено.

Впијте го секој зрак сонечва енергија и со тоа направете нешто добро за своето здравје, изглед и расположение. Се разбира, во лето кога сончевите зраци не се особено благопријатни за кожата, користете заштитни креми.
Додајте Ц витамин во исхраната

Витаминот Ц е ваш голем сојузник кога станува збор за битката со вишокот килца - потврдија неколку истражувања.

Најдобро е да го внесувате преку конзумирање на овошје како што е грејпфрутот или преку зеленчук, односно пиперки и сл. Ако пак не јадете овошје и зеленчук (иако дефинитвно би требало), тогаш купете си витамин Ц во таблети. Освен што ќе ви помогне да го “стопите салцето“, ќе осигура и посилен имунитет.

Размрдајте се

Да, сакале или не, движењето и физичката активност се неизбежен предуслов за добра линија и здравје.

Ако немате доволно време за посета на фитнес центар, тогаш искористете ги секојдневните можности за движење. Така, наместо лифт, користете ги скалите. Наместо да се возите со автобус или автомобил, пешачете, а наместо седење пред ТВ, прошетајте се или трчајте.

Ако овие предлози секојдневно ги практикувате, позитивните резултати ќе бидат очигледни. Па сега, ТВ и седење или добар изглед и солидно здравје - изборот е ваш.

Насмевка, молам

Научно е докажано дека смеењето го забрзува метаболизмот и на тој начин помага во слабеењето. А, од искуство веројатно знаете како смеењето ја подобрува и психичката состојба. Затоа, повеќе насмевки, дружба со духовити луѓе, вицеви и гледање комедии. Сепак, не претеруваме кога велиме дека смеењето е клуч за подобар и поквалитетен живот.
Магијата на зелениот чај

Сите веќе знаеме дека зелениот чај е еликсир за долг, среќен и здрав живот. А, под тие нешта се подразбира и добра линија, нели?

Така, зелениот чај не би бил толку извонреден, доколку не би го забрзал топењето на масти и исфрлањето на токсини од телото. Воедно е и одличен антиоксиданс кој добро ќе се погрижи за вашата линија, но и за вашето здравје во целина.

Па, драги наши, што чекате? Сега знаете што е потребно за да извојувајте победа врз вишокот салце и истовремено да си го подобрите здравјето . А, имајте во предвид и дека сезоната на костими за капење не е толку далеку. :)




Cacko -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 14:57:03)

abe ne e zdravo ni da se poprais 30 kg za edna godina ,pa se popraviv taka da zdravo nezdravo ke mora da gi simnam.ne gledam nisto strasno vo dietava posto nitu ednas ne mi bese loso nitu mi se svrte(ko so znae od drugi dieti) i nikad ne bev gladna
Dietata e sledna:
Corba(gadna ali korisna,bez nea nisto ne praite,sestra mi ja ima drzeno dietava i so corba i bez corba i rezultatot e duplo pogolem so corbata):
2 celeri so trupka
3 kromidi
1 mala glavica zelka
1 tomatelo
E sea po pravilo ne treba nisto drugo,ali ja si stavam vegeticka,biberce i melen luk,vaka aj nekako ja podnesuvam,verujte luge odvratna e,ama...
1 den samo ovosje (ne banani i grozje)
2 den samo zelencuk (moze i ajvari,malidzana i takvi raboti ali bolje svez zelencuk)
3 den ovosje i zelencuk
4 den 4 banani i kolku sakas jogurt i mleko so niska maslenost
5 den telesko(junesko) i patlidzani(tomatelo moze)
6 den telesko(junesko) i zelencuk
7 den oriz(najdobro integralen ama ja si pravam bel posto mi e povkusen) i sokovi(dzusevi) bez seker(jabolko i ananas najdobro)

Znaci kolicinata na hrana ne ti e ogranicena,ali corba so poise se preporacuva




BILJANA_G -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 15:41:15)

Edna moja bratuceda ja ima drzeno ovaa dieta mnogu se oslabnuva i jas planiram ovaa da ja drzam imam potreba da oslabnam sto poskoro.So vakva kilaza ne planiram da ostanam bremena.A za celulit mozam da vi go preporacam gelot-balzam Satva mnogu e efikasen treba nasabajle i navecer da go nanesuvas i so sto poveke masaza redovno sekoj den i ke se dobie baraniot efekt.




melody -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 19:03:05)

Eve ja mojata dieta so koja oslabev celi 27 kg posle bremenosta i so koja sto i stomakot nepovratno si otide.
Najprvin oducete se kolku kg sakate da oslabete i do koga,potoa kupete digitalna vaga zatoa sto na nea i gramovite se pokazuvaat sto e mnogu vazno za dietava.
Jadete umereno i od se( ne kako pravosmukalka) osven od ona sto mnooogu ve poprava, a ne e ni mnogu vazno za kolicestvoto i jacinata na mlekoto ako go doite bebeto.
Jadete po red najprvo salata pa posle se drugo i otfrlete go lebot skroz.
Posle sekoj obrok zastanete na vagata i izmerete se kolku gr ste kacile od toj obrok.Inaku vo denot treba da kacite najmnogu 600 gr zatoa sto vo tekot na nokta dodeka spiete gubite od 600-800 gr nekogas i poveke ako ne ste spieni.So sekojdnevnoto merenje ke vidite i koja hrana ve poprava, a koja ne i kolku kolicinski mozete da izedete od hranata sto ve poprava ,a sepak da ne kacite ni gram.
Dvizete se maksimalno.
Barem ednas vo denot poglednete si gi parcinjata obleka sto ste gi nosele pred bremenosta i neka tie vi dadat stimul za ponatamu.
So ovaa dieta jas gubev po 3 kg mesecno i si bev zadovolna so sekoj izguben gram,a vie probajte znam deka izgleda tesko seto toa kacuvanje na vaga i merenje pa sto da jadam kako ,no kaj mene drugi luge gotvat i stavaat mnooogu zejtin vo hranata ,a jas nemozam da si zgotvam sama zabraneto e i plus nemam kujna i pak imase rezultat.I nemojte da se opravduvate pa ova ne mozam pa ona zatoa sto so toa nikogas nema da oslabete.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]





penelopa -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 19:04:33)

Bravo za tebe melody..dobra taktika[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




melody -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 19:05:47)

Fala penelopa[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: слабеење (диети и совети) (3.2.2010 19:18:38)

[sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] [sm=bravo.gif] Навистина добро melody, добар совет, ќе го применам. Мојата вага не покажува гр, само кг, но ќе користи и таа [sm=smiley1.gif] Летниот период за појадок јадев само мусли или овошје, а за ручек од интегралниот леб, не вечерав, пиев многу течности и ослабев 11 кг за неполни 2 месеци. Сега вечерам, не пијам многу течности, мислам дека накачив некое килце. Ќе "поработам" на тоа да си го симнам [sm=smiley36.gif] Во секој случај, за слабеење или барем за да не се прикачат + кг на веќе постоечките, треба да се избегнуваат грицки и колачи (навика која ја имаме речиси сите). Многу дебелее брза и калорична храна, затоа помалку по ресторани и сендвичари, посебно овој зимски период кога маснотиите брзо се лепат на нас.




Страница: <<   < Претходна страница  2 3 [4] 5 6   Следна страница >   >>