Bethany -> RE: Слабеење (4.12.2014 11:44:37)
|
буцкомал, зелен чај содржи кофеин колку што знам и повеќе од една шолја на ден заедно со кафе, не би требало да пиеш. За сауната, да се слабее, ама тоа треба и да вежбаш и да внимаваш на исхрана и редовно да ја користиш, па така се слабее. Инаку, да одиш секој ден во сауната а притоа ништо друго да немаш сменето - нема да има никаков ефект. Ако не губиш на килограмите, значи дека масно ткиво ти станува мускул, затоа се намалуваш во обим, а килажата ти е иста. Сепак, ако сакаш да губиш и на килограмите мора да бидеш во калориски дефицит, да јадеш помалку отколку што се трошиш. Ама сепак ако продолжиш со сето ова како до сега, резултати ќе ти бидат неизбежни, итекако ќе ги видиш. Исфрли од исхраната благо и тестенини барем едно време, ќе видиш дека ќе оди и вагата надолу. Исто за ѓумбирот, тој помага за забрзување на метаболизмот, ама ако вежбаш и внимаваш на исхрана, ништо од ова јаболков оцет и други работи не ти треба да се оптеретуваш многу, ако прескокнеш прескокнеш, не е толку битно тоа. Ај со среќа, можеш ти тоа [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|