RE: Слабеење (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Слабеење



Порака


Ilina87 -> RE: Слабеење (5.3.2015 19:53:31)

И јас почнав диета пред 2 дена, засега издржувам некако [sm=smiley1.gif]. Ја држам таа од Обединети Нации, утре ми е овошен ден, ќе видам како ќе поминам. Многу се поправив за празниците.




lukajana RR -> RE: Слабеење (5.3.2015 21:44:37)

Илина и јас и буцко мал рр сме на истата,сега сме три ке има дружба




Defne90 RR -> RE: Слабеење (5.3.2015 21:46:54)

Почнувам и јас со диета и планирам да пијам и од оцетот уз тоа.Инаку немам некој строг режим на исхрана,одбегувам мрсни калорични јадења леб строго интегрален и во помали количини и секако многу вода.Прв пат сега ќе пијам јаболков оцет се надевам дека ќе има некакви ефекти затоа што се имам направено буквално ко мече.[sm=smiley36.gif]Така да женски ви се придружувам и јас вам диеталките.[sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Слабеење (6.3.2015 0:03:42)

Ете поголема мотивација и поддршка [sm=smiley1.gif]. Кажете ми кога е овошниот ден дали смее да се јади и банана? Не знам утре како ќе поминам. Мене вториот ден ми се виде потежок, денес лесно си поминав со макарони и торта [sm=smiley1.gif] сеуште се чувствувам сита.




lukajana RR -> RE: Слабеење (6.3.2015 18:09:49)

Ilina 87 јас јадам банани а дали смее незнам ама и да не смее мала отстапка не е ништо.Defne90 а ти што имаш за слабеење супер изгледаш[sm=smiley31.gif][sm=zz_skip.gif]




Defne90 RR -> RE: Слабеење (6.3.2015 18:41:32)

Добро женски а каква диета држите вие што јадете може ли некоја да ја пише.[sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Слабеење (6.3.2015 22:17:19)

Defne90 ние држиме ЕУ диета не е лоша диетата сит си ама не мешаш храна,да не ја пишувам тука ја има како посебна тема во подфорумот Слабеење насловот и е ЕУ Диета прочитај убаво е објаснета




Ilina87 -> RE: Слабеење (6.3.2015 22:35:10)

Defne напиши на google диета обединети нации и ќе ти излези. Lukajana, јас одвај денес издржав со овошниот. Јадев два пати банана и еве сега изедов три моркови не можев повеќе да издржам. Сега ќе си легнам да не ми се пријади пак [sm=smiley1.gif].Се тешам утре ќе биде полесно.




lukajana RR -> RE: Слабеење (6.3.2015 22:42:20)

И мене ми е најтежок овошниот ден,не сум љубител на овошје ама ич,стварно можеш колку сакаш да јадеш ама ми се чини и едно дрво да изедам пак ке сум гладна[sm=smiley36.gif]тешко било ова слабеењево[sm=zz_skip.gif]




bucko mal -> RE: Слабеење (7.3.2015 3:03:41)

Devojki poleka so bananite,po edna e dozvoleno ne poveke.Jas gi prejadov I sega nemozam vo usta da stavam,oni najmnogu me zasituvaa.
Vo ovosniot den treba da se jade ovoshje kakvo sakash I kolku sakash,nemoj tolku malku da jadete.Prvite ovoshni se najteshki posle se e polesno.
Jas vo ovoshniot jadam I zalencuk,malku semki,nekoe bademce,susheno ovoshje.Sekako ne od se vo eden den,istite raboti gi koristam I vo drugite denovi,koga se chuvstvuvam iznemosteno.Sepak po edno ili dve,kolku da se zalazam.
Vo ovoshen den obicho za ruchek jadam:patlizan, kromid,avokado.Avokadoto go delam po pola,pola za ruchek pola za vechera,nekako epten me zasituva.
Deka si pravam mali greshki moze zatoa ne gubam mnogu kg,ali jas I vaka sum zadovolna
Denes mi e omileniot jh 15/90,za ruchek pita so spanak a za vecera imam ovoshen kolach mmmmmmmm

So voda pienje kako stoite? Znaete deka treba da se pie okolu 2l.Jas pijam mnogu voda I plus sega pocnav caj da pijam od svez gumbir po 1l.




lukajana RR -> RE: Слабеење (7.3.2015 12:42:10)

Bucko mal RR и јас пијам вода многу а чај сокови не пијам и кога не сум на диета .Некогаш ме фаќа криза за благо ама се воздржувам и некако се осеќам многу лесно.Кај бебе не гледам промени сигурно и одговара да има секси мама[sm=smiley36.gif].И да овошјето не можам да го јадам цел ден и јас ке мешам со зеленчук нема друго чаре[sm=smiley1.gif]




Ilina87 -> RE: Слабеење (7.3.2015 14:29:58)

Јас слабо пијам вода, со сила. Инаку омилен ден ми е третиот со благото [sm=smiley1.gif]. И денес супер се наручав со месо така да ќе ме држи сита. Само за кафето отстапувам, го пијам со малку шеќер.




SkCura77 -> RE: Слабеење (25.3.2015 12:55:56)

Јас почнав неделава да се ПРИВИКНУВАМ на диета, слабеење и вежбање. Сакам од понеделник здраво да фатам слабеењево, зашто пола алишта не ме собираат, а греота да стојат нови, испрани и необлечени во шкаф [sm=smiley19.gif] Лани ослабев 9 кила и имав идеално тело и тежина, ама летото поради медицински причини од друга природа морав да јадам се калорично. Во принцип сум карактер и дисциплинирана, знам дека ќе издржам, ама секогаш имам една недела луфта да се навикнам, како сега, од типот на = почна диетава, ама смеам да си згрешам овде-онде, да си подлапнувам по нешто=. Викендов треба да испазарам намирници па здравје Боже од понеделник морам да се доведам во ред, почна и медицински и физички да ми смета тежинава. Припремнава недела очекувам психички да ме спреми за откажување од мераци [sm=smiley13.gif] Немам некоја пишана диета, туку она стандардно: се избегнува леб, мрсно, нездраво благо, повеќе зеленчук, овошје и месо варено, вежби по дома, масажа со масажер зашто целулитов ми е страшен и обавезно трчање или пешачење.
Лани многу ми помогна она со ѓумбирот, тоа обавезно е предвидено.
Поздрав до сите и да издржиме!
Денес: 66 кг.




Malecka23 -> RE: Слабеење (4.5.2015 11:25:19)

Od denes ja otvaram sezonata na dieta i slabeenje.Od poragajot veke imam simnato 5kg ama treba barem, uste 7 a idealni 10:) za da se vratam na tezinata pred da ostanam bremena i nesto poslaba od toa:).Pocnav so dietata na Zan mitrev.Iako e teska barem kaj mene sekogas imalo rezultati.Nadopolneto na toa L carnitin(dupla doza:) radi energija i mnogoogu voda.
Ako ima nekoj neka kaze da se bodrime vo borbata za simnuvanje na kg




miana -> RE: Слабеење (4.5.2015 13:29:03)

Која е диетата на Жан Митрев ? Ве молам да се напише [sm=smiley36.gif] Имам 13 кг плус на мене, неможам да се гледам..Почнав да не одам никаде од срам..Н емам ни што да облечам [sm=zmeden.gif]




deluxe -> RE: Слабеење (4.5.2015 13:53:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Која е диетата на Жан Митрев ? Ве молам да се напише [sm=smiley36.gif] Имам 13 кг плус на мене, неможам да се гледам..Почнав да не одам никаде од срам..Н емам ни што да облечам [sm=zmeden.gif]



Миана ти не смееш да држиш диета!!!! [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Јас до крај на 9ти бев плус 40 па еве сум сега 65[sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Слабеење (4.5.2015 14:01:09)

Диетата на Жан Митрев е онаа што ја викаат кардиолошка. 3 по 5 дена ја држиш, со викенди помеѓу во кои можеш да јадеш што сакаш, ама ова да не го сфатиш баш буквално така - треба да внимаваш на количина и на она што го внесуваш - претежно варено месо со зеленчук...

секој ден доручекот е ист: 1 овошка (не смее да се јаде банана и грозје) и 1 парче двопек

ручек за ден 1, 2 и 3: 1 портокал , 1 варено јајце и 1/2 кг кисело млеко (да се јадат по овој редослед)
ручек за ден 4: 125 гр отсолено кравјо сирење, 1 патиџан и 1 парче двопек
ручек за ден 5: 200 гр. варено јунешко месо или риба (печена или на пареа, ослич или слична немасна риба), 1 патлиџан и 1 парче двопек

вечера за ден 1: 2 патлиџани, 2 варени јајца и 2 парчиња двопек
вечера за ден 2: 125 гр враено јунешко месо, 1 патлиџан, 1 портокал и 1 праче двппек
вечера за ден 3: 125 гр варено јунешко месо и 1 портокал
вечера за ден 4: 125 гр варено јунешко месо, 2 патлиџани, 1 јаболко и 1 праче двопек
вечера за ден 5: 1/2 кг враен мешан зеленчук (морков, грашак, пченка, компир или било кој друг зеленчук), 1 варено јајце и 1 домат




blue_blue -> RE: Слабеење (4.5.2015 14:07:09)

Инаку јас решив дека диета нема да држам, но направив тест за интолеранција на храна и испаднав нетолерантна на глидеини (проетини слични на глутен што ги има во житарки како пченица, рж итд..) и исто така малку понетолерантна сум на соја. Веќе 1 месец исфрлив од исхрана се што има глутен и се благо зошто во сите благи работи има или брашно или соја лецитин. Јадам на сабајле овошје, овошно смути и јаткасти плодови. Ручам месо или пршута со салата/зеленчук или пак млечен производ (јогурт, сирење, кашкавал) со зеленчук. За вечера исто тоа или манџа - грашак, леќа, грав, варен компир со салата или домашна зеленчукова супа. Кога имам напад на благо јадам црно чоколадо или кафе со шлаг. За 1 месец 4.5 кила доле а најадена сум нон стоп...главоболките ми исчезнаа магично и имам сила и енергија како никогаш до сега...продолжувам понатаму и ќе ве известам за прогресот...мени од вчера:
доручек - 1 банана, 2 јаболки
ручек (околу 11 саат) 2 пржени јајца и салата од пталиџан, пиперка, краставица и кромид
вечера (околу 17:00) печено бело пилешко месо со марула салата и салата од патлиџан и маслинки




marchi -> RE: Слабеење (4.5.2015 16:28:08)


ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Инаку јас решив дека диета нема да држам, но направив тест за интолеранција на храна...


ova ti bila odlicna idea potocno pravilen poteg. i jas se mislev izvesen period da si napravam takov test.a eve mozes ti da mi kazes kako izgleda toa.mislev da razgovaram so maticnata okolu toa ali eve vaseto iskustvo moze dobro da posluzi [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Слабеење (4.5.2015 16:44:56)

marchi eve ovde mozes da procitas za iskustvoto na blue_blue so Test za netolerancija na hrana




miana -> RE: Слабеење (6.5.2015 14:58:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Која е диетата на Жан Митрев ? Ве молам да се напише [sm=smiley36.gif] Имам 13 кг плус на мене, неможам да се гледам..Почнав да не одам никаде од срам..Н емам ни што да облечам [sm=zmeden.gif]



Миана ти не смееш да држиш диета!!!! [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Јас до крај на 9ти бев плус 40 па еве сум сега 65[sm=smiley1.gif]



Ама јас не сум бремена, а сум поправена толку многу, па сега ти види [sm=zmeden.gif]

Почнувам пак на нутриционист и на зумба [sm=smiley1.gif]




miana -> RE: Слабеење (21.5.2015 12:36:55)

До кај сме со слабеењето жени?
Јас почнав веке втора недела терам со нутриционистичката диета, и добро ми оди.. Првите 6 дена симнав 1,5 кг сега не сум се мерела, решив да се мерам само кај неа кога одам ( за да не губам надеж)

Леб немам ставено во уста веке 10 тина дена, благо ништо, грицки-мицки- ништо...
Наутро пијам половина цитрон, еден лимон, два листа блитва и малку целер+ кокосово масло. Ова се блендирам и пијам..
Па си правам еден шејк во нутри булет од: цвекло, јаболка, банана,киви, ѓумбир, морков, јагода, вишна, аронија, семе од чиа, тиква, сончоглед, интегрален сусам, ленено семе, маџун и цимет...
На ова додавам вода, го правам како сок и си го пијам..Ме држи сита, немам проблем.. Околу пладне пијам млеко од соја со две лажички какао. До пладне пијам 2 л вода.. Ручеците секој ден ми се различни... Денес имам боранија, утре риба, сабота печурки, недела пченка.. И мнооогу салати. За вечера само салати.Ете ја мојата диета и успешно ми оди...Да не го заборавам орбитрекот во деновите кога не одам на зумба.. Облакам Хот и шејперс маичката и хеланките, се мачкам со сатва и сега за сега супер ми е , немам проблеми....




marchi -> RE: Слабеење (21.5.2015 16:50:40)

mene me mrzi da drzam dieti,vezbam ponekogas i pijam caj od magdonos zelen caj i med so limon




bucko mal -> RE: Слабеење (24.5.2015 13:42:24)

miana kako si zadovolna od nutri bullet? Sakam da si kupam,na sokovnikov dusha mu izvadiv I pochna od site strani da tece.
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

До кај сме со слабеењето жени?
Јас почнав веке втора недела терам со нутриционистичката диета, и добро ми оди.. Првите 6 дена симнав 1,5 кг сега не сум се мерела, решив да се мерам само кај неа кога одам ( за да не губам надеж)

Леб немам ставено во уста веке 10 тина дена, благо ништо, грицки-мицки- ништо...
Наутро пијам половина цитрон, еден лимон, два листа блитва и малку целер+ кокосово масло. Ова се блендирам и пијам..
Па си правам еден шејк во нутри булет од: цвекло, јаболка, банана,киви, ѓумбир, морков, јагода, вишна, аронија, семе од чиа, тиква, сончоглед, интегрален сусам, ленено семе, маџун и цимет...
На ова додавам вода, го правам како сок и си го пијам..Ме држи сита, немам проблем.. Околу пладне пијам млеко од соја со две лажички какао. До пладне пијам 2 л вода.. Ручеците секој ден ми се различни... Денес имам боранија, утре риба, сабота печурки, недела пченка.. И мнооогу салати. За вечера само салати.Ете ја мојата диета и успешно ми оди...Да не го заборавам орбитрекот во деновите кога не одам на зумба.. Облакам Хот и шејперс маичката и хеланките, се мачкам со сатва и сега за сега супер ми е , немам проблеми....






bucko mal -> RE: Слабеење (6.6.2015 4:47:28)


Aj sama da si odgovoram[sm=smiley1.gif] stigna nutribulet. Za nas dietalkite e odlicen, posebno za ovoshjeto. So zelencukot potesko mi odi. Ima intereni recepti vo knigata,poleka poleka go prouchuvam.
Inaku jas slabeam poleka no sigurno. Znam da pauziram, da utnam ama pak prodolzuvam nikako ne se otkazuvam.
UN dieta e zakon za mene[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  69 70 71 [72] 73   Следна страница >   >>