|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на детето
6.5.2010 23:13:38   
jovanka
treba da si gorda majka od 1600 da oformis detence koe vo idnina t.e. so tekot na godinite nema da se razlikuva ama bas po nisto.bidi gorda majka na svoeto cedo

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 351
   RE: Вакцинирање на детето
7.5.2010 14:19:03   
Палешка РР
Супер поминавме, Миа не ни заплакаuser posted image , ама затоа мене нозете ми се тресеа од страв. Прими трета доза ХиБ и сега ја боли ножето, плаче user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот jovanka)
Непосредна врска до пораките: 352
   RE: Вакцинирање на детето
7.5.2010 14:41:35   
Leonida
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Искрено, секогаш кога ја носам Јана на лекар се враќам растревожена. Матичната кај ќе стигне кажува „ова е прематурчето од 1600 грама“, сега и овие денес. Ко циркуска атракција да смеuser posted image user posted image user posted image

Туку, не се секирајте вие, се ќе биде добро утре. Ајде гушки за малата Миа.



Леле какви сељачишта!
Остај ги Тања, толку им е културата. И ние на почеток кога идевме на вакцини не гледаа како изрод и ме прашуваа: А цица ли бебево?user posted image
Моето се роди 2610 и сите ми се качуваа на глава за се и сешто.user posted image

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 353
   RE: Вакцинирање на детето
14.5.2010 13:09:36   
elle
на 12ти мај примивме трета доза од DTP и polio тој ден немаше реакција но вчера на 13 вечерта качи температура 37,7 степени.Дали е можно да е од вакцината?

_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Leonida)
Непосредна врска до пораките: 354
   RE: Вакцинирање на детето
14.5.2010 13:15:23   
MamaOhrid
Да, можно е. Нас ни рекоа до 3 дена дека може да има реакција.

(Одговор на членот elle)
Непосредна врска до пораките: 355
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 0:22:04   
Snowhite RR
Мамички да ве предупредам кога се прима полио вакцината, бебето не смее да го доите 1 час пред и 1 час после вакцина, зошто и ние сме вакцинирани со таа вакцина и во нашиот организам веќе има создадено антитела и преку млекото можат да го уништат дејството на вакцината која ја прима бебушот, така ми објасни матичната.


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 356
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 0:30:31   
Snowhite RR
Ние малку ја згрешивме работата со таа вакцина, односно дојде до недоразбирање, имено, поради тоа што претходно пиеше сирупче, се измени редоследот на вакцините и кога и реков на матичната да види во книшката која вакцина треба да ја прими наредниот ден, ми рече знам јас и така кога ми објаснуваше за вакцината за наредната недела, всушност била баш таа што требаше да ја прими наредниот ден и јас мислејќи дека оваа нема врска со цицањето, кога отидовме на вакцина, многу чекавме и него почна да му се јади и му дадов да цица и некаде по пола саат ја прими и откако ја прими ми рекоа да не јади 1 час и јас тогаш се сетив, за она што ми го кажа, ама веќе касно беше. После и кажав на матичната, малку мрчеше, па рече да се надеваме дека не се измешала со млекото и дека има ревакцинација и ме праша дали таму не ме прашале дали цицал претходно, а се разбира дека тие сестрите не ме прашаа. Абе хаос..не знам да ли ме разбравте, ама и јас не знам како да објаснам поинаку, ова со вакциниве е премногу комплицирано

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 357
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 0:43:19   
Тања РР
Snowhite тоа со доењето важи особено за деца помали од 6 недели затоа што концентрацијата на антитела е највисока во колострумот. Кај таквите протоколи на вакцинација се препорачува не еден туку 6 часа пред и потоа да не се јаде (не знам како е тоа изводливоuser posted image ). Не се грижи, мали се шансите твоите антитела да го уништат имуниот одговор на детето.


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 358
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 1:11:06   
Snowhite RR
Па не знам, мене за оваа вакцина ми рече што се прима на 3 месеци и една недела и мислам дека не треба да јадат само оние кои се дојат, а не важи за тие што се на адаптирано

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 359
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 10:23:35   
oli_naum
Да ви кажам ов со доењето еден час пред и после до сега никој не ми кажал, ниту опак ме прашале дали и кога е цицано. ама ние уште немаме примено дитепер и полио. тоа важи само за тие вакцини или општо за сите?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 360
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 10:27:34   
melody
Neznam oli_naum i jas prv pat slusam za ova.user posted image Pravo da ti kazam nitu mi kazale takvo nesto nitu sum pravela,a i ako se desilo ne se sekavam za ova se desilo slucajno da ne bila jadena pred i posle vakcinata.Moze e najubavo da se konsultiras so pedijatar za ova.

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 361
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 11:56:41   
Тања РР
Точно е дека препораката важи сао за децата што се дојат, не за децата на АД затоа што во АД млекото нема антитела. Секоја држава има различен картон за вакцинација, вакцините се примаат на различни возрасти но кај сите полио се дава покасно токму заради тоа што пораното млеко кај мајката има поголема концентрација на антитела. Експертите сметаат дека во трети месец количината на полио антитела незначително може да влијае на интензитетот на имуниот одговор и заради тоа препораката за недоење не е генерална. Подобро е да не му се даде на детето мајчино млеко непосредно пред и по вакцинацијата ама и давањето нема да направи којзнае колкава штета.

_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот melody)
Непосредна врска до пораките: 362
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 13:11:34   
Maca25
Јас прв пат слушам дека не требало да се дои детето пред вакцината. Јас гледав мајки кои ги дојат своите бебиња пред вратата на амбулантата, додека чекаа. Никој ниту да каже, ни ништо. Знам само дека еден до два часа после примање на одредени вакцини не треба да му се дава на бебето да цица или пак да пие нешто. 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Тања РР)
Непосредна врска до пораките: 363
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 14:55:24   
sinolicka
jas kolku sto znam 45 min. posle vakciniranjeto ne smee da se doi bebeto,a za diteper toj den koga e vakcinirano sokovi ovosje i jogurt ne se dava. taka ni kaza doktorkata sto e na vakcini

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 364
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 16:29:36   
Snowhite RR
Значи, мене само за дитепер и полио кога требаше да ја примаме ми рече да не цица пред и после вакцината, заради тоа што ние помладава генерација сме вакцинирани од таа вакцина и да не се повторувам напишав погоре

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sinolicka)
Непосредна врска до пораките: 365
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 17:31:17   
Slagjana
А на која помлада генерација мислиш? Има и постари мајки овде user posted image . И да прашам која друга вакцина се прима на 3 месеци и една недела. За ди-те-пер знам, ама ми рекоа дека и таа што се прима на 3 месеци точно може заедно со неа, ама за што е таа? Нареднава недела треба да ги примиме сите. Си реков што да одиме секоја недела, нека ги прими одеднаш. Па да внимавам со доењето ако е така. Претходно никој ништо не ми кажа.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 366
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 17:42:06   
Snowhite RR
Епа јас сум генрерација 81 и мене ми се обраќаше докторката и така ми објасни, сега не знам точно кога почнале со вакцинирање со таа вакцина. Дитепер и полио ние ги примивме заедно, едната со боцкање, другата со лажиче, а требаше и втората доза од ХИБ (мислам дека беше таа), но др ми рече да не му се многу трауми на детето да ги разделиме. Мислам дека ова со доењето се однесува за полио вакцината.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 367
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 21:05:41   
oli_naum
za sto e taa HIB?

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 368
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 21:18:28   
Тања РР
Кратенка за вакцината против Hemophilus influenca tip B, бактерија која е најчест предизвикувач на менингит кај децата. Исто така може да предизвика пневмонија,сериозно  отекување на грлотои други проблеми.


< Поракaта ја уредил Тања -- 21.5.2010 21:21:47 >


_____________________________

There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 369
   RE: Вакцинирање на детето
21.5.2010 21:24:28   
Slagjana
И мене ме интересираше истото и најдов. Таа е против бактеријата Haemophilus influenzae која може да предизвика менингитис, пневмонија, инфекции на очите, ушите итн.

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 370
   RE: Вакцинирање на детето
23.5.2010 9:50:25   
oli_naum
Aha.Fala vi mnogu.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 371
   RE: Вакцинирање на детето
29.5.2010 0:04:08   
Slagjana
Денес ги примивме Ди-те-пер, полио и втор пат ХиБ. Ми рекоа само да не јади ништо 1 саат после тоа без разлика дали мајчино или АД млеко, за да не ја поврати полио вакцината што и ја дадоа со лажиче в уста. Засега нема температура, ни ја боли ножето, само повеќе спие. user posted image

(Одговор на членот oli_naum)
Непосредна врска до пораките: 372
   RE: Вакцинирање на детето
29.5.2010 1:00:52   
Snowhite RR
Да, и мене таму сестрите кај вакцините ми рекоа да не јади 1 сат после вакцината, ама матичната мене ми рече и претходно да не јади 1 сат заради причини кои веќе ги кажав. Се надевам не ја доеше пред вакцина

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 373
   RE: Вакцинирање на детето
29.5.2010 10:02:12   
Slagjana
Не ја доев пред вакцина благодарение на твоето искуство. Нашата матична ништо не ни кажа, само дека вакцините немаат врска со неа. Ама затоа е тука форумов user posted image .

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 374
   RE: Вакцинирање на детето
29.5.2010 11:57:56   
elle
Кога прв пат примивме со лажичка- веднаш поврати, а беше нацицана пред пола саат,но никој не ме праша претходно туку откако поврати ме прашаа дали скоро јадела user posted image user posted image
веднаш и дадоа уште една лажичка од вакцината
Имал ли некој такво искуство и дали е во ред да се даде два пати вакцинатаuser posted image


_____________________________

Само едно нешто е поубаво од тоа да бидеш жена, а тоа е да бидеш МАЈКА

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 375
Страница:   <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  13 14 [15] 16 17   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?