Octavia -> RE: Вакцинирање на детето (6.12.2010 13:43:56)
|
Јас барав на интернет, после периодот на инкубација се јавуваат симптоми како кашлица, треска, растечено носе, зацрвенети очи и некогаш солзење. Околу два дена по почетните симптоми се јавуваат црвените точки, прво устата (кај образите внатре) а после и на телото, почнувајќи од позади ушите, па се движи надолу по телото. Може да се јави и висока температура. Она што мене ме плаши е што заразениот може да зарази друг 4 дена пред да се појави осипот (значи, не знаеш дека е заразен) и 5 дена по појавата на симптомите. Вообичаено не се јавувале компликации, но во ретки случаи, биле можни. Највообичаена комликација била пневмонија, втора можна компликација била воспаление на средно уво. Другите компликации (како енцефалитис) се поретки, 1 случај на 1500. Посебно опасни биле за бремените жени (опасни за плодот). Најдобро се дијагностицираат со преглед на внатрешноста на устата, каде се појавуваат два дена пред да се појават на телото, во вид на ситни црвени точки со бело или синкасто врвче. Е сега, на странски сајтови пишува дека кај мајки кои прележале вакви сипаници доените бебиња се заштитени првата година од животот и вакцината може да биде неупотреблива (For mothers who''ve already had measles, their newborn babies are protected for about a year due to the transfer of special antibodies from the mother''s immune system. Because of this, the measles vaccine may not work in a child''s first year of life). Исто така, пишува дека вакцината не се дава на бебиња под една година и на трудници, и дека ако бебе или трудница се зарази од вирусот, им се дава immune serum globulin, во што имало антитела кои му помагаат на телото да се одбрани од вирусот. Ако има некој поинформиран, нека напише, ние мамичките сме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|