penelopa -> RE: Вакцинирање на детето (24.3.2011 11:30:09)
|
Јас живеам на бившите ЈУ простори[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] мала шега. Во Словенија покрај редовното вакцинирање, кое горе доле е исто со Мк се припорачува и вакцинирање против Ротавирус и Пневмокока ( воспаление на средното уво). Секој родител има право да го вакцинира или не своето дете се разбира на своја одговорност. Прашањето дали сте ЗА или ПРОТИВ задолжителното вакцинирање е постојано актуелно, постојат дава табора од врвни стручњаци, доктори зошто ДА и зошто НЕ за вакцинирањето. Во врска со Ротавирусот еве малку објаснување: Ротавирус е многу отпорен вирус, што доведува до цревни проблеми, не само кај луѓето туку и кај животните. Интересно е тоа што ротавирус инфекција влијае на мачки, кучиња, птици, кравите и другите животни. Постојат седум видови ротавирус (од А до G) а најчесто типот А предизвикува 90 проценти од сите дијареја кај луѓето. Ротавирус инфекцијата ги напаѓа клетките на тенкото црево и предизвикува ослободување на цревни вируси (ентеротоксини). Ова предизвикува воспаление на цревата (гастроентеритис). Најзначајните знацисе: водена дијареа, абдоминална болка, треска, повраќање, кашлица, истекуваат од носот. Значајо за оваа болест е брзо губење на течности (дехидратација), која брзо да доведе до дехидрација, особено кај малите деца. Ова би можело да доведе до фатален исход. Обично до пет горишна возраст секое дете барем еднаш заболува од оваа инфекција. Најчесто првата епизода е најлоша а потоа телото на некој начин се имунизира и станува поодпорно. Болеста најќесто трае 3-8 дена со силно израњени симптоми. Посебно внимание треба да се обрне на децата кои се помлади од 5 години бидејчи преку водената дијареа и повраќање губат многу телесни течности.
|
|
|
|