Ikana -> RE: Вакцинирање на детето (22.3.2012 13:36:46)
|
Луѓе јас сум сериозно преплашена. М треба да ги прими првите две вакцини БСГ и ХБ бидејќи не ги прими во болница зашто имаше инфекција. Ни рекоа дека смее да се вакцинира 3 месеци по излегувањето од интензивна нега. И еве поминаа три месеци, но јас приметив нешто чудно. Додека ја држиме за бањање, дланките и стапалата и помодруваат, а понекогаш и јазичето. Во болница не и најдоа ништо на срце, ниту на плуќа, не дај Боже, кога се роди, но сепак утре пак ќе ја однесам на кардиолог да ја прегледаат. И сега многу ми е страв, поради вакцините, и поради ова сега што го приметив. Сите ме уверуваат дека не е ништо, но сепак закажав утре преглед, подобро да сум сигурна отколку така да ја однесам на вакцина.
|
|
|
|