amateuress -> RE: Вакцинирање на детето (31.3.2012 0:56:10)
|
јас колку што знам кај нас има ацелуларни за дитепер. и во тие ацелуларни всушност поинаква е само вакцината за пертусис (голема кашлица), т.е. таа е пречистена, а остатокот од коктелот (против дифтерија и тетанус) е ист и во обичните и во ацелуларните. за тие поливалентни не сум слушнала до сега. а оваа за дитепер скоро секаде на запад ја имаат само ацелуларна, за сигурно знам дека во словенија само такви употребуваат, а и педијатрите во србија имаат за цел до некоја година (2014-2015) да воведат само ацелуларни. кај нас тоа ќе си остане научна фантастика, ептен ретко ги даваат, само на деца со проблеми со ЦНС (ова не ме земајте за збор, сепак лаик сум) иако се многу подобри. толку сум исплашена од тие несакани ефекти на вакцините, и од сите манипулации на фармацевстската индустрија, секоја вакцина со триста туфкања ја примивме, а плус и каснев скоро со сите на своја рака (за организмот да му постигне поголема зрелост), така што дитеперот последната доза ја примивме дури сега, на полни 9. многу се двоумам, кога читав на нет што има во сотавот на вакцините ми се чинеше подобро ич да не го вакцинирам. туку ај да не ширам паранои тука, да поминеме сите со лесно со вакцините и без несакани ефекти [sm=bravo.gif]
|
|
|
|