Bethany -> RE: Вакцинирање на детето (24.11.2012 14:13:51)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany Стварно не ми е јасно кога прочитам оваков совет - излажи ги дека било болно итн. Па така ли и понатаму пред детето ќе лажеме, што пример на него ќе му даваме? Тој учи од нас, утре тоа исто дете ќе излаже овој или оној и ќе смета дека тоа е во ред. Во таквите ситуации (всушост во никои други ситуации) никогаш не се користам со лаги, не морам да им давам извештај, само кажам ете не го донесов или ништо не кажам. Или кажам како што е. Што е проблем да кажеш дека детето немаше пробано јајце па затоа не го донесе? Се извинувам, офтопик е, ама навистина кога прочитам таков совет се вадам од такт. Како ќе правиш, така ќе ти прават. А кажи ми, ти што предлагаш? Да го однесе детето да ја прими вакцинта иако и самата мајка ќе знае дека само еднаш му има дадено на детето јајце? Јас да сум на нејзино место нема да го однесам детето! И да, ќе ги излажам нив, дека моето дете било настинато, а не моето дете. Пред време вакцини јас не дозволувам да му се стават на моето дете и точка. Ќерка ми треба да прими една ревакцинација на 4 години, но затоа што имаат многу деца родени во тој период и сите ќе им дојдат во исто време, паметниве од советувалиште ни ја закажаа ревакцинацијата 3 месеци порано од предвидениот датум (значи после 4 години). И сето тоа да не им се ствара многу гужва. Епа јас одлучив да не го носам моето дете пред време на вакцина, посебно не сега во екот на настинки и вируси. Кога ќе наполни 4 години ќе ја прими, сега не. Маца, погоре напишав дека сигурно може да одложи вакцина, па не мора ни да отиде воопшто на тој ден. Нејзино дете-нејзин избор. Како смета дека е најдобро. Поента ми беше дека ако сме дојдени дотле да треба да лажеме а не разумно да зборуваме, па тогаш сме заникаде. Значи мислата ми беше насочена кон такви "совети" што ги имам прочитано на форумов, не само од тебе, ама нели ние самите треба да имаме изградена некаква свест за основните морални вредности, меѓу нив и зборување вистина. Јас не верувам во бела вистина, те. лажам за добро да направам. Постои само лага и вистина. И да, што ќе ми речат тие таму оти не донесов дете на време? Ете не го донесов, сметав дека е рано.. И што ќе можат да ми направат освен да се извикаат? Јас немам проблем некој да вика на мене, ниту ќе ми поквари денот, ниту ќе ме направи несовесна мајка. Се што човек прави за себе го прави. Ама нема да се менувам и моите принципи/ставови за да се оправдам пред некој. Не знам колку ме разбра. Пак се извинувам, надвор од темава е, ама ете сфати го тоа како конструктивна критика. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|