deluxe -> RE: Вакцинирање на детето (7.11.2013 17:00:49)
|
РАСПОРЕД НА ВАКЦИНИТЕ Во текот на првата година се врши задолжителна активна имунизација против акутен вирусен хепатитис Б, туберкулоза, заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б, дифтерија, тетанус, голема кашлица, детска парализа, мали сипаници, заразни заушки и црвенка. Веднаш по раѓањето, сите новороденчиња во првите 24 часа примаат вакцина против туберкулоза и вакцина против жолтица, т.е. хепатитис Б. Задолжителната активна имунизација против туберкулоза се врши со давање една доза вакцина против туберкулоза на сите новородени деца, без туберкулинско тестирање до крајот на првата година од животот. Се аплицира интрадермално, во пределот на левата надлактица. Задолжителната имунизација против хепатитис Б се врши со давање три дози вакцина (првата доза во првите 24 часа по раѓањето, втората доза во вториот месец од животот, а третата доза на возраст од 6 месеци). Кај помалите деца се аплицира интрамускулно во натколеницата, додека кај поголемите деца во надлактицата. Вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б, која првпат кај нас е воведена од 1 септември 2009 година, се врши со давање три дози вакцини на возраст од два, три и пет месеци. Се аплицира интрамускулно во предниот надворешен дел на натколеницата. На возраст од два, три и пет месеци се дава и комбинирана вакцина против дифтерија, тетанус и голема кашлица, интрамускулно во надлактицата. Имунизацијата против детска парализа се врши со давање три дози вакцина - тритипна орална вакцина на два, три и пол и на пет месеци. Се спроведува со капнување две капки вакцина во устата. На возраст од 1 година се дава една доза МРП-вакцина против мали сипаници, рубеола и заушки. Неопходно е децата да ги примаат редовно сите овие вакцини за да се заштитат од болест. Извор:Нова Македонија
|
|
|
|