RE: Вакцинирање на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Melanija RR -> RE: Вакцинирање на детето (6.3.2014 15:03:51)

tnade ревакцина за хепатитис Б се прави од 1 до 2 месец кога можеш тогаш, значи пример родена 10.10.20113 треба да ја прими од 10.11 до 10.12.2013




Bela rada -> RE: Вакцинирање на детето (25.3.2014 18:29:46)

Денес примивме прва ревакцинациjа на Детепер. До сега не сме имаме реакции, но пред малку почна да плаче без престан, како никогаш до сега и ништо не jа смируваше. И дадов Далерон и малку помалку се смири. Дали сте имале ваков проблем? Фала многу!




deluxe -> RE: Вакцинирање на детето (25.3.2014 23:37:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bela rada

Денес примивме прва ревакцинациjа на Детепер. До сега не сме имаме реакции, но пред малку почна да плаче без престан, како никогаш до сега и ништо не jа смируваше. И дадов Далерон и малку помалку се смири. Дали сте имале ваков проблем? Фала многу!


И кај моето[sm=duda.gif]имаше вака слична реакција од оваа вакцина.Давај му слободно сирупче,и обавезно облога(со водичка или ациди борици) на боцнатото место.За ден или два ќе се смири.Битно е да не крева Тт[sm=smiley1.gif]




Bela rada -> RE: Вакцинирање на бебе (26.3.2014 8:50:38)

Фала многу Делуx!




miana -> RE: Вакцинирање на бебе (26.3.2014 10:23:22)

Можно е и да плаче одболка од местото на кое што е боцнато..Ставајте облоги задолжително.. Јас ставам АЛПА од плавата и делува многу смирувачки,како анестетик. Јас не би давала сируп доколку нема висока Т, над 38,6




deluxe -> RE: Вакцинирање на бебе (26.3.2014 23:21:22)

Сирупчето како што е Далеронот или Ефералганот,овен што ја намалуваат температурата,се и аналгетици,односно ја смируваат и болката.Така нема потреба да се чека детето да крене Тт,за да се напие сируп.Напротив треба да му се намали болката што ја чувствива и поради која е плачливо.Затоа јас во ваква ситуација го давам Ефералганот единствено за да детето си остане смирено и нормално да не крене Тт[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Вакцинирање на бебе (26.3.2014 23:24:20)

Да и јас исто ќе ги однесам на вакцина и веднаш штом си дојдеме дома јас веднаш им давам блок макс без разлика дали качиле или не температура.И како што рече делукс тие ја намалуваат и болката па затоа се посмирени и не ги боли толку.




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 13:47:18)

Кажете ми од искуство што за Т за 7-8 месечно?Матичната ни има спомнато сируп Далерон,ама сум читала дека баш Блокмакс е најделотворен но незнам дали може за таа возраст.Да мислам за Т како реакција од вакција




Mihaela 2010 -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 13:54:48)

Melanija dodeka bese M bebce i nie daleronot go koristevme,i bas ni bese dobar,neli po preporaka od pedijatar,taka da sto znam za Blokmaksot konsultiraj si se so pedijatar,ama ja sepak bi ti preporacala Daleronce




blue_blue -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 14:08:37)

Основна разлика помеѓу блокмакс и еферлаган (далерон) е тоа што Блокмакс е бруфен, а другите две се парацетамол. Генерално педијатрите повеќе препорачуваат да се дава парацетамол а да се избегнува бруфен бидејќи бруфенот е посилен и може да презивика стомачни проблеми, а и поради посилното дејство дава лажна слика за реалната состојба на детето, односно детето ви нема темепратура подолг период ради бруфенот, а реално може да му е состојбата доволно лоша за да мора да се реагира. За вакцина јас не би давала ама баш ништо се додека нема некоја индикација. Ако има температура тогаш би дала парацетамол




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 14:13:37)

Фала ви [sm=smiley1.gif]blue_blue баш добро што објасни сега ја разбирам разликата и причината за изборот [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 14:16:25)

јас на Ј досега само му имам давано парацетамол. Ете и не ни знаев разликите помеѓу БлокМакс и Парацетамол.
После вакцинирање, во советувалиште, ни кажуваа да му даваме парацетамол и превентивно.
Јас му давав превентивно те. веднаш од кога се вратиме дома само од ДТП мислам и ММР.
Во секој случај, ако би било вознемирено и плачливо после вакцинација (на било која вакцина), и ако нема тт, би му дадела една доза парацетамол.




MMM27 -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 14:18:36)

Се согласувам потполно со blue_blue. Нас истото ни беше објаснато и од педијатар. Блокмакс е многу јак, едно време бил и забранет, па сега пак актуелизиран, ни препорача да го користиме само во исклучителни ситуации кога со далерон не се спушта високата температура (како што беше кај нас случај), па да комбинираме далерон и блокмакс во тек на 24 часа (далерон, па 5-6 часа па блокмакс итн, да не ме сфати некој погрешно, да направам беља со постот.)




Defne90 RR -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 14:19:08)

Бруфенот не треба да се дава на деца помали од 9 месеци и општо сите лекови како што е и блок макс кои што содржат бруфен.




Defne90 RR -> RE: Вакцинирање на бебе (27.3.2014 15:37:40)

Инаку да се надоврзам јас посебно на првото синче му ставав чепчиња ефералган најчесто така кога го носев на вакцини и после веќе кога потпорасна почнав да му давам блок макс.На второто си му давав парацетамол сируп до девет месечна возраст и после и нему почнав да му давам блок макс.И него нај ми го пијат и секогаш ми е нај делотворен и ефикасен во симнувањето на температурата и во намалувањето на болката од вакцината.




Defne90 RR -> RE: Вакцинирање на бебе (29.4.2014 15:09:33)

Денеска бевме на ревакцина за онаа детепер што е и дете леле колку само плачеше,кутрото,дури почна да ги мава и сестрите од нервоза.А олку само среќен излезе отсабалје,си мислеше дека ќе го водам конечно на прошетка.Сега го гледам расположен си е,нема температура и не му ни дадов сирупче.Па ќе чекам да видам дали ќе има некоја реакција или не,за да не му давам само за џабе сируп.




Melanija RR -> RE: Вакцинирање на бебе (29.4.2014 16:01:09)

Не сум пишала ,М ја прими првата доза на ДТП ,втората на 27 мај.
Се помина од , нормално плачка при боцкање и кенкавост .Но таа недела значи ги прими тие три и плус БСЖ, и плус ми излегуваа три заба.Превентивно не дадов ништо само облога на местот на полио два дена со Ацидиборици 3%.
Се надевам и следната ќе помине добро




mommy_angels RR -> RE: Вакцинирање на бебе (20.5.2014 13:19:30)

Конечно собрав храброст и ја однесов А на МРП вакцинација [sm=hudicek1.gif] .Бевме на преглед кај матичната,направивме крвна слика и отидовме.Па и не беше толку страшно,заплаче само дури ја боцкаше и толку.Не се жали уште,еве поминаа некои 5 часа,ама не ми дава да и ставам облоги [sm=zmeden.gif] .И личи на памукот што ја избриша сестрта таму и сега не дозволува [sm=smiley13.gif].Ајде сега уште овие 2 недели да поминат во најдобар ред,па ќе дишам [sm=smiley1.gif].Инаку доцниме точно 12 месеци,па затоа сега следна вакцина ќе ни биде после еден месец и да одмориме после до 4 години




sandriana RR -> RE: Вакцинирање на бебе (23.5.2014 9:46:17)

Постовите што се однесуваа на вакцинирање на дечињата на 4 години се префрлени во темата Вакцинирање на детето..
Во оваа тема ќе пишуваме за вакцините до 13 месеци - заклучно со ММР.




Snowhite RR -> RE: Вакцинирање на бебе (24.5.2014 13:58:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Конечно собрав храброст и ја однесов А на МРП вакцинација [sm=hudicek1.gif] .Бевме на преглед кај матичната,направивме крвна слика и отидовме.Па и не беше толку страшно,заплаче само дури ја боцкаше и толку.Не се жали уште,еве поминаа некои 5 часа,ама не ми дава да и ставам облоги [sm=zmeden.gif] .И личи на памукот што ја избриша сестрта таму и сега не дозволува [sm=smiley13.gif].Ајде сега уште овие 2 недели да поминат во најдобар ред,па ќе дишам [sm=smiley1.gif].Инаку доцниме точно 12 месеци,па затоа сега следна вакцина ќе ни биде после еден месец и да одмориме после до 4 години

Мене докторката ми рече за оваа вакцина дека нема потреба одма да се ставаат ниту облоги, ниту сируп, туку по една недела до 10 дена да се очекува реакција и тогаш да се даде сируп ако има потреба се разбира. Инаку Јана минатиот месец ја прими оваа вакцина и по една недела крена малку тт, ама во исто време извади и заб 4ка, така да не сум сигурна дека тт беше од вакцината, со оглед на тоа што после тоа и другите 4ки ги изваде со тт




natalibt -> RE: Вакцинирање на бебето (29.5.2014 23:30:18)

Sakam da ve prasam vakcinata sto mu se dava na bebeto na eden mesec vozrast dali e so reakcija ili bez reakcija ..pozz inaku nova sum na forumeot i se nadevam deka ke se druzime :)[sm=smiley1.gif]




Defne90 RR -> RE: Вакцинирање на бебето (30.5.2014 0:13:54)

Здраво наталибт и добредојде на форум.Инаку за вакцината на еден месец што се прима можам да кажам дека нема реакција.Значи слободно однеси си го и не биди загрижена оклу тоа дали ќе качи температура малото.Мене матичната ми рече дека првите реакција има дури од вакцината на две месеци што се става и тоа многу слабо тоа се случувало кај многу малку деца.Е дури од вакцината што е на третиот месец може да се очекува поголема реакција но и не мора се си зависи од детето.Така да без грижа од оваат вакцина бебето нема да има никаква реакција.Поздрав и секое добро.[sm=smiley1.gif] А овде можеш да ни се претставиш и да се запознаеме со тебе поубаво.




Dilina -> RE: Вакцинирање на бебето (8.10.2014 23:55:32)

Мамички ве молам за помош, малава не ми е плачлива ама чим заплаче мене срцето ми се пара [sm=smiley1.gif].... епа утре сме на вакцина за 3 месец и еве читам од постот на Дефне дека на 3тиот месец е поверојатно да има реакција.. што да земам превентивно? На ексклузивно доење сме, ама за недај боже да си имам нешто превентивно..... и уште едно прашање, мене матичната ми дала упат само за лабораторија, дали треба и упат за вакцината или само картончето и книшката со резултати да ги носам?

А без размислување дека сме утре закажав и на ортопед и сега се мислам да се јавам одсабајле да откажам, чим е можно да има некоја реакција? Ама и ортопедов пак ми е мн битен и итен.....[sm=zz_banghead.gif]




Bethany -> RE: Вакцинирање на бебето (9.10.2014 8:24:28)

Не ти треба упат за вакцина, само нејзина книшка.
А не би требало ништо превентивно да и даваш, моето синче немаше реакција, освен отокот на ножето, кое не го болеше, ама си стѕоеше грутка баш долго време. ама штом си дојдете дома ставај и облоги од ациди борици на местото од вакцина.
Баш ми педијатар објасни дека кога се дава превентивно парацетамол пример, тогаш се спречува вакцината да дејствува, реакцијата не е лоша работа, освен ако навистина има потреба од парацетамол.

И не го откажувај ортопед, таму ти е неколку минути работа, а ќе си симнеш товар од глава [sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Вакцинирање на бебето (9.10.2014 22:42:30)

Нема потреба од превентивно давање, јас не сум давала дури и после вакцина освен ако не крене т или да се нешто плачливи, нервозни од вакцината. Јас и облоги не ставав зашто не ме оставаа, освен ако не се појавеше оток
А ортопедот е 5 минути нема потреба да откажуваш, однеси го и мирна глава




Страница: <<   < Претходна страница  58 59 [60] 61 62   Следна страница >   >>