RE: Каде да најдам? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


bocence -> RE: Каде да најдам? (14.2.2012 15:39:33)

има на бит пазар ако си од СК




jana81 -> RE: Каде да најдам? (14.2.2012 18:44:46)

ne sum od Sk ama ke odam denovive vo Sk pa bi sakala da kupam
fala na odgovorot, verojatno ke najdam




Natuska85 -> RE: Каде да најдам? (15.2.2012 22:27:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Се ближи роденденот на син ми и сакам да има и декорација со балони во ресторанот. Арно ама кога се распрашав по фирмиве некако многу скапичко ми се виде па си викам ај сама ќе си купам балони и хелиум па ваљда поефтино ќе излезе, е сега работава е каде можам да купам хелиум за таква намена?



Луци најде хелиум?




Luci -> RE: Каде да најдам? (16.2.2012 8:28:17)

Не најдов, си нарачав од Флексбол(ги имам на ФБ)балони за крштевката и роденденот. Овие ми беа најефтина варијанта, во споредба со другите, ама па има разлика и во трајноста. Јас ги порачав за во ресторанот и од таму кога заврши роденденот си ги земавме дома зошто наредниот ден ми дојдоа гости и сакав да ми биде украсено кога веќе нормално ги дадов парите. Ама кога ги донесовме дома, сите почнаа да се издишуваат, да паѓаат од зидот. А од фирмата за балони што е во гтц не ми текнува сега како се викаше сестра ми ми донесе балони кога се породив кои стоеа скоро 2 месеца




Felly RR -> RE: Каде да најдам? (16.2.2012 8:43:48)

Леле Луци - 2 месеци, што убаво, барем ќе ти стојат. Јас кога прашував кај нас да ми направат, ми рекоа дека само три саати ќе стојат[sm=zmeden.gif] и не зедов, си направив јас дома балони и си ги ставив на масите (исто за крштевката)




Luci -> RE: Каде да најдам? (16.2.2012 8:54:30)

Овие за роденденот стоеа 24ч максимум [sm=jezicek.gif] [img]http://a1.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc7/395729_3211814143893_1522455528_33090966_1017497134_n.jpg[/img] А овие што ми ги донесоа кога се породив стоеа 2 месеца[img]http://a4.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-ash4/198420_1878812579687_1522455528_32062143_76744_n.jpg[/img]




nadica -> RE: Каде да најдам? (28.2.2012 22:41:44)

ајде жени помагајте кажувајте каде да најдам поволни играчки за во игротека со мм бидејќи сме невработени дојдовме на идеа да си отвориме своја игротека па да пробаме како ќе ни оди ама ни треба помош во ск има многу добро опремени игротеки па ме интересира од каде им се играчките




nadica -> RE: Каде да најдам? (28.2.2012 23:18:06)

помош помош помош




Viktori -> RE: Каде да најдам? (28.2.2012 23:26:35)

Nadica, зависи што бараш. Замоци за скокање има на пазар 3 од 350 евра па нагоре. Куќички и такви тракатанци како лизгалки има во Хубо маркет, дрвени куќички ако сакате во двор да поставите има во ГеоИнг мислам дека беше од 500 евра па нагоре. Зависи колкава игротека сакате да опремите и колку сакате да инвестирате.




Natuska85 -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 14:16:02)

Надица на пазар 3 имаш поволни играчки а сега ќе и свртам и на една пријателка што продаваа играчки на големо,ќе ја прашам ако продаваат уште,ќе ти пишам број да се слушнете.Браво за идеата.Игротека за во помал град е одлична инвестиција. Во Гевгелија има една или две и имаат турбо работа,родендени посебно.




kikicka -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 14:26:04)

Дај боже да ви успее надица овде во градов игротеката....Имаш во Либерта 12.000 комплет 3 работ,лизгалка ,лулашка и уште нешто имаше ама не се сеќавам што,пластични безбедни како за деца . Мада да ако земаш од едно место повеќе работи барај со попуст




Pepelaska * -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 14:41:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica RR

ајде жени помагајте кажувајте каде да најдам поволни играчки за во игротека со мм бидејќи сме невработени дојдовме на идеа да си отвориме своја игротека па да пробаме како ќе ни оди ама ни треба помош во ск има многу добро опремени игротеки па ме интересира од каде им се играчките


Јас гледав во џамбо од оние лизгалки , нишалки и сл за надвор а може па и внатре зошто да не , мислам и неа беа мн скапи.А инаку Надица и јас сакам да отворам игротека и то амногу одамна ама никако да дојдат на ред пари, и овде има само две а во населбата кај што ќе се селиме нема ниедна а има многу деца , малку сум офтопик , па може да си разменуваме идеи за работа со тебе[sm=smiley1.gif]




nadica -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 16:10:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka

Дај боже да ви успее надица овде во градов игротеката....Имаш во Либерта 12.000 комплет 3 работ,лизгалка ,лулашка и уште нешто имаше ама не се сеќавам што,пластични безбедни како за деца . Мада да ако земаш од едно место повеќе работи барај со попуст

ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###



Јас гледав во џамбо од оние лизгалки , нишалки и сл за надвор а може па и внатре зошто да не , мислам и неа беа мн скапи.А инаку Надица и јас сакам да отворам игротека и то амногу одамна ама никако да дојдат на ред пари, и овде има само две а во населбата кај што ќе се селиме нема ниедна а има многу деца , малку сум офтопик , па може да си разменуваме идеи за работа со тебе[sm=smiley1.gif]


да ама и либерта и џамбо продаваат нови производи ама од втора рака на кои имаат нивна заработувачка мене ми требаат првите поефтините [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] за да заработам де [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




arh_diz -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 16:24:55)

Nadica mislam najdobra varijanta ti e da odis vo Turcija i tamu da si kupis




Џесика -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 16:28:28)

Или кај пластичарите сигурно се поевтини од Џамбо, Атлантик-комерц или други маркети




Viktori -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 16:56:18)

кај пластичарите и во Атлантик нема крупни играчки. Освен ако не успееш да им се пикнеш во магацините.
Џамбо продава сра*е кај нас.




Viktori -> RE: Каде да најдам? (29.2.2012 17:11:33)


ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR

Nadica mislam najdobra varijanta ti e da odis vo Turcija i tamu da si kupis


Ова е најдобрата варијанта сте во можност да отидете до Турција. И со царина ќе ве фати помалку.




Luci -> RE: Каде да најдам? (3.3.2012 14:37:22)

Каде поточно можам да најдам калапи во разни форми за печење на ситни колачи?




Yummy Mammy -> RE: Каде да најдам? (3.3.2012 14:44:47)


ИЗВОРНА ПОРАКА: luci

Каде поточно можам да најдам калапи во разни форми за печење на ситни колачи?


Jas si kupiv od vero mnogu ubavi so detski formi.




AnnaMolly RR -> RE: Каде да најдам? (3.3.2012 15:10:57)

Луци, кај пластичарите имаш најразлични форми за евтини пари. Баш пред некое време ги гледав.




bombica -> RE: Каде да најдам? (4.3.2012 20:23:54)

Каде да најдам мал термос за околу 200-250мл?
Во бебе супермаркет гледам имаат оваков термос(торбичка) за шишиња само незнам колку би ја држел топла водата[sm=zmeden.gif]Има некој вакво нешто да каже дали е практично?
[img]http://www4.slikomat.com/11/0304/gom-167309.jpg[/img]




Џесика -> RE: Каде да најдам? (12.3.2012 13:21:58)

Каде можам да најдам ЦД „Храна и вино“, и ако знае некој колку емисии има на 1 ЦД.




natus -> RE: Каде да најдам? (12.3.2012 13:27:11)

Kaj da najdam ogradici, ama ne od obicnite, tenki, tuku debeli i pointersni, materjalot da ne e onoj krut, tuku mekan i so ubavi nenapadni dezeni?
sum videla na sliki no ne i po prodavnicite, pa zatoa ve molam itno mi e, koj znae da mi pise [sm=smiley13.gif][sm=zmeden.gif]




AnnaMolly RR -> RE: Каде да најдам? (12.3.2012 13:33:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bombica

Каде да најдам мал термос за околу 200-250мл?
Во бебе супермаркет гледам имаат оваков термос(торбичка) за шишиња само незнам колку би ја држел топла водата[sm=zmeden.gif] Има некој вакво нешто да каже дали е практично?
[image]http://www4.slikomat.com/11/0304/gom-167309.jpg[/image]


Јас имам од Бејби нова торбичка ваква. Демек неколку часа ја одржува температурата (ладно или топло), ама врска нема! Ставив шише жешка вода за проба и по 30 минути беше ладна.




dostickage -> RE: Каде да најдам? (12.3.2012 13:42:32)

ne brkaat rabota ovie torbicki ili termosi.
sum imala dva koga bese pomal Viktor i dvata sum gi dala




Страница: <<   < Претходна страница  9 10 [11] 12 13   Следна страница >   >>