RE: Каде да најдам? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


Neurotoxin RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 10:14:01)

Јас имам гледано во веро, ама поодамна




Veronica_Lia -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 11:13:34)

Во Тинекс кај Драмски има 100% (а сигурно и во поголемиве Тинекс маркети), а до скоро гледав и во Кам [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 11:26:28)

Фала женски ке проверам после се надевам ке најдам во некој од овие маркети [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 15:08:55)

Девојки, каде да најдам онакви џампери што се закачуваат на врата? Знаете, во кои бебето скока и само стапалцата се допираат од подот?

И исто така, кај да најдам најевтини бодија по кратки ракавчиња или боди рамбовки? Фалааа [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 15:51:53)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

Девојки, каде да најдам онакви џампери што се закачуваат на врата? Знаете, во кои бебето скока и само стапалцата се допираат од подот?

И исто така, кај да најдам најевтини бодија по кратки ракавчиња или боди рамбовки? Фалааа [sm=smiley1.gif]


За џампер види во Nuk Аеродром, Анжи, Mother Care, Adrijanocomerc- Chipolino, има нешто и на сајтов ТЕМА...

Бодињата кај нас се поскапи од Х&М на пример, но имаш една продавница кај Тутунска универзална убави беа, мислам и беа поевтинки, а секако имаш и во Стружанка и другиве што продаваат трикотажа, а и во Џамбо...




Hopeful RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 16:11:39)

Таа продавницата кај НЛБ Универзална е од поскапите, истите работи ги има во Анжи и Стружанка поевтини. Најдов во Стружанка за 180 ден, ама некако не ми е тоа многу евтино, посебно пак кога ќе споредиш дека во Х&M се живо џабе... Ништо, ќе се спакуваме сите комплет и ќе одиме таму, ем кафе покрај море, ем бебешки шопинг, посебно кога мајка се уште нема тело за дотерување [sm=smiley36.gif]




Hunny -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 17:03:17)

Hopefull на Fb гледав боди по 100 денари во бутик Лолипоп, само не знам дали уште имаат. Исто така поефтини има во Џамбо, или по бутиците и тезгите на Зелено пазарче.




Melanija RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 21:28:05)

Hopeful RR боди на кратки се супер квалитет и цена на Тритекс 180 или Џамбо но тешко за број и незнам дали уште има.Некои се со лош квалитет и одма се искривуваат и беа по 120 ден.Џампер по мене е непотребен[sm=smiley1.gif]
Така да море




lolla RR -> RE: Каде да најдам? (15.9.2015 21:36:34)

Hopeful, бодиња најефтини имаш во Стружанка на Каспер, тоа на кимони е 100 денари, а на кратки не се сеќавам мислам 140. Мене дефинитивно ми се најубави на Тритекс и на Реди бејби српските.

За џампер за на врата имам јас на Чиполино, некој ми го поклони, ама не го користиме, јас не ги обожавам дубаците. Цена му е 2700 ден од Андреј Компани, и има форма на кола во тој делот што е седалката.




lolla RR -> RE: Каде да најдам? (25.11.2015 11:35:57)

Мајки каде да најдам гумени колкички малечки за синко мој? Гледав на некоја фирма Тонка ама никаде не можам да најдам во продавница?




mommy_angels RR -> RE: Каде да најдам? (18.12.2015 13:20:32)

Домаќинки јавете се,каде да најдам готов фондан ?




sandriana RR -> RE: Каде да најдам? (18.12.2015 14:27:39)

Ако нема по маркетите големи, да прашаш во слаткарниците.




lukajana RR -> RE: Каде да најдам? (18.12.2015 15:15:40)

На Бит пазар има продавница за суровини за слаткари ,таму имаш и исто во Кам едно време имаше ама одамна не сум побарала не сум сигурна дали има




lukajana RR -> RE: Каде да најдам? (17.1.2016 17:33:57)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki

мами снегот дојде и ке оди додека да надам санка [sm=jezicek.gif]
еве и претходно сум пишала и сега пак ај пишете вие од ск некои поопремени продавници да ги најдам на интернет да разгледам таму какви санки има.. во Бт самом дрвени, метални има... [sm=smiley13.gif]
сакам пластична еве гледав на српски сајтови ппреубави има, кои за седнато дете, др со волан, кренати како на скии... а кај нас немозам да најдам такви [sm=zmeden.gif]





lukajana RR -> RE: Каде да најдам? (17.1.2016 17:36:24)

Mamakiki кај нас нема многу места каде се продаваат санки посебно пластични [sm=zmeden.gif] .
Може да проверите во Вучко ,во Џамбо имаше и најголем избор има на пластична улица е сега за квалитет каков се тоа не знам [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Каде да најдам? (18.1.2016 2:01:36)

Во Меркур имаше пред нова година санки




Snowhite RR -> RE: Каде да најдам? (20.1.2016 15:22:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaKiki

мами снегот дојде и ке оди додека да надам санка [sm=jezicek.gif]
еве и претходно сум пишала и сега пак ај пишете вие од ск некои поопремени продавници да ги најдам на интернет да разгледам таму какви санки има.. во Бт самом дрвени, метални има... [sm=smiley13.gif]
сакам пластична еве гледав на српски сајтови ппреубави има, кои за седнато дете, др со волан, кренати како на скии... а кај нас немозам да најдам такви [sm=zmeden.gif]



Јас кога бев во Скопје пред една недела видов пластична санка во Мр.Бриколаж, некаде околу 1000 дена мислам дека беше




Hopeful RR -> RE: Каде да најдам? (21.1.2016 15:06:01)

Дали знаете каде се можам да најдам бебешки јорганчиња? Сакам некое лесно, да топли, но не премногу, имаме парно. Гледав во JYSK, не беа лоши, но не знам каде на друго место да разгледам...
Која е стандардна димензија за јорганче?




Melanija RR -> RE: Каде да најдам? (21.1.2016 19:36:36)

Јорганче во Стружанка или слично.Имаме од комплет што оди со страници, јастуцница и јорганче.Ама не бе баш за само со тоа да се покрива,но ако е со подебелки пиџами е ок.




Hopeful RR -> RE: Каде да најдам? (21.1.2016 22:12:56)

Фала ти на инфо, Melanija RR. Спијат во вреќи, ги покривам со ќебенца плус, но сакам и јорганче, се ми се чини ќебенцата не се доволни.




DuffytheDuck -> RE: Каде да најдам? (29.12.2016 14:23:27)

Мајки, дали знаете каде можам да купам шушкавни ракавици за на снег за 3 годиншно дете? Проверив на пазарче Буњаковец и во неколку продавнички каде има чорапи, долна облека и освен плетени други нема. Фала !




вераинадеж -> RE: Каде да најдам? (29.12.2016 15:58:57)

Види во Џамбо,иако мислам дека е мала веројатноста,а инаку повеќе шанси има да најдеш во продавнициве за спортска опрема по трговскиве




Страница: <<   < Претходна страница  44 45 46 47 [48]