Katuska -> RE: Колку често се карате со својот партнер? (6.7.2009 12:11:15)
|
Дараги Боцко, не би сакала да ме сватиш погрешно но моето мислење во врска со вашата ситуација не е правилно од овој аспект. Најпрво не дека ја оправдувам твојата сопруга за испадот што го имала , но никој неможе да ми докаже дека на секој од нас не му се случило тоа барем еднаш до сега ( значи сите сме имале испад ), второ воопшто не е оправдано ни однесувањето на твоето прекрасно синче ( да ја тресне по глава ), но нели и тоа се случува па деца се ке кажеме така??? НО НИКАКО АМА БАШ НИКАКО неможам да ја разберам твојата реакција тука, значи, уште еднаш ке кажам тоа е мое мислење и нормално не морате да се сложите со него, тука твоето дете автоматски добива лоша слика за својата мајка, а да не го спомнувам тоа дека ти не разговараш со неа, тоа е малку себично нели??? Тука излегува дека мама е лоша и ме кара а тато е добар и ме носи да ме шета, си се запрашал ли можеби како се чувствувала твојата сопруга во тој момент, мислиш на неа и било сеедно или дека не се покајала во истата секунда?? Јас мислам дека во оваа ситуација требало да останеш воздржан кон твојата сопруга барем пред детето, а подоцна да поразговарате, а исто така и со малиот, нормално да го смириш бидејки е исплашен во прв момент, но подоцна да му посочиш дека воопшто не е добро тоа што го направил на својата мајка... Поздрав Боцко и немој да и се лутиш на својата сопруга, мислам дека дури и треба да и се извиниш што така си постапил[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]
|
|
|
|