niki -> RE: Колку често се карате со својот партнер? (25.10.2009 12:54:36)
|
Знаеш како мами? И ја ко тебе викав, се сама можам и сакам и ете среќа моја сама сум, ама навистина не е секогаш интересно да ти паѓа грбот и се тебе да те чека. Тоа што сега седам на компјутер, не е затоа што имам време туку затоа што ме мрзи. Садоперот ми е полн со садови, во куќата насекаде расфрлани играчки, за пеглање, за перење купишта, детето сум го ставила да гледа цртани затоа што ми е преку глава да и правам детски муабети, а никогаш нема никој да ме одмени. И баш би сакала да излезам со неа на прошетка и да си дојдам дома да ме пречека готов ручек, ама кој да ми го направи. Ете денес не правам ручек, ама ќе јадеме тоа што останало од вчера и вчера намерно правев дупла доза ете бар тоа нешто денес да не морам. А кога ќе дојде време за родендени, пак се мене ме чека и се спремам една недела претходно и пола работи готови ги купуваме и пак после една недела неможам куќата во ред да ја доведам, ама сама сум. И секаде, ама секаде и детето со мене го носам, никогаш нема на кого да го оставам бар на саат време. Сабајле се фарбам и неа у ВЦ сум ја ставила на шоља да седи и да ме гледа, ем сама се фарбам, ем неа да ја пазам. Колку год да сме силни, моќни, способни, сами не можеме затоа уживајте дур ви помагаат, дур ви прават и не барајте преку леб погача зошто и без леб ќе останете. Јас разбирам да се карате ако имате некои несогласици, ако ве навредуваат, ако се злобни и лоши со вас, ама затоа што ви помагаат луѓето, епа претерувате навистина и незнаете да цените.
|
|
|
|