anedespo -> RE: Колку често се карате со својот партнер? (30.7.2010 15:18:03)
|
Се караме скоро секој ден и веќе ми е преку глава[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]. Ме нервира што е лесно избувлив и се кара за секакви ситници и тоа секогаш пред децата а колку пати сум рекла ако нешто не му се свиѓа нека почека да заспијат па нека ми каже што мисли. Ме нервира што ме третира како слугинка на која треба секогаш куќата да и биде цакум пакум со напраени ручеци, испрани и испеглани алишта и прошетани и едуцирани деца. Епа јас не сум октопод. Покрај тоа што одам по децата собирам играчки и алишта, ги хранам и шетам (што ми е задоволство), треба да одам и по него да му ги собирам алиштата по цел стан, да му средувам откако ќе се најаде и да го средувам купатилото по секое негово бањање (поплава-ако влезеш така кршиш глава сигурно). Епа доста ми е од се. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sad.gif[/image]Не ме изнел никаде 3 години, ниту купил поклон за годишнина, роденден и други поводи. Биле глупост за него, а да прима поклони очите му се 5 банки. Тоа е , се надевам ќе се смени.
|
|
|
|