niki -> RE: доење на јавно место (21.3.2010 10:11:36)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: mis. а кога ќе ви дојдеа гости дома дали одевте да го подоите малото во другата соба или тоа го правевте пред гостите?Дали доевте пред свекор,свекрва или некој друг близок.Јас воопшто не се замарав дали е јавно место или не,дали некој ме гледа или не, или пак некој дошол дома едноставно кога требаше детето да го нахранам јас го правев тоа без предрасуди. Дома најчесто доев во друга соба далеку од очите и коментарите на домашните и гостите, не од срам или предрасуди, туку тоа го сметав како наше време, таа се насладуваше, а јас сакав само да зјапам во неа непречено. Инаку сум доела и пред свекрва ми и пред татко ми и пред гости и во амбуланта и во ресторан и на клупа надвор и во такси, еднаш и во интернет кафе и секаде каде било потребно, без проблем и размислување, без марами и прекривки. Не ги разбирам оние кои се против доење на јавно место, бидејќи тоа би значело жената да биде врзана дома покрај бебето минимум 6 месеци или сите излегувања да ги испрограмира да не бидат подолги од 2 часа, за да се избегне доењето на јавно место. Ух, не тоа за мене би бил робовски живот без никаква причина.
|
|
|
|