Viktori -> RE: доење на јавно место (6.5.2012 16:40:52)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring Дали би ги доеле вашите најмили на јавно место ? Дали тоа го чуствувате за непријатно или не ? Како би реагирале на погледите на љубопитните луѓе ? Јас лично сум доела кога сме биле излезени и воопшто не сум водела сметка за тие околу мене , дали ме гледаат или не...нормално сме се доеле на некое поскриено место и покриени со пеленка за мене тоа е сосема нормална работа и не гледам ништо срамно...ако мојата бебушка е гладна нема што да ме спречи да ја дојам , ако не можам веднаш да си одам дома... само таа да е задоволена и среќна[sm=smiley1.gif] Што мислите вие, какво е вашето ислуство ? ИЗВОРНА ПОРАКА: Calypso Јас сум доела на јавно место, секако, покриена со марама. Значи ако сме биле некаде во ресторан, во кафуле, во парк - ако малиот сакаше, т.е плачеше, го доев. Не го сметам доењето во кола - тоа ни беше речиси секојдневие. Меѓутоа, доста често забележувам, слушам и читам негативни коментари од други луѓе, пред се жени, девојки кои не се мајки - дека не било пристојно да се дои на јавно место. Велат дека требало да му дадам ад млеко, сокче или нешто друго, или пак дома да седам со детето, Тука се прашувам, дали нив им пречи чинот на доење или градата на мајката која не се ни гледа (бидејќи не верувам дека има жени кои од нигде никаде на јавно место видно ќе ја извадат градата и ќе му дадат на бебето да цица)? Ако морам да излезам, па непланирано се задржам, како да не го дојам? Ако не ми фаќа цуцла, како да му дадам ад млеко? Ако е помало од 5 месеци (ова само како пример), како да му дадам сокче, каша или нешто друго? Дали вие сте се сретнале со вакви конзервативни размислувања, па дури и гадливост? Јас тоа не можам да го сфатам, особено не, кога потекнува од жени. Не сме сите исти, точно е, некои навистина од срам не можат да дојат на јавно место, ама мислам дека не е во ред некој што не поминал низ тоа искуство да осудува. ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana Леле јас сум од оние што се срамат[sm=smiley9.gif] Не ми било зорт,а и не ни знаев да дојам убаво, не ми доаѓаше природно на јавно место некако, морав да бидам буквално расоблечена за да биде ефективно доењето. Башка зима беше, па и не шетавме воопшто првите 2 месеци. Инаку не ми смета воопшто кога ќе видам дека некоја мама го дои бебето надвор, онака не ни приметував кога бев девојка, ниту пак сега, сега ми е онака веќе, секојдневие нели[sm=smiley36.gif]
|
|
|
|