|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Хистероскопија
5.9.2014 22:21:30   
kapina
Bozee hsg spaga vo osnovni ispituvanja za sterilitet a tebe ne ti napravile a ti pravele 5 IVF pa neli imase I invitra preku fondot I oni sto gledale

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 576
   RE: Хистероскопија
5.9.2014 23:50:15   
gina
eee taka odgovorite od doktorite i od fond mi bea za azoospermija nema potreba od tie intervenciii osven 4D jas i dokumentite koga gi prakav vo fond gi isprakav samo so 4D i pozitivno mi odgovaraa togas taka site mi vikaa nema potreba kaj tebe se e ok i sega op septum

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 577
   RE: Хистероскопија
6.9.2014 12:19:33   
scared RR
навистина како можеле да ти прават 5инвитра без Хсг, абе кломифен не се дава без хсг па не инвитро. Прво тоа е пропуст на лазаревски кој ти го правел првото инвитро. Не ми е јасно што доктори се ццц, па после нема да читаме по интернет, море ако не ни е интернетов ќе не бафтаат ко телиња некои, ако сам не си побараш испитување никој не ти кажува. И тррдам дека секој проблем со неплодност може да се реши ако докторите постапуваат правилно, ама не, тие прават ептен пропусти и затоа со години луѓето се мачат user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 578
   RE: Хистероскопија
6.9.2014 14:43:06   
Hopeful RR
Штета, стварно, толку нервози, трошоци и време изгубено заради нечија нетемелност. Добро е што сега знаеш на што си и што уште треба да направиш.
Инаку Kvisko во право си, септумот е вродена генетска аномалија и не може да порасне накнадно, но сум чула дека може да се зголеми, па помислив да не е ова таков случај - на времето никој не го видел, а сега да. Како и да е, со ХСГ и со ХСЦ секако ќе се види точно како е.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 579
   RE: Хистероскопија
9.9.2014 14:35:49   
gina
bi sakala da vi gi pisam prviot izvestaj na Lazareski od 2009
16 den od ciklus ginekoloski naod ureden uterus so normalna golemina i forma i pravilen S-1 endometrium8mm. Ovariumi po 6-7 antalni fol. Duglas prazen.

od 2014 18 den od ciklus uterus so nekolku mali moimatozni intramuralni i subserozni cvorcinja do 1sm kavumot so subseptum do 5mm
endometrium proliferativen trialaminaren 6mm
desen opvarium so 5 antralni folikuli, leviot so z a.f
duglas prazen

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 580
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 13:31:08   
Kvisko
Gina само ќе ти кажам дека ми е жал што си се намачила заради лекарска грешка. Тогаш Лазаревски не го видел септумот запто не е секогаш лесно да се види на ехо зависи од положбата. Сега што е тука е. Обавезно хистероскопија па било што понатаму.

Со среќа.

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 581
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 14:58:25   
Hopeful RR
gina, и мене ми е жал, но ајде да не избрзуваме со обвинувања - сепак Лазаревски е одличен доктор. Може што вика Kvisko од таа положба тогаш не се гледал септумот, може тој ехо апаратот тогаш не бил доволно прецизен или софистициран како овој сега, едноставно, се случило и тоа е тоа. Важно сега знаеш на што си, и ќе се реши. Него, каде ги имаш правено IVF-та? Ако е некое кај Лазаревски, следниот пат баш прашај го зошто го направил без ХСГ и ХСЦ, може па си имал причина човекот...
Како и да е, со среќа на хистероскопија па после и user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 582
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 16:29:55   
LoveableMe RR
Мислев никогаш нема да пишам во оваа тема, но ете ме и овде. Денес кај др. Димитров кога бевме гледаше документација повторно, ме гледаше на обично ехо и рече јас би ти препорачал да направием хистеро-лапаро да сме начисто, да нема некој проблем, па да не успее ИВФ-то и овој пат.

Тој како да видел можна преграда на матката, која рече е вродена и можеби ако стварно е тоа (бидејќи сега не се гледа убаво), дека може да било причина за мојата биохемиска бременост и тоа е она што го тера меѓу другото да ми препорача ваква интервенција. Рече дека е скапо околу 1000 евра ако се прави таму, а на Клиника ќе треба да чекам термин и да пијам претходна терапија хормонска, што јас не ја поднесувам баш многу. Ако правам кај него, ми рече дека се прави одма после циклус без терапија. И ми рече дека ако работел на државно и сум дошла за ИВФ, без таа интервенција не би ми правел ИВФ ни под разно, дека прво ќе побарал лапаро-хистеро па потоа ИВФ. Рече дека на нас остава дали ќе одиме со ваучерот и ако евентуално не успее, тогаш да правиме интервенција или ако сакаме да правиме интервенција, тогаш да отидам за 2 недели и да ја направиме. Ако е се во ред, рече веќе нареден циклус може да почнам со ИВФ, ако има нешто рече тек после 2-3 месеци ќе правиме ИВФ и пак ќе имаме време да го искористиме ваучерот.......

Многу тешка одлука ни даде да ја донесеме сами, не знам што да правиме, ќе се одложи многу работата, а од друга страна сигурноста со лапаро-хистеро е многу поголема ми рече и тој и сигурна сум дека вие ќе пишете исто така дека е подобро. Но акко нема ништо, џабе сум ја правела, ќе потрошам пари, а ако чекам на Државно, ќе помине многу време и ми е страв за ваучерот.....user posted image

Главава денес ми е за никаде, многу сум збркана, имам време до понеделник да одлучам, ако правам директно ИВФ, почнувам во понеделник со терапија, ако не, ќе треба да размислувам за интервенција.... сакав да ја видам постапката на интернет, како изгледа ако се прави само снимање во камера и ако е се во ред, тогаш нема бушење на 4 места на стомакот или без разлика дали има или нема проблем, ги ставаат тие сондите во папокот и стомакот?

Извинете за долгиот пост, ама ептен сум на мисла дали да правам и дали имам време (поради ваучерот) за државно или морам кај него, се ми е измешано.....?user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 583
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 16:49:34   
kapina
Toa sepravi so celosna anestezija jas imam dva reza no prethodno imav operacija na slepoto crevo I rez od 10 santimetri oti bese ispukano I nemozea da me secat me secea samo pod papokot I na levata strana vo oglavno nisto strasno ne e

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 584
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 16:59:34   
nataly86
Кај мене беше слична ситуација...само што јас прво направив офис хистероскопија без анестезија и терапија и неа се виде дека имам преграда, но сепак одлуката беше моја дали ке правам ИВФ или операција па ИВФ...исто и мене ми рекоја дека можи да не прави проблем а може да дојде и до спонтан...
Јас се одлучив за операција и после 4 месеци почнав со терапија за ИВФ..

Мој совет можеш да направиш офис хистероскопија па со тоа ке бидеш начисто дали има или нема преграда...

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 585
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 17:05:46   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: nataly86

Мој совет можеш да направиш офис хистероскопија па со тоа ке бидеш начисто дали има или нема преграда...


Nataly86, ти благодарам многу, навистина ми значи секој совет. Да те замолам да ми кажеш каква е таа офис хистероскопија, кога се прави, на кој ден од циклус, како тоа изгледа и сл.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 586
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 17:42:41   
kapina
Napravi si I laparoscopija I histeroskopija em ke se vidat I jajnicite o
kaj mene bese se naednas. ako mozes na klinika da zavrses poskoro e ok

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 587
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 17:48:04   
Kaya
Лавбл сега гледам дека тука си напишала на долго.. Јас не би ризикувала и би направила тоа што вика докторот, бидејќи навистина можеби тоа е причината за претходните пати.. И да нема ништо ќе бидеш на чисто дека е се ОК и ќе бидеш релаксирана, а вака ќе се секираш. И ако навистина има преграда и да биде успешно ивф, може да биде причина за не дај боже спонтан абортус.. Тоа е мое мислење, одлуката е твоја..

_____________________________

PCOS+олигоастеноспермија, 1 обид за IUI= /, многу малку пливачи :) 1 IVF - тешка хиперстимулација, freeze all; 2 FET=/, во план трет FET...

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 588
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 19:02:09   
LoveableMe RR
Се јавив кај др. Таше во Плодност, бидејќи само тие во Македонија имаат таков офис хистероскопија метод и опрема, ми рече тоа се прави веднаш после циклус, тогаш се утврдува дали има промени, прегради, а се отстрануваат и мали миомчиња, без анестезија амбулантски.

Доколку се утврдат поголеми проблеми, тогаш се прави хистероскопија. Тој ми рече дека таа метода ја прави само доколку утврди проблем на 4Д ехо, или со ХСГ. Затоа ми рече ако сакам да одам да ме види на 4Д ехо и да види снимки ХСГ, па да ми каже дали треба или не да прави офис хистероскопија или нешто друго. Барем беше фер кажа отворено што мисли дека треба да се прави. Исто ми кажа што и да правиш, кај и да се решиш за ИВФ, само 3-4 доктори вистински ја разбираат работата и со такви да соработувам, но не ми кажа имиња, а и јас не инсистирав кои доктори.

Офис хистероскопијата инаку чини 7000 денари, а на друго место изгледа ја нема, бидејќи вртев во Систина не знаеја за овој метод, а во Ремедика не ми ја ни предложија, претпоставувам зошто ја нема. На Клиника др. Трајковски ми рече пак да одам да ме види на 4Д ехо и потоа ќе ми каже и тој мислење.

Гледам дека треба да се прашаат повеќе доктори за човек да формира мислење. А оваа офис метода која е нова, многу значи бидеќи се избегнува пиење хормони и анестезии ако нема потреба навистина од тоа. Ако ја има на државно, не би чинело повеќе од 700 ден претпоставувам и би им ги олеснило животите на многу пациентки....

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 10.9.2014 19:03:55 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Kaya)
Непосредна врска до пораките: 589
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 19:13:30   
Anonimen
abe ovie privatnive na site septumi im iznajdoja sekoja vtora zena septum bre majkata, kako toa ne se videlo pred toa na hsg abe ajde za pari mozi e user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
  Непосредна врска до пораките: 590
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 19:22:35   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Anonimen

abe ovie privatnive na site septumi im iznajdoja sekoja vtora zena septum bre majkata, kako toa ne se videlo pred toa na hsg abe ajde za pari mozi e user posted image


E па тоа ми кажа и др.Таше, дека преку 4Д ехо или ХСГ може да се утврди тоа, а и сега по ново со ова офис хистероскопија......

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 591
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 20:25:26   
Lilja Maria
Zdravo devojki!

Kolku vreme otprilika se ceka vo drzavna za histeroskopija?Jas koga bev za vtora inseminacija Tofoski na izvestajot napisa ako ne ostanam bremena do septemvri da se napravi Histeroskopija.Mi rece ke dojdis vo septemvri po istorija na odelenie.E sega ne mi e jasno,pak li treba da odam na pregled kaj Tofoski ili treba da vadam bolnicki upat za histeroskopija?Dali nekoj ja znae procedurata mi rece deka od septemvri ke ima slobodni termini,kolku vreme se ceka otprilika?Pozz

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 592
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 21:40:27   
Hopeful RR
Loveable Me, е не ми се верува, се изнервирав и јас со муабетов! user posted image
Некако чудно ми звучи муабетот на Димитров - се некако како да те тера да правиш на приватно. Ај тоа, него зошто порано не кажал дека треба лапаро/хистеро? Ова не ти е прва консултација со него... можеше летово тоа да го средиш наместо сега се на брзање. Плус - ако не е сигурен за септумот, нека направи ХСГ, тоа е бар лесно, мора ли од одма хистероскопија? И зошто па плус и лапароскопија, кои индикации ги гледа?
Друг момент ми е тоа што септумот нема никаква врска со биохемиската - мене мојата биохемиска ми се случи после отстранувањето на септумот, и биохемиските се случуваат од генетски или имунолошки причини, а не физички - тоа не ни стигнало да порасне толку големо за да бутка септумот од горе... Малце ми е се ова чудно и сомнително, најискрено. user posted image
Не викам да не ги направиш, јас додуша мислев дека веќе и си ги направила пред првото ИВФ, но околностите ми се под знак прашалник. Ова со офис хистероскопија ми е ок солуција, во комбинација со ХСГ или па во тој случај може и не мора ХСГ, ако се гледа доволно само така. Во секој случај, 7000 ден не е исто што и 1000 евра, да можевме тек така да фрламе пари по болници немаше да бараме ваучери и да губиме месеци и месеци... user posted image
Не знам што да кажам, навистина. Ако имаш шанси да збркаш врски на Гак и да видиш дали може бар консултација или само хистеро, па пак да стигнеш на време со ваучерот... А како тоа планира без терапија да прави хистеро/лапаро? Јас примав Дановал за да се исчисти матката за поголема видливост, и тоа траеше. Без терапија да не не е истата прегледност?
Мора да има решение, не се секирај. Извини што вака возбудено ти пишувам, ама многу се изненадив, не е фер.
Пиши ни user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Lilja Maria)
Непосредна врска до пораките: 593
   RE: Хистероскопија
10.9.2014 22:11:10   
kapina
I jas potpolno se soglasuvam so hopeful znaci kako toa letoto ne go videl septumot jas pred laparoihisteroskopijata piev jasmin no kaj mene bese operativna za otstranuvanje na athezii priraslici od operacijata na slepoto crevo tie athezii prvo se vidoa na hsg. no polipite I miomot ne miomot bil mal I ne go otstranile

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 594
   RE: Хистероскопија
11.9.2014 8:51:42   
LoveableMe RR
Еве ме мене од сабајле, фала ви на сите за коментарите и мислењата многу ми значат во овој момент. Значи, имам правено ХСГ, немаше да ми дадат ваучер за ИВФ ако го немав тоа, наодот е уреден, барем така ми кажале докториве што го гледале. 4Д ехо правев два пати за поднесување во ФЗО и не ми беше кажано дека има проблем.

Денес бев кај др. Трајковски на 4Д ехо, рече дека гледа нешто ситно што е многу мало, но тоа според него не претставува проблем. Рече ако сакаш, може да направием хистероскопија следен циклус, да бидеш мирна, но и дека ќе консултирал колегиум за ова и ќе ми даде мислење во текто на денот треба да му се јавам.

Се јавив и во Плодност, закажав 4Д ехо да ми направат викендов, да и ако др. Таше ми го каже истото, тогаш ќе правам интервенција, мислам кога собирате мислење од повеќе доктори, на крај ако сите викаат исто, бар да знам што да правам. Тој ми рече на 4Д ехо се гледа дали треба да се предложи хистероскопија, офис хистероскопија за помал зафат и сл.

За офис хистероскопијата се согласувам ептен е добро без анестезија и терапија прво да се утврди дали има потреба од интервенција или не, отколку само да се измачуваат пациентките со терапии, оперативни зафати и сл, ако нема навистина потреба од тоа.

Др. Димитров сакаше целосно да исклучи можност од неуспех на ова ИВФ, затоа и предложи зафат, бидејќи кога целосно ќе се исклучи можноста за промени во матката, шансите за успешен ИВФ резултат се многу поголеми. Само не знам зошто спомна лапаро-хистеро заедно, кога јајниците ми се во ред, немам цисти и сега сум збунка?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 595
   RE: Хистероскопија
11.9.2014 10:23:47   
Hopeful RR
Loveable Me, добро е, сега е веќе поинаку со второ мислење. Секако е добро што ќе одиш и во Плодност, па ќе видиме и ос таму. Предлогот на др. Трајковски ми е солиден и совесен, а ако правиш хсц следниот месец нема да имаш проблем со ваучерот. Што мисли тој за лапароскопијата, има ли воопшто потреба? Ние тука сме далеку од стручни, ама како тебе, и мене ми е нејасно зошто лапароскопија. Ајде, со среќа на прегледот во Плодност user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 596
   RE: Хистероскопија
11.9.2014 10:24:57   
scared RR
Можеби сака да види какви се каналите со лапаро..ама пене не ми е јасно како до сега на 4д ехо не ти е виден абе се гледа одма тој и најситен да е , и кај мене доста мал беше ама одма се виде ина хсг и на ехо user posted image Според мене најдобро е да си ја направиш таа офис хистероскопија најточна ќе ти е, не е ептен скапа, а кога ќе видиш и ехото не е баш евтино на приватно така да додај уште малце пари па после мирна ќе си и 100 посто сигурна дали има/нема нешто. user posted image И, да треба да ја правиш ништо страшно, апчињата што ги пиев јас пред тоа беа Данасин од систина ми ги дадоа 7 дена од прв ден циклус до последниот ден пред интервенцијата 3х2 ама многу добро ги поднесов , а ни јас не сум нешто многу толерантна на хормониuser posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 597
   RE: Хистероскопија
11.9.2014 11:03:34   
LoveableMe RR
Фала ви девојки многуuser posted image . А колку е 3Д/4Д ехо на приватно? Јас го правам на државно и не знам...за да споредам со офис хистероскопија што ми рече scared.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 598
   RE: Хистероскопија
11.9.2014 11:46:56   
lolla RR
Во Систина јас правев 4д ме кошташе 2000 ден, во ремедика мислам е 1500 ден. Јас тогаш ја прашав матичната дали има во државна 4д ми рече дека нема па се опрчив 2000.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 599
   RE: Хистероскопија
11.9.2014 12:00:08   
scared RR
Тука најдов ценовник од плодност ама нема за 4д ехо најубаво прашај ги, пиши им на маил јас имам прашувано одма ми враќале user posted image
Е сега гледам за офис хистероскопија стои цена 12000 user posted image а гледам и ХСГ 7000 што е доста скапо за разлика од систина каде што е 4000 user posted image веќе налет со ова давање пари по приватниве user posted image

administrator: надворешни линкови не се дозволени, остануваат за информација на модераторот

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 11.9.2014 12:31:17 >

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 600
Страница:   <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  22 23 [24] 25 26   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?