|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Мени во детските градинки
9.9.2013 15:18:15   
AnnaMolly RR
Јас па до сега немам приметено дека им даваат нешто поинакво од тоа што е на список. Секој ден го прашувам Филип што јаделе и тој ми кажува, па проверувам на менито и точно тоа што рекол, тоа им даваат.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Мени во детските градинки
20.10.2013 10:13:59   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Jas voopsto ne sum zadovolna od hranata koja im ja davaat vo nasava gradinka...bidejki nemam prilika da ja nosam i da ja zimam,vcera ete se pogodi jas da ja zemam i jelovnikon e sto da vi kazam,prvo sum iznenadena ,a i podolgo vreme diskutiram so majkive za toa e sto drugive gradinki imaat po dve uzinki a kaj nas edna samo i toa im ja davaat od koga ke stanat od spienje...mandjicki ok ima ama dorucekot ne me bendisa kako i uzinkata...ednas nedelno samo ovosje,ostanatoto e krem banana,coko biskvit,piding,nekoja lenja pita ili krofna,cokoladno mleko,sokce...
dorucek nekoj namaz od tuna i majonez mislam helooooy,posle eden den lepce so kremce i mleko,drug den lepce marmaladce i caj
seriozno ke se zaangaziram okolu ova preku roditelive sto se vo sovetot,a i mnogu me interesira zosto im e uskratena ednata uzinka na decava


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR

туна и мајонез? од самата помисла на комбинацијава ми се згади user posted image
Навистина толку има поубави и сувишно е да кажувам поздрави работи, не мора ни да бидат поскапи, јаболко не е поскапо од крем-банана пример, ама ајде user posted image


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

И ова со храна исто така. Сите само си правиме муабети, аманикој ништо не презема. Еве пред некое време наидов не еден податок на страната на Институт за јавно здравје, дека веќе годинини наназд тие ги оценуваат менијата во градинките, како дел од нивните обврски, и тоа негативно. А досега никој тој документ не го искористил да лобира кај надлежните за промена. И друга работа, Институтот имал надлежност само даја оцени состојбата, а не да побара промена. И се губиме во лавиринтот, кој иманадлежност да побара прмена? Ама ние како родители и засегната страна, сигурно имаме.


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

dorucek nekoj namaz od tuna i majonez mislam helooooy,posle eden den lepce so kremce i mleko,drug den lepce marmaladce i caj
seriozno ke se zaangaziram okolu ova preku roditelive sto se vo sovetot

и кај нас менито воопшто не ми се допаѓа.Ајде ручек манџички,едната ужинка обавезно овошје,ама доручекот е катастрофи живи.Еве денес пржени лепчиња,предходно еурокрем па и морало со ЧОКОЛАДНО млеко,друг ден ајвар со чај и така цел месец....што убав старт на денот user posted image , а бебињата еден ден имаат попара со варено јајце и леб ?????????? Што чудо е тоа ?
Не разбирам што е проблемот да се набават житарици наместо еурокрем? Една крем бананка во 8 часа им е сосема доволно шеќер.



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 9:20:06   
Felly RR
Пред некој ден имавме состанок со Советот на родители во градинка и директорката ни најави дека ќе има измени во менито. Некои работи вака што ги спомна, баш пријатно ме изненади, значи ќе има подобрување во менито.user posted image
Пред некој ден еве и за прв пат имаа јаболко за ужина, милион пати подобро отколку тортиците штои им ги даваат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 9:25:38   
Mihaela 2010
Pa neli najavuvaa deka ke ima promeni otkoga se sluci so decata sto se zatruja...ama mislam od narednito septemvri ke bide toa
Jas vo nasava gradinka ne sum zadovolna od dorucecite i uzinkite,im davaat ednas nedelno ovosje,banana ili jabolko,ili portokal...ete vcera bas me iznenadi so tikvata,podobro e edno parce da im dadat otkolku krem banani ili cokobiskvit...mislam deka i te kako ke ima promeni,se nadevam vo skoro vreme ke bide

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 11:54:12   
mommy_angels RR
Фели ова со свои очи да го видам,ќе мислам привидение е.
Ај се надевам дека ќе бидам пријатно изненаденаа

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 12:15:58   
Felly RR
Најавата беше за брзо време - од 1 јануари, и доста промени, како овесни снегулки, пудинг од тиква, пченка и повеќе такви житарки. Ни останува само да видиме.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 12:49:13   
vezilka RR
О, па ова е одлична вест. Нека почне со некоја градинка,па потоа и ние родителите во нашите градинки ќе укажеме на добрите примери од оние градинки кои смениле мени. А Felly ќе има липромена во цената? Ви споменаа ли такво нешто?

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 12:55:11   
Mihaela 2010
jas mislam i da ima promena vo cenata site roditeli bi se slozile,trgam od sebe,ako znam deka menito e odlicno,bez onie sekojdnevni gluposti od cokoladca do tortici...ete go mojot primer,doma pecam tikva taa ne jade,vo gradinka jade,znaci sepak gradinkite se i onie koi im gi nametnuvaat navikite na decata...jas i pruzam se doma no ako ne saka nemozam so sila da i otvoram usta i da i butnam

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 13:23:08   
sandriana RR
ќе има липромена во цената? Ви споменаа ли такво нешто?


Мое мислење е дека не би требало да има промена во цените - ако се свртат кон овошје, пченица, тиква и сл., малопродажната цена им е пониска од онаа за тортици, банички, штрудли купечки и сл. А тек ако се направи математика за купување на големо-ќе им останат вишок пари user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Мени во детските градинки
29.11.2013 13:28:15   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

ќе има липромена во цената? Ви споменаа ли такво нешто?


Мое мислење е дека не би требало да има промена во цените - ако се свртат кон овошје, пченица, тиква и сл., малопродажната цена им е пониска од онаа за тортици, банички, штрудли купечки и сл. А тек ако се направи математика за купување на големо-ќе им останат вишок пари user posted image



Како ли ќе ги потрошат се чудам? Шала на страна и јас сум на исто мислење. Туку мислев онака по дифолт, штом менуваат нешто да не сменат и цена.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Мени во детските градинки
30.11.2013 19:29:08   
Snowhite RR
Епа ова е супер вест, баш и јас се изненадив пред некој ден кога видов јаболкко за ужина, до сега само банана му даваа и портокал кога беше сезона

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Мени во детските градинки
5.12.2013 10:59:30   
green house
Green House е градинка која се грижи за правилниот раст и развој на децата, особено внимание се посветува на здравата исхрана. Листата на оброци ќе се изготвува на месечно ниво од страна на дипломиран нутриционист Цвета Динева. Менито е прилагодено за децата од оваа возраст и ќе се состои од два оброка и две ужинки.
Уписите се во тек!



Администратор: Постот е уреден, не се дозволени надворешни линкови.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 5.12.2013 12:07:59 >

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Мени во детските градинки
5.12.2013 13:41:20   
elenak
Моето дете не оди во градинка ама без оглед на тоа, јас би се залагала за промени во менијата и за што повеќе здрави намирници ама мислам дека проблемот не е во градинките, всушност децата не прифаќаат такво мени затоа што воглавно од дома немаат такви навики. Секоја чест на исклучоци.
Мислам дека децата не треба во градинка да научат да се хранат здраво. Имам пријателка што работи во градинка и по нејзини кажувања на децата им се нуди на пример намаз од урда со рендан морков и парченца брокула ама сето тоа завршува во канта а децата остануваат гладни. Кога доаѓа ред на леб со еурокрем се јаде во неограничени количини. Е не верувам дека е тоа лоша навика од градинка. Единствено што може да се промени е повеќе овошје да се воведе и разноврсно да е, а не само јаболко, банана и портокал.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот green house)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Мени во детските градинки
5.12.2013 14:55:17   
Slagjana

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

мислам дека проблемот не е во градинките, всушност децата не прифаќаат такво мени затоа што воглавно од дома немаат такви навики. Секоја чест на исклучоци.
Мислам дека децата не треба во градинка да научат да се хранат здраво.


Со ова не се согласувам во целост. Децата што од најмала возраст одат во градинка и таму стекнуваат навика за јадење. И да не јадело дома здрава храна детето на 1-2 години ќе се научи тоа да го прави во градинка. Таму се натпреварува со другите деца и полесно ќе прифати нешто ново. Инаку и кај нас в градинка почнале да даваат овесна каша за појадок и цвекло за ручек. Сите деца останале полугладни, ама мислам дека со тек на време посебно помалите деца ќе го прифатат ова јадење.

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Мени во детските градинки
5.12.2013 23:54:39   
mommy_angels RR
Ниту јас не се согласувам Еленак. Ќерка ми го откри кремот во градинка. Пржените лебчиња,чоколаднто млеко и ајварот исто така. Според мене ова не е храна за деца,а посебно не за пој.док. Не дека го чувам детето само на овошје и зеленчук си ручка таа и чоколадка и грицки.

(Одговор на членот Slagjana)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Мени во детските градинки
6.12.2013 10:13:54   
sandriana RR
Дечки,
вчера добивме анкета за менито во градинка - па затоа и тука пишувам, а не во анкети.
А муабетот е следен - воведување на дополнителен топол оброк (како дополнителна услуга), кој би го земале за дома, кога ќе го земеме и детето.
Понудени се 4 менија, за 4 недели - и се комплетно главно јадење со лепче и салата (сезонска или туршија).
Менијата се солидни, стандардни, она што го спремаме и по дома - варијанти на мусака (од компир, тиквица или модар патлџан), манџи - боранија, грав, ориз, пире, риба, пилешко, динстано јунешко...
Цена на оброк - 50 денари, но на месечно ниво - вкупно 1000 денари.
Оставиле простор за коментар - дали ни се допаѓа изборот на храна, и што би смениле.

Тоа се новините кај нас, во однос на храната.
Во АНкетирање ќе пишам за потреба или луксуз по прашањево.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Мени во детските градинки
6.12.2013 10:45:16   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Дечки,
вчера добивме анкета за менито во градинка - па затоа и тука пишувам, а не во анкети.
А муабетот е следен - воведување на дополнителен топол оброк (како дополнителна услуга), кој би го земале за дома, кога ќе го земеме и детето.
Понудени се 4 менија, за 4 недели - и се комплетно главно јадење со лепче и салата (сезонска или туршија).
Менијата се солидни, стандардни, она што го спремаме и по дома - варијанти на мусака (од компир, тиквица или модар патлџан), манџи - боранија, грав, ориз, пире, риба, пилешко, динстано јунешко...
Цена на оброк - 50 денари, но на месечно ниво - вкупно 1000 денари.
Оставиле простор за коментар - дали ни се допаѓа изборот на храна, и што би смениле.

Тоа се новините кај нас, во однос на храната.
Во АНкетирање ќе пишам за потреба или луксуз по прашањево.

Kaj nas nema nikakva anketa,nikoj nisto ne spomnal,i bas me cudi kako nekoi raboti se sproveduvaat vo edni gradinki a vo drugo nistouser posted image ,site gradinki treba da se tretiraat podednakvo ,ili inicijativite se interno,sekoja gradinka svoja politika????

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Мени во детските градинки
10.12.2013 23:17:44   
Felly RR
Кај нас еве веќе стартуваа промените за кои пишав погоре. Денес за појадок имале овесни снегулки, ама на М не и биле убави - им ги дале со млеко, а дома јас и правам со јогурт. Е ужинката не знам што им била, тоа баш ме интересира.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Мени во детските градинки
13.12.2013 17:38:50   
Bethany
еве денес прошетав до градинка во која би требало да го запишеме син ни.

Надвор стои табла со менито, од летото уште највероватно, бидејќи на менито од понеделник-петок има и диња и лубеница и грозје, а не верувам дека им го дават овошјето надвор од сезона.
Ако ништо барем има овошје секој ден на менито, па се надевам дека е и генерално така. Стоеше и сезонска салата секогаш со ручек.
Видов дека нема тортици, бонжитки и слични грицки на менито, ама она што не ми се допадна беше пример:
во понеделник за појадок стоеше намаз со туна и потоа во ист ден, втора ужинка намаз со туна user posted image
Или следниот ден намаз од маргарин со јајце мислам беше.
Од благи работи видов чоколино, лепче со еурокрем, сутлијаш и тоа ајд може и да пројде, тоа и дома му давам некогаш , а и прва ужинка им е секогаш овошје...
Дома секако има подобро мени, дај Боже нешто да се смени, или ќе биде како сите така и ние.
Додека бевме таму, имаше и инспекција во градинка дојдена од Скопје, па се надевам можеби дојдеа со некои барања за реформи, тие што се спомнуваат, или беше само некоја рутинска контрола.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Мени во детските градинки
13.12.2013 18:30:33   
Felly RR
А по колку ужинки има во другите градинки? Дали се по две секаде? Зошто кај нас мислам дека има само една ужинка - после спиење.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Мени во детските градинки
14.12.2013 9:22:11   
sandriana RR
Колку знам, секаде се по две ужинки Felly - една меѓу појадок и ручек, и таа е најчесто чај, сок, и една после спиење - овошје или пециво.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 14.12.2013 15:27:18 >


_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Мени во детските градинки
14.12.2013 10:01:18   
Bethany
Тука јас што гледав има овошје обично прва ужинка, а втора нешто мачкано, намаз со туна или лепче со еурокрем колку што запамтив.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Мени во детските градинки
14.12.2013 15:30:48   
Felly RR
Кај нас во градинка со појадокот им даваат чај или млеко, па може така ги поврзуваат ужинката и појадокот заедно. Не знам, ама М никогаш не ми спомнала да имале две ужинки, исто и воспитачките кога кажуваат што јаделе - кажуваат само појадок, ручек и ужинка после спиење.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Мени во детските градинки
14.12.2013 15:55:04   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

А по колку ужинки има во другите градинки? Дали се по две секаде? Зошто кај нас мислам дека има само една ужинка - после спиење.

Ete vo nasata gradinka e edna uzinka,ja davaat otkoga ke stanat od spienje,pa taka koga ide zenava da ja zeme cesto znae da kaze pricekav posto jadea uzinka,neli ako e nesto kako sutlijas,puding ...ako e ovosje im gi davaat za doma
I jas bas se cudev zosto vo nekoi e edna a nekade dve ama navodno brzo im bilo od dorucek do rucek pa zatoa edna samouser posted image

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Мени во детските градинки
13.1.2014 23:01:04   
Felly RR
Утре на мени имаме и бурек со паричка user posted image мора традицијата да се тера и во градинка.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?