Vladymir во 08:25
на тема RE: Совети за зајакнување на имунитетот на вашето дете?
Автор:
Редакција Рингераја
Декоративни и вкусни
Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте 12 калапи за мафини со малку маргарин. Покријте со хартија или корпи за печење. Во голем сад просејте го какаото. Додадете врела вода и мешајте додека не се изедначи. Откако малку ќе се излади, додадете ги јајцата,3/4 шолја путер, шеќерот, брашното, прашокот за пециво. Изматете сe со миксер. Смесата поделете ја во 12 калапи за мафини. Внимавајте да не ги преполните калапите, бидејќи тестото ќе нарасне. Печете околу 25 минути. Извадете ги мафините од рерна и оставете ги да се изладат 10 минути пред да ги ставите да се изладат на решетка. За глазурата: Во сад изматете 1 чаша путер со екстракт од ванила. Треба да се добие мазна кремаста смеса. Додадете 1/3 од дадениот шеќер во прав и околу половина од млекото. Повторете го ова уште неколку пати додека не ја додадете целата количина шеќер во прав и млеко. Матете додека не се изедначи. Додадете го џемот од малини и повторно изматете за последен пат. Откако ќе се уверите дека мафините се целосно ладни, наполнете ја смесата за глазура во кеса и украсете ги кексите. На крајот, на секоја мафина ставете по една свежа малина.
Време на подготовка од: 50
Време на подготовка до: 70
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3
1/3 чаша какао во прав
1/3 чаша врела вода
3 големи јајца
1 и3/4 чаши масло на собна температура
3/4 чаша шеќер
1 чаша брашно
2 лажички прашок за пециво
3 чаши шеќер во прав
1 лажичка екстракт од ванила
2 лажици свежо млеко
3/4 чаша џем од малини
12 свежи малини за декорација
Домашна работа.
пеперутка16
Со какви домашни работи најчесто се занимава вашиот сопруг?