cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Екстерно тестирање

  
clock-img

22.05.2013, 09:44

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Во теоријата и во практиката што го проучува процесот на оценување или мерење на нечие знаење се вели: да се оцени ученик со погрешна оценка (или процена на нечие знаење) е полошо отколку тој да не добие оценка. Сегашнот концепт за екстерната проверка на постигањата на учениците е новина во македонскиот образовен систем, кој ги има основните цели:
- да им овозможи на учениците да согледаат што навистина знаат,
- да им даде можност на наставниците да ја проверат објективноста на оценувањето што го практикуваат.

Електронското екстерно тестирање ќе се одржи во сите основни и средни училишта, почнувајќи од 27.05.2013 до 10.06.2013 година, секој ден, вклучувајки ги и саботите. (освен 08.06.2013 год. поради одржување на државната матура).

Извадоци од Прирачникот за Екстерно тестирање



Што мислите вие за екстерното тестирање?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 22.5.2013 9:47:24 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

22.05.2013, 11:17

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Smetam deka ne e adekvaten nacin da se proveri rabotata na nastavnicite ili znaenjeto na ucenicite. Doplnitelno se optovaruvaat ucenicite da se spremaat za testiranjeto. Sega nekoj ke rece deka se raboti za prasanja koi sto se lesni, no sepak faktot deka sleduva testiranje e psihicko optovaruvanje za sekoj ucenik i roditel sto ne smetam deka doprinesuva za realna procenka na sostojbata.
Jas se slozuvam deka treba da se vrsi proverka za rabotata na nastavnicite no ne na vakov nacin, ne sum dovolno kompetentna da kazam so kakov no sigurno ima luge od ovaa oblast koi sto bi mozele da najdat nekoj posoodveten nacin.
Isto imam slusnato deka ovie ocenki im vleguvaat vo vkupnite ocenki sto ucenicite gi dobivaat na kraj, odnosno vlijaat na uspehot. Ova pa uzasno mi smeta so samiot fakt deka za ista materija nekolku pati ke se polaga, pak ke kazam dopolnitelen stres za site. Plus na edna ocenka ne treba da vliae samo znaenjeto na testot, bi trebalo da ima i drugi parametri aktivnost, kreativnost na ucenikot vo tekot na celata godina....
Nekako site eksperimentiranja koi sto se pravat kaj nas so ucenicite mi se nedovlno analizirani kako proekti, neizdrazni, samo ke gi pustat taka i da videle kako ke se odviva...Ednas sledev edno intervju so nekoja gospoga od MON tokmu za ovoj proekt i site argumenti (ako mozea da se kazat argumenti) i bea turnati vo voda, se cudev kako nemase ama bas so nisto da go poddrzi ili opravda ova eksterno testiranje...
Namesto da se nasocime malku kon poveke prakticna rabota, razvivanje na kreativnosta na decata, voveduvanje nekoi novi kreativni aktivnosti, pravilno nasocuvanje i vospituvanje.... nie znaeme samo da testirame luge...se trosat pari za nepotrebni aktivnosti.
Kategoricno NE za eksternoto testiranje!


_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

22.05.2013, 11:41

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

A bas bi sakala nekoj roditel od iskustvo da kaze kako go doziveale ova eksternovo. Od ona sto jas go slusam bilo haos, se menuvale predmeti i termini , se toa vo kratok rok. Profesorite gi isprasuvale decata na cel materijal po nekoj daden predmet za da ne se promesi testot ... Se e toa haos i opteretuvanje nepotrebno.
Nekoi nastavnici se stitele so toa sto ocenkite ke gi zaklucuvale posle ispitot (neznam ova kako, ne mi e jasno) no se na se mi izgleda mnogu haoticno.
I cel ovoj haos na kraj ke vliae na vkupniot uspeh na ucenikot.
Strasno! user posted image
Treba da se ima nekoja roditelska inicijativa protiv vakvi loso osmisleni proekti....user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

22.05.2013, 11:52

clock-img

amateuress

pencil-img

253

според болоња, дури ни студентите веќе не полагаат испите на цел материјал од еден предмент, а ние им го тупнавме тоа на деца од основно.
освен ако не е тестирањето многу општо, мислам дека е само дополнителен, непотребен стрес за децата.
а во оценка колку што знам јас, освен знаење мерливо на писмен текст, влегуваат и други елементи.

clock-img

22.05.2013, 11:52

clock-img

Џесика

pencil-img

2036


ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ

Nekako site eksperimentiranja koi sto se pravat kaj nas so ucenicite mi se nedovlno analizirani kako proekti, neizdrazni, samo ke gi pustat taka i da videle kako ke se odviva...Ednas sledev edno intervju so nekoja gospoga od MON tokmu za ovoj proekt i site argumenti (ako mozea da se kazat argumenti) i bea turnati vo voda, se cudev kako nemase ama bas so nisto da go poddrzi ili opravda ova eksterno testiranje...
Namesto da se nasocime malku kon poveke prakticna rabota, razvivanje na kreativnosta na decata, voveduvanje nekoi novi kreativni aktivnosti, pravilno nasocuvanje i vospituvanje.... nie znaeme samo da testirame luge...se trosat pari za nepotrebni aktivnosti.
Kategoricno NE za eksternoto testiranje!


Ете, ова е тоа! Пилот-проекти фрчат, ко заморчиња им се нашите ученици... За стресот да не правам муабет...


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

22.05.2013, 11:52

clock-img

rina13

pencil-img

1147

Јас бев последната генерација во средно која избегна полагање на екстерна матура. Иако цела 4та година по сите предмети не припремаа со тоа што сето она што сме го учеле во претходните три го повторувавме на кратко. Тестовите се унифицирани, но не е унифициран материјалот кои се изучува, некој професор обрнал внимание на едно некој на друго така да настанува хаос, програмите се разликуваат, начинот на предавање се разликува. Некако премногу е ние порано едвај сме чекале да дојде Мај да се олабавиме сега децава се тресат. Мене многу подобра солуција ми се приемните испити. Сум полагала приемен за средно и не е ништо страшно ниту комплицирано. Треба веќе еднаш да си ги усогласат ставовите и да си го прилагодиме нашиот систем на образование на наши навики и стандарди а не само слепо да ги копираме западните системи. Сега е хаос не се знае ни кој јаде ни кој пие.
Ете што му фалеше на поранешниот систем зарем нема во Македонија квалитетни кадри кои сега имаат по некои се 30,35 години.

clock-img

23.05.2013, 00:39

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Богами НЕ за екстерното тестирање. Зошто? Прво тестот е од 30тина прашања со заокружување, тоа значи препознавање што не дава квалитетна слика за стекнатото знаење. Второ оценката треба да е збир на повеќе активности на ученикот во текот на наставната година.Трето секоја година има по некоја аферичка околу ова прашање, што значи дека не сме кадри да го спроведеме како треба. Потоа наставниот кадар од некои предмети, како ликовно, музичко и слично слушнав дека не се оценувале или не се оценувале секоја година(како, тоа некои да, некои неuser posted image ).

clock-img

23.05.2013, 09:26

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Сите предмети се подложни на тестирање, само оние што ги спомна (музичко, ликовно, физичко, техничко образование и од 1-3 одделение) имаат поинаков начин, односно наставникот приложува „докази“ и „инструменти“ на следење на активностите на учениците, преку тестирања кои биле спроведени во текот на учебната година, наставни листови и во портфолио се прегледуваат од страна на комисија... значи секој професор е под лупа, сечија изработка која опфаќа дадена тема мора да ја има на доказ и чек-листа за секој ученик и за секоја проверка да се приложи.

< Поракaта ја уредил Џесика РР -- 23.5.2013 9:28:49 >


_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

23.05.2013, 09:34

clock-img

miana

pencil-img

6152

Лелеее човек да незнае дали да се радува или да плаче..Што убаво ни беше на нас кога си бевме ученици user posted image
Сега и на наставнициве им е тешко а богами и на учениците..Ајде,можеби ке се навикнеме и ние..Иначе како во Европа user posted image

< Поракaта ја уредил miana -- 23.5.2013 9:36:03 >

clock-img

23.05.2013, 10:12

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Според мене екстерното тестирање е поголема главоболка за наставниците,тука се гледа нивната објективност во оценувањето.Мислам дека поради тоа се крена толку прашина,не дека некој ги жали децата,туку дека нема веќе така лефтерно да се фрлаат петки на децата,ке се помисли наставникот пред да пише оценка,биејќи може тоа да го чини многу....user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

23.05.2013, 10:27

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Многу погрешно се толкува ова. Јас барем вака сфаќам: не е во прашање само објективноста на наставникот, колку што ќе се намали притисокот врз наставникот (ако воопшто се успее во тоа). Затоа што досега наставниците биле под притисок на мамините да им ставаат само петки, и на ниво на училиште да се има неверојатно висок просек (што е невозможно), ова повеќе треба да се сфати како „заштита“ или грб на наставникот. Објективно да стави тројка без притоа да се плаши кој може да му тропне за поправање на оцена. И онака ќе има тестирање и ученикот ќе си ја добие реалната оцена, а преку тоа „казнување“ на наставникот се воведува ред во образованието. Тој ред не верувам дека ќе се спроведе кај нас и не верувам дека ќе профункционира системот, затоа што сме Балкан. Инаку замислата е добра и е за општо добро, а не на крај на година сите петки, сите среќни, највише мамините и татините што не фатиле книга, добиле петка и не биле тестирани. Треба да профункционира затоа што тогаш наставниците ќе бидат многу помирни, зад нив има ЗАКОН кој важи и се почитува и нема тука мама, тато, чичо да се меша во оценувањето. Просто како грав! Ама на некои не им се ни работи па сакаат лефтерно да поминат, да остават зад себе необразовани и неспособни генерации ... е нема така!!!

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

23.05.2013, 10:52

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Nikoj ne veli da ne se ocenat nastavnicite za svojata rabota, site sakame konecno da zavrsi toj pritisok koj go vrsat roditelite na nastavnicite za povisoki oceni. No ovoj sistem na eksterno testiranje ne cini, odnosno ne funkcionira od milijon pricini pogore navedeni.
Znaci nikoj ne osporuva deka ne treba da se ima nekoj nacin, metod za poobjektivno ocenuvanje no ne na vakov nacin. Ovoj model ne funkcionira i odi samo na steta na ucenicite. Jas sum za da se proveruva znaenjeto no mora poseriozno da se pristapi kon izborot na model kako toa da se napravi, a ne vaka so nekoi bez vrska pilot proekti pa koj kako projde taka...
Pisav i pogore deka nastavnicite se stitele so toa sto ne zaklucuvale ocenki i cekale da vidat kako ke pomine testiranjeto, znaci sepak ne e bas taka objektivno, vo toa e celata rabota!

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

23.05.2013, 11:10

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Екстерново тестирање како идеја не е лошо, ама праксава кај нас е трагикомична. Еве денес, по 6-ти пат има НОВИ списоци кај син ми на училиште. Се менуваат предмети во последен момент, се менуваат дати, се менуваат списоци на секои 2 дена... Не можам да ви го доловам стресот на децата. Од друга страна, како ова да не е малку, НИКОЈ конкретно не кажува какво ќе биде тестирањето по некои поспецифични предмети, на пр. по математика- дали прашањата ќе бидат теорија, дали ќе има и задачи, дали ќе има само теорија или само задачи. Посебно збунува фактот што тестот морал да има 30 прашања... па кое дете ќе реши 30 задачи за 1 час?! Секогаш и секаде кога се полага има насоки, на факултет има испитни прашања, па си знаеш што те чека. Ако е предмет со задачи си имаш и збирка со испитни задачи, па бујрум, спремај се...
А најреални да бидеме, со еден тест не може да се утврди знаењето на ученикот, посебно не кога од МОН бараат во крајната оценка да се земе во предвид резултат од писмено одговарање, резултат од усно одговорање, активност на ученикот, исполнителност и ангажираност... Посебно кога наставникот е во дилема меѓу две оценки, секогаш зема во предвид и некои други фактори, никогаш само оценка од тест. ДУРИ и од МОН и од Биро за развој на образование укажуваа дека оценката НИКАКО не смее да биде само од тестовите на учениците. И ајде сега некој нека најде НЗС на ова. На пример, разликата меѓу 4 и 5 е многу мала и ако јас како наставник има ученик кој секогаш се наоѓа на граница меѓу 4 и 5 (на пр. на тест му недостасува 1 бод за 5, усно има мало колебање во знаењето, ама е солиден итн итн) а ученикот е исполнителен, секогаш носи домашна, ги извршува дадените проекти, активно соработува на час, тоа ќе натежне за да добие 5. Сега доаѓаме во ситуација на вакви ученици наставникот да им каже „Ако екстерно го полагаш мојот предмет ќе ти ставам 4 за крај на година, ако не, имаш 5“. Уште потрагична е ситуацијата кога наставниците отворено им велат на децата „За крај рачунај дека имате тоа што ќе си добиете на екстерно. Не може јас заради вас да си има проблеми“. Каде е тука логиката? Тогаш нека не ги оценуваат во текот на годината, нека остават за оценката да одлучи некој тест. И тоа што е страшно е што ова е дефинитивно, нема поправка. На факултет (барем јас) си имам поништувано испити ако не ми се допадне оценката, т.е. ако знам дека можам подобро да положам. Не пречесто, ама ете 2 испита го поништив писменото и следната сесија си добив многу подобри оценки. Овде нема таква опција што го прави многу пострашно. Верувајте, има деца ќе се блокираат од страв. Дури и по семинари не учеле дека треба да се има во предвид и личноста на детето, дека има деца кои потешко одговараат усно и дека треба да им се овозможи писмено да се изразат, но и дека има деца на кои писменото одговарање им е стрес и дека треба и тоа да се земе во предвид. Сега ништо од тоа што ги учат наставниците не важи за оние кои тоа го бараат од нив. Дури и за најбанални работи- секој наставник е должен да каже КОГА ќе биде тестот и од какви прашања се состои, за кој материјал се прави и да има БОДОВНА ЛИСТА напишано на тестот. НИКОЈ не го кажува ни критериумот како ќе се оценуваат тестовите, односно се вели „Ќе се почитува критериумот на БРО, прилагоден на наставната програма на предметот“. Тоа ама баш ништо не кажува. Ако го прилагодувате, значи не е според официјалните унифицирани критериуми на БРО. А ако не е, според кои ќе биде... е не се знае. Си оставаат простор за манипулација, прво да помине тестирањето, а ПОСЛЕ да се прилагодат критериумите според резултатот кој ТИЕ ќе сакаат да го добијат. И затоа јас сум убедена дека МОН не е зрело за ова тестирање, не наставниците и не учениците. Организаторот не е способен 1 месец да направи ни едни наједноставни списоци без да ги менува на секои 2 дена, мислите дека со тој капацитет можат да изведат квалитетно тестирање? Јас не.

clock-img

23.05.2013, 11:23

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911


ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia
НИКОЈ не го кажува ни критериумот како ќе се оценуваат тестовите, односно се вели „Ќе се почитува критериумот на БРО, прилагоден на наставната програма на предметот“. Тоа ама баш ништо не кажува. Ако го прилагодувате, значи не е според официјалните унифицирани критериуми на БРО. А ако не е, според кои ќе биде... е не се знае. Си оставаат простор за манипулација, прво да помине тестирањето, а ПОСЛЕ да се прилагодат критериумите според резултатот кој ТИЕ ќе сакаат да го добијат. И затоа јас сум убедена дека МОН не е зрело за ова тестирање, не наставниците и не учениците. Организаторот не е способен 1 месец да направи ни едни наједноставни списоци без да ги менува на секои 2 дена, мислите дека со тој капацитет можат да изведат квалитетно тестирање? Јас не.



Tokmu ova se obiduvav da go dolovam vo moite postovi. Ti blagodaram Oktavia sto go spodeli ova iskustvo so nas. Znam deka ova i mene me ceka za nekoja godina i uste od sega se nerviram. Ne bi sakala moeto dete da pominuva niz dopolnitelni stresovi samo zatoa sto nekoj ne znae kako tocno da go napravi toa sto saka da go napravi. Kako i sekogas kaj nas kvazi proekti!

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

23.05.2013, 22:30

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Во Прилеп деновите се одвиваат штрајкови на учениците против екстерното тестирање. Во Гимназија кај што учи син ми вчера ја бојкотираа наставата и директорот ги обвинувал дека се партиски послушници на СДСМ user posted image user posted image

Денес во индустриското училиште биле преземени вакви мерки: учениците од 1-ва и 2-ра година не ги пуштале на голем одмор за да не се организираат. Пуштале по еден ученик од клас со список за да им купи храна. Се шокирав кога внук ми ми кажа user posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

24.05.2013, 00:00

clock-img

deluxe

pencil-img

2479


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Во Прилеп деновите се одвиваат штрајкови на учениците против екстерното тестирање. Во Гимназија кај што учи син ми вчера ја бојкотираа наставата и директорот ги обвинувал дека се партиски послушници на СДСМ user posted image user posted image

Денес во индустриското училиште биле преземени вакви мерки: учениците од 1-ва и 2-ра година не ги пуштале на голем одмор за да не се организираат. Пуштале по еден ученик од клас со список за да им купи храна. Се шокирав кога внук ми ми кажа user posted image





да познато ми е дека се штрајкува,ама дека децата ги затворале тоа е веќе прекршок од страна на проф. и директорот.И зошто не ми е јасно секое незаоволство мора да се обои во некоја боја?? демек ако не се тие"боите" нароот ке јаде тоа што ке му се сервира?
ужасuser posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

27.05.2013, 12:13

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Ете го започна, арно ама, со проблеми. Апликацијата за тестови не функционирала и започнале со доцнење. Значи не е можно се да тече глатко, дали беа спремни од министерството за ваков залак?

clock-img

27.05.2013, 12:26

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Ништо поинакво не е ни за очекување, овде кај нас....Па повеќето (да не речам сите пилот проекти имаат ист почеток-"технички проблеми"). Еве истото се случува и со електронските здравствени картици....
Залаков ќе им застане в грло, ама прво на директно засегнатите, се се плашам...

clock-img

27.05.2013, 12:36

clock-img

Octavia

pencil-img

617

Денес скоро секаде имало доцнење, а во некои училишта до пред 1 час воопшто и немаше почнато... Проблеми со системот, со апликацијата... Дремат нервозни деца и родители пред училишта, требало веќе да заврши полагањето, а не ни почнало, никој не знае што да им каже освен „чекајте, полагање мора да има, ќе почнеме кога ќе се среди се“...
А од друга страна, тестот математика бил прилично лесен, и иако тоа секако им одговара на учениците, нема да даде реална слика за знаењата на децата. Тест со еден тип прашања од кој најголем дел се на ниво на препознавање не е објективен. Тоа и самото МОН го потенцира постојано, и БРО (Биро за равој на образование), и едно чудо обуки за наставници имаше во кои се обучуваа наставници за изработка на објективни тестови (во кои МОРА да има различен тип прашања за различно ниво на знаење) и како се изработува бодовната скала за оценување... сега токму тие кои го бараат тоа од наставниците-самите не го почитуваат. Од трета страна, сега ако видат дека ќе имаат подобар успех од што очекувале, ако намерата е да се искараат наставниците дека не работат ќе почне менувањето на критериумот преку ноќ, за да не биде сите ученици добиле 5 и 4 оценки на тестирањето... Во секој случај, не смее државна институција НИШТО да започне ако претходно ЈАВНО нема објавено критериуми според кои ќе се вреднуваат постигнувањата, за што и да се работи. Во математика имало дури и прашања кои воопшто не се математички, туку повеќе правописни, односно правоговорни, на пример како се чита точно бројот 1 000 000 дали милион, дали миљон, дали милијон.. Многу, многу површно е пристапено кон целава работа. Во секој случај, барем децава нека си добијат добри оценки, да не е залудно стресот кој го преживуваат.

clock-img

28.05.2013, 08:09

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ете го започна, арно ама, со проблеми. Апликацијата за тестови не функционирала и започнале со доцнење. Значи не е можно се да тече глатко, дали беа спремни од министерството за ваков залак?



Фала богу дека ќе има проблеми со апликацијата кога на МОН им беше кажано дека серверот не може да ги опслужи сите школи одеденаш и дека ќе има крах.На сето тоа додадете и стари пц,слаба конекција и сл и јаготката на шлагот наредбата од МОН-тестирањето мора да биде!!!!!Ако веќе се решило да биде вакво тестирање значи прво треба да се одржат добри обуки на сите наставници а не како што беше по неколку од неколку ичилишта.Друго децата треба прво психички да се припремат и да не им се врши таков притисок да знаат уште од почетокот од годината што ќе се дешава на крај да не се менуваат списоците и предметите.Директорите да се ангажираат малку повеќе со администраторите за да се средат техничките проблеми а не да збори адм.ја не знам дојдете "Х" да ја средите мрежата и да не лажат дека не отварале апликација со корисничко име од ученик а ученикот седнал да решава и наеднаш се појавило крај на тестот.тоа е шок за тоа девојче што било.Паниката што ја прават наставниците се префрла за учениците пошто повеќе на нив им гори децата крахираат.МОН да се АНГАЖИРА...а не само да дава наредби невозможни и да иде со глава во ѕид а 1000луѓе да работат и да не може да се доработи.Најлесно е да се каже има проблеми со серверот а тоа што има уште 1000000др пропратни проблеми не е битно.И на крај кој страда децата страдаат.Јас за ова сум категорично НЕ!
И според она што го знам е дека прегледувањето на тестовите се врши според програм и програмот автоматски ги јавува резултатите а стварно не го знам до крај како функционира

< Поракaта ја уредил Malecka23 -- 28.5.2013 8:16:40 >

clock-img

28.05.2013, 08:25

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Vcera mi bese komsikata na gosto koja ima kerka 4 odd..
i neli vcera zapocnale prvo so matematika u cetvrtok angliski
dobro pominala lesni bile zadacite,no imalo nekoe dete od drugo odd,koe po greska,od trema i od nedovolno objasnuvanje stisnalo po greska i testot mu zavrsil,a so toa i si dobil 1..
mislam koja trauma i nervoza i stresovi se toa za decava???
baska zamislete kolku roditeli angazirale profesori vikendov,da se uvezbale decava??mislam dal e ova normalno ti dete od 4 odd da mu strvaras takov pritisok,pa uste i da plakjas profesori da go vezbaat..
ova nema kraj,ja neznam do koga ke se vrsat ekperimenti na narodov pa sega i na decava,zalno navistina zalno..

clock-img

28.05.2013, 08:35

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Јас ќе кажам само едно, се додека не се воведе екстерно или незнам какво тестирање за НАСТАВНИЦИ пред да влезат на работа во образование, нашиов систем никогаш нема да профункционира.
Сироти деца, што се не трпат.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

28.05.2013, 09:01

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

user posted image потпис!!!

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

28.05.2013, 09:02

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Изгледа само малите си имаат мака user posted image
Средношколциве мува не ги лази....

Го прашувам Марио што направи вчера на тестот по математика, вика мамо се заокружив под А user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

28.05.2013, 09:36

clock-img

Yummy Mammy

pencil-img

1690


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Го прашувам Марио што направи вчера на тестот по математика, вика мамо се заокружив под А user posted image



Ahahahahhaaaaa...user posted image

_____________________________

There are no strangers, just friends you haven''t met yet!

Последни статии

article-img