за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
како се справувате со овој момент? мене допрва ме чека, а Лука денес ми се изнаплака зошто го разбудив за да го носиме кај моите на чување, за да одиме ние на работа..и еве цел ден не може да се изнаспие, само дремел по кревети
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:00:07 >
10.09.2009, 12:23
mami
8680
Ајде мамички, почнаа градинките, како се справувате со овој момент- кога треба рано да се стане?
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:00:41 >
12.09.2009, 15:36
mis.
3845
Овој проблем постоеше кај нас кога еднаш Мартин го будам рано а веќе наредниот ден спие до касно и така наизменично.Но кога почнав секој ден да го будам во исто време почна во исто време и да заспива ноќе и му стана како рутина и немав веќе таков проблем.Дури и за викенди стануваше во исто време.Се е навика.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:01:14 >
18.09.2009, 09:34
Боцко
806
еве драги мои, почекав малку да видам што ќе се случува со стефан пред да пишам како стојат кај нас работите и да побарам мислење. стефан откако почна во градинка многу се промени. наутро не сака да оди и плаче многу. сеуште не се адаптирал. одбива секаква соработка, не сака кај децата, дури оди до таму што повраќа и сега во поново време почна ноќе немирно да спие, се буди и многу рано станува. полошо е од кога почна баба му да го чува (но за таа промена беше помал). вели дека таму во градинка не е убаво, досадно е и слично. ако се јавиме, ќе ни речат дека е мирен и не плаче и најумен е од сите. го земаме пред спиењето и вчера убаво ручал таму. дома после е лут, не зборува со никого. жм е на мислење да го испише. јас не се согласувам. премногу е рано. ставовите не ни се единствени и тој тоа го користи. сега го носи само мама а тато не е пожелен. мислење? совет? некој со слични искуства?
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:01:45 >
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
18.09.2009, 09:40
Палешка РР
7505
Син ми имаше сличен проблем Боцко. Одлучивме да го носиме уште неколку дена и ако не се привикне да го испишеме. Добро беше што потоа во неговата група запишаа дете кое тој го познава. Ако не се адаптираше, ние ќе го испишевме и ќе се обидевме следната година. Едноставно некои деца се приврзани за семејството и тешко се навикнуваат на нова средина. Мое мислење е да не инсистирате по секоја цена. Да видиме што ќе кажат другите мамички
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:02:14 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
18.09.2009, 09:45
mother 29
4405
istoto se slucuva i kaj mene ...eve ne si edinstven..i toa e normalno taka da se odnesuvaat.tamu i mojot e miren ko bubace,jade,duri sam zaspiva,ama koga ke dojde doma samo jas sum mu kriva (zasto jas go nosam gradinka) i vednas koga ke me preceka od rabota :mama e losa!noke se budi i nervozno vika "ne",stana polos,gi frla igrackite...taka go iskazuvaat revoltot sto odat na mesto kade ne im se dopaga,cel den zatvoreni..a doma znaat deka mozat se da pravat ,pa zatoa stanuvaat losi.
najloso sto mozete.. da napravite e da go otpiset_e! sega e seuste rano,ke se sviknat...eve i samite vospituvacki velat deka septemvri e mesec na adaptacija!imam jas prijatelka i nejzinoto bese taka,tamu mirno-doma site gi krevase vo vozduh,site mu bea krivi! pocekajte ...jas ke prodolzam da go nosam..eve nie veke 3 dena kako spieme tamu.pozzzzzzz
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:02:44 >
18.09.2009, 09:48
mami
8680
Внук ми беше таков ов првата градинка...агонијата траеше некој месец дена и го отпишаа...го чуваше мајка ми некое време и после го запишаа во друга и сега таму му е супер...така што можеби навистина не му се допаѓа таму
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:03:31 >
18.09.2009, 09:53
niki
4299
Kaj nas nema moznost da ja zapisam vo gpradinka pa nemam licno iskustvo, no ovie negovi reakcii mi licat na reakciite na kerka mi koga nesto drasticno ke se promeni vo nejziniot zivot, posledno bese zaminuvanjeto na baba i, prethodno sekoj pat koga odemve kaj moite i kaj svekrva mi dodeka se navikne na promenata sekogas e placliva i nemirno spie i nervozna e. Jas bi mu dala uste malku vreme da se vklopi vo grupata da si najde nekoe drugarce i da mu stane zabavno. Vo nova sredina e kaj sto nikogo ne poznava normalno deka ne mu e ubavo, no mozebi ke se promenat rabotite, a nema da znaete ako ne probate.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:04:51 >
18.09.2009, 10:25
mis.
3845
Боцкодел од причината за ваквото однесување на вашиот син е разултат на вашата неодлучност со сопругата дали да оди или да седи дома.Тој не знае до каде е?Ако знае дека нема бегање мора да оди и тоа му го покажете и двајцата без да има тој подршка од некој побрзо ќе ја прифати градинката.А тој вака знае дека некој го штити и дека има некоја шанса да не оди во градинка па ја користи.Решителноста и одлучноста на родителите нивното дете по секоја цена да оди на градинка е 80% завршена работа.Доколку тој забележи дека се двоумите ништо не сте направиле.Доколку има некоја резерва кај вас не го покажувајте тоа.За некој период ќе се навикне сите сме поминале низ тој период на адаптација.Не е ни најмалку лесен знам и ве разбирам.Битно е таму да јаде и спие и да биде здраво и се ќе се среди па сите плачат па и дома ни плачат нели?Саму пусти родители грижата е голема. Еве моето одеше 2 недели па се разболе 3 месеци беше дома па ја биколевме градинката не сакаше ни да се доближи.Повторно тргна 2 недели до 12h па пак се разболе па пак 2 месеци дома и на крај тргна и со упорност сам почна да сака да оди.Има и исклучоци се разбира секогаш не е100%така.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 19.7.2011 9:05:08 >
18.09.2009, 12:10
big_mama817
1331
se slozuvam so mis no smetam deka treba da bidete dosta uporni i vie samite da si najdete zaednicki jazik mislam so zena ti i bidete uporni i trpelivi
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
28.10.2009, 08:47
belka
15
Zdravo na site . Ete i jas da go podelam moeto iskustvo so kerkickata od gradinka.Odi od 2 godini i 1 mesec.Na pocetokot nemozese toa da se kaze nekoe odenje posto idese eden mesec pa pocna da se razboluva pa ne fatija letni odmori pa ja cuvase majka mi celo leto i itn.Od lanskata godina od septemvri si pocna da si odi i redovno neli osven tie denovi koga bese bolna ama NIKOGAS bukvalno NIKOGAS ne ja prifati gradinkata i voopsto nesaka da odi.Sega e veke vtora grupa i seuste sekoja vecer pred legnuvanje i sekoe sabajle e ista pesna NE MI SE ODI , NE MI E UBAVO TAMU,NE SAKAM DA JADAM , NE SAKAM DA SPIJAM..... Kolku pati sme ja prasuvale kazi sto e problemot da go smenime ona ednostavno NESAKA DA ODI DOMA I BILO POUBAVO .Kako da i e prva godina vo gradinka a veke odi 2 godini ( sega ke polni 4 godinki ) . Inace e premnogu mirna znaci tip na dete sto doma ne rastura igracki ne lumpuva bukvalno koga sme doma ,,KAKO DA NEMAM DETE,, sto bi rekle.I znam deka mnogu od Vas bi rekle blaze si ti so takvo dete ama jas ponekogas posakuvam potemperamentno dete , bidejki mislam posto e premnogu mirna mozebi i zatoa ne se prilagoduva vo gradinka.Sega sum bremena so vtoro pa mozebi ete toa ke bide po besno . Ama ete i posle site ovie MAKI so gradinkata Jana seuste odi vo gradinka i denes se isprativme malku so placki malku so zborenje i taka.Inace zaboraviv da pisam deka tamu e super i jade i spie i si igra so decinjata , znaci site negoduvanja gi pravi samo doma. I ne doaga vo predvid nikakvo ispisuvanje od gradinka zatoa sto ne i se odelo.......sigurno tamu i e poubavo so decinja otkolku so baba doma cel den pred TV da se dosaduva......utre den koga ke trgne vo skolo ako nesaka da odi da ja otpisam li ????
28.10.2009, 09:53
mother 29
4405
ИЗВОРНА ПОРАКА: belka
I ne doaga vo predvid nikakvo ispisuvanje od gradinka zatoa sto ne i se odelo.......sigurno tamu i e poubavo so decinja otkolku so baba doma cel den pred TV da se dosaduva......utre den koga ke trgne vo skolo ako nesaka da odi da ja otpisam li ????
потпис!
28.10.2009, 10:06
bojanas
187
За разлика од сите вас јас немав никаков проблем со Лука. Кога имаше две години уште од првиот ден се привикна на градинката. Мислам дека тоа е до учителките бидејќо се ептен добри. Имаме проблем кога нема да оди некое време во градинка ако е болен или ако сме на одмор. Тоа трае неколку дена и потоа имаме проблем во сабота и недела да му објасниме дека градинката не работи и децата се дома . Сега сум дома со бебето и отприв имавме отпор на одење во градинка од типот земи ме пред спиење, не сакам да јадам таму но и тоа помина- ниту го земав пред спиење, ниту одев да прашувам дали плаче. Само многу ми е криво што запишаа 40 деца во групата и учителките немаат доволно време да им посветат, за разлика од претходните години кога беа помалку и образовниот ефект беше видлив. Сепак се трудат многу. Беа во Црвен крст минатата неделе и тоа беше доживување . Научија што значи да се биде "куман" (хуман) и сега сме опседнати со собирање стари алишта и играчки за децата кои немаат. Внимавајте при изборот на градинката не е секој роден за воспитувач- мислам дека тоа е пресудно за детето!
28.10.2009, 10:13
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas
Само многу ми е криво што запишаа 40 деца во групата и учителките немаат доволно време да им посветат, за разлика од претходните години кога беа помалку и образовниот ефект беше видлив. Внимавајте при изборот на градинката не е секој роден за воспитувач- мислам дека тоа е пресудно за детето!
Потпис целосен.Мислам дека овие две работи се голем недостаток на градинката и групата кај што иди сим ми и затоа не гледам некои резултати кај него.
28.10.2009, 10:36
Iva
626
Ние лани кога го запишавме Михајло првите неколку дена одеше со задоволство, потоа се разболе и немаше сила некој да го натера да оди. Оваа година кога го запишавме повтроно оди без проблем. На сабајле станува радосен дека ќе оди во градинка. Ама ние имаме друг проблем, не шанси да го натераш да јаде и да спие таму. Ама го молат нешто да касно он става рака на уста и не можеш ама баш ништо да му бутнеш во уста. И заради тоа мораме да го зимаме во 12 зошто инаку цел ден ќе биде гладен
10.12.2009, 10:12
mami
8680
не одиме во градинка ама секој ден го носиме кај моите, значи пак треба да стане- и последниве две недели им го носиме сосе пижами ивреќа за спиење и само јакната одозгора..неможам да го разбудам, а и жал ми е..па вака си дремуцка до кај нив, а некогаш и си продолжува да спие па таму спие до 9
10.12.2009, 10:16
Iva
626
денес Михајло не отишол во градинка и рекол на мајка ми: Ја нема сиси (сили) и си продолжил да спие.
10.12.2009, 10:23
mami
8680
срце бе...барем си е искрен...
А кое време легнува па да нема сили да стане сабајле?
10.12.2009, 10:28
Iva
626
Па неме везе кое време си легнал, тоа му е узречица дека нема сили, секогаш така вика кога не му се оди во градинка. А инаку вчера заглавивме до 12 кај кумот на именден и роденден. Михајло збесна вчера и кога си дојдовме како покосен заспа.
10.12.2009, 10:32
mother 29
4405
ние дека стануваме во 7,немаме проблем за спиење .сега се навикна во градинка,сам си влегува во игралната,си ручка и спие! денес си отидовме со зајкото!
13.01.2010, 20:58
Еца
6692
Јас ја будам Мартина во 7.30 и почнува плачење дека не сака да оди, ја облекувам и постојкано зборувам, зборувам дзошро е неоходно да посетува градинка. По пат се смирува и таму кога веке и ги облекувам патичињата за во занималната почнува да плаче и штом ќе отиде со учителката натаму, веке престанува. Кога одам да ја земам учителките ја фалат дека е многу умна, слуша, прашува, многу зборува не плаче, не прави проблеми...но, постои она НО! Кога ке ја земам ми кажува колку и било убаво, доагаме дома со импресии, потоа заспива и се е добро до оној момент кога навечер треба да спие и почнува плачењето и убедувањето дека не сака во градинка но не се откажувам, знам дека е сепак стрес, нов момент за неа, но многу сум изненадена од оваа реакција, искрено мислев дека нема да ги имам овие проблеми. И сега совет?
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.01.2010, 10:30
mami
8680
Штом е таму добра и не плаче, немаш зошто да се нервираш- барем според мене. Тоа и е период за да покаже дека сака да биде со тебе, па и фалиш, што е нормално со оглед на тоа дека не сте се делеле на ваков начин досега. Ке и помине
14.01.2010, 10:33
Еца
6692
Уф утрово мислам срцето ќе ми пукнеше, леле колку вриштеше кога да ја оставам а штом ја однесе учителката накај занималната и се врати ми вика, толку беше, престана да плаче. А сега одам да ја земам, се читаме подоцна.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
14.01.2010, 10:33
profesorica
5709
еца а си ја прашала, зошто несака да оди???
бидејќи нели ти кажува дека е многу убаво таму а од друга страна несака да оди.мисламд ека е тоа моментот на одвојување од тебе.
лел и јас не сум била во ваква ситуација па незнам што да ти кажам, којзнае како ќе прави дамјан кога ќе почнеме во градинка.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
14.01.2010, 10:35
arh_diz
7198
Многу е приврзана кон тебе Еца и почетокот и е многу тежок полека ке се навикне