за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ајде тука да пишуваме кое е омиленото јадење на нашите дечиња, што најмногу сакаат да јадат, како им го спремате...
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.01.2012, 08:04
Felly RR
7977
На Матеа еве, супата и е омилено јадење, друго - манџа или некое друго јадење нема нешто што ептен многу сака. Исто многу сака и компирчиња, било какви - варени, печени, пржени - може од некоја манџа само комирите да ги изеде а другото да го остави.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
14.01.2012, 12:22
bocence
161
pzeni kompircinja,makaroni,spageti,so mandite sme skarani
14.01.2012, 22:34
*viva*
36
mojata kerka se jade sto da i ponudis ne odbiva ama najmnogu sto obozava lesta,supa so lepce kompircinja virsli i meso so kompiri
16.01.2012, 17:31
Snowhite RR
5042
Чоколино
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
16.01.2012, 19:06
miana
6152
kerkami obozava i nikogas ne odbiva MAKARONI
17.01.2012, 11:34
Maca25
7558
На Нина омилено јадење и е компир манџа. Тоа никогаш не одбива, да може секој ден би јадела.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
17.01.2012, 11:39
lukas
2148
posto sme skarani so sekoj vid na mangi,jadime samo supa ili jogurt popara,i cokolino... pa omileno ne omileno nezz samo toa go jade drugo ne saka ni v race da zeme,pa izgleda mu e omileno i edinstveno jadenje ova,pokraj puding i ovosni.
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
17.01.2012, 12:20
AnnaMolly RR
6409
Филип обожава буквално секакви супи и манџи. Дури и кога ќе му речев Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз? Тој викаше Манџа!
Освен манџи, најмногу сака лепче намачкано со путер и сирење. Секогаш кога е болен и одбива секаква храна, ова никогаш не го одбил.
Следно на листата од омилени јадења е јајце (без разлика дали варено или пржено), гриз со жолчка, леб (или овесни снегулки) и кисело млеко, печени компири со кромид и моркови, ориз со пилешко и кисело млеко.
Од „ѓубре“ храна најомилени му се смоки и соленки, секојдневно јаде по нешто од тоа.
_____________________________
Live and let live
17.01.2012, 12:31
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Дури и кога ќе му речев Што сакаш да ти донесе Дедо Мраз? Тој викаше Манџа!
Матеа пак кога ќе ја прашавме, велеше - печак = кечап Ако има кечап ќе си мацнува со прстето и само тоа ќе јаде, друго не пробува.
И салата многу сака, ако види салата не можеш да ја натераш да јаде друго.
А заборавив, и макарони - е тоа обожава.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.01.2012, 12:34
Pepelaska *
3820
Засега и на Мартин му е супата омилена, исто и компирите секакви( особено пржени) варени, печени, си сака и гравче, а во последно време кога му спремам јуфки ( домашно направени) со зденка и малку сиренце прави маф.
И да секако смоки , да може еден тон ќе изеде ама нема
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
18.01.2012, 14:40
dostickage
2181
V obozava maslinki.Od sto tolku mn gi saka bara druga uste ddeka prvata mu e vo usta. na kraj koa kje se napuni gi pluka site zasto ne znae da gi izdzvaka.mora da mu gi krijam za drugite za da jade parce po parce
inace saka supa,mandja i hit za seonava mu se portokali i mandarini.Zoltko e malce ama nema veze
18.01.2012, 14:47
Mihaela 2010
4230
Mihaela momentalno mnogu saka palenta so sirence ,pavlaka ili jogurt.Mislam deka sekoj den da i davam ke jade...Kompiri isto ,supa,jufki,zelencuk ...vo princip jade se osven meso ( go pluka),samo vo mali kolicini jade...za zal
18.01.2012, 16:01
ole2004
686
Тарана со сиренце и павлака,секој ден би јадела.Сака и варено јајце,кашкавал,кисело млеко,а од манџи компир со телешко,сарма,ориз,а најмногу сака спанаќ.
18.01.2012, 16:09
zapce
361
Мојот сака јуфки и најчесто не сака ништо да му ставам во нив, сабајлево му велам ајде сине уште денес во градинка и утре нема да одеме и мама и тато се дома ке си спиеме и тој ми вели уцам уфки - знае дека обично правам за викенд и си мисли дојде викенд. Инаку обожава и млеко со бискоти, јогурт, зденка, а од ручек јаде компир во секаква варијанта освен пржена (печени, мусака, пире) и ориз во секаква варијанта(со месо, од сарма, полнети пиперки, со спанак) а исто и доста сака супа, гравче, грашок и лека.
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
18.01.2012, 19:49
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Чоколино
Хм, ако размислам чоколино јаде секој ден, зашто не пие млеко, па мора, а не знам дали му е омилено или навика. Инаку сака манџи секакви, се радува на се што ќе ставиме за ручек да јадиме, сака супи, ајвар, компири, најмногу печени, а и пире, спанаќ.. абе јаде се, освен млечни работи, павлака, кисело млеко, зденки, тоа послабо.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
18.01.2012, 20:29
nadica
4381
Н нема омилено јадење ако го јаде еднаш со сласт не значи дека повторно ќе го стави во уста нејзе и цел ден ништо да не и се даде (понуди) за јадење мислам дека ќе биде најсреќна и тоа што го јаде го јаде со молби без разлика дали и се допаѓа или не
< Поракaта ја уредил nadica RR -- 18.1.2012 20:30:48 >
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
23.06.2012, 14:10
ananikol
1568
Neodbivame;makaroni,vareno ili przeno jajce bez zolcka,oriz,mandza oriz so spanak i argeta detska pasteta
23.06.2012, 14:16
Pepelaska *
3820
Најомилени: супа со зеленчук ( особено грашак ( топчиња), јуфки со зденка, млеко со бисквити , пржени компири, варени манџи чки без зачини за него со секаков зеленчук и месо, сака и пржено лепче со јајце а сака и варено јајце и да ќе заборавев пица откако проба обожава а кој не Не сака да помириса: јогурт, кисело млеко и а годинава и овошје не јаде ништо за што најмногу се нервирам.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
23.06.2012, 20:04
ananikol
1568
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR
а годинава и овошје не јаде ништо за што најмногу се нервирам.
I mojov isto taka epten slabo ovosje a banana veke vednas koga ke ja vidi veli; ne banana.Pa najdov nacin,sega mu miksiram edna banana so 150ml mleko i mu ja davam vo siseto za spienje 2-3 pati nedelno.
23.06.2012, 21:47
Felly RR
7977
Во последно време омилено јадење ни е салата од краставица. За вечера денес само тоа имавме. Три пати и го дополнував тањирчето. И друго ништо не сакаше.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
24.06.2012, 13:04
Џесика
2036
и борјан обожава краставица ама свежа, инаку омилено од времето е супа, па се што не јаде го миксам со супа, а последно сега се дави во ќофте, чајна, пица, пржено лепче, јогурт, сирење. откако почна да џвака сфати детево дека има и повкусно од супа.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
24.06.2012, 13:12
Maca25
7558
На Нина уште и е компир манџа омилено јадење. А од салата - краставица. Краставица јаде и за доручек и за ручек и за вечера. А компир манџа и немам одамна направено, ама гледам дека имаат во градинка еднаш во 2 недели. Од овошје лубеница - сега на пазар ме натера да и купам, со насолзени очи ме гледаше и морав да купам парче едно од 2 кила
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
24.06.2012, 16:50
Martins mom
3342
Портокал!!! После следи јајце во секаква варијанта, пица, макарони.
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
24.06.2012, 18:03
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
и борјан обожава краставица ама свежа,
И ние свежа - мислев на салата од свежа краставица.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.