writing-img

Риба во детското мени

  
clock-img

26.03.2009, 10:59

clock-img

vesna_kr

pencil-img

217

Колку често му давате риба на детето? НА кој начин ја приготвувате за детето?Од кога почнавте да му давате риба и каква риба давате?

clock-img

26.03.2009, 11:04

clock-img

Еца

pencil-img

6692

Па за рибата ние правевме и алерго тест зошто сме малку проблематични со алергија, но знам дека на детето се дава риба по наврршена една година и тоа  за почеток ослич,добро сварен(не пржен),за понатака консултирај се со педијатар.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

clock-img

06.12.2009, 09:41

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Која риба е најздрава
Едно неодамнашно истражување покажа дека редовното конзумирање на риба може дури да го преполови ризикот од инфаркт. Освен тоа, по сé изгледа постои врска меѓу конзумирањето на риба богата со омега-3 масни киселини и депресијата. Имено, некои студии покажаа дека масните состојки присутни во рибата му помагаат на мозокот подобро да го користи серотонинот, хормон кој позитивно влијае на расположението.

Виенскиот професор Hademar Bankhofer открива дека најздрави видови на риба се оние кои содржат најголема количина на драгоцените омега-3 масни киселини, а такви се харингата, туната, скушата, црниот бакалар, листот, лососот и гргечот.
Процентот на масност варира од вид до вид, а на основа на овој процент се разликува немасната риба со помалку од два проценти липиди (како бакаларот, осличот и глушчата), малку масната риба со два до пет проценти липиди (зубатацот, сарделата и пастрмката), полумасната со пет до десет проценти липиди (како туната и сабјарката) и масната со повеќе од десет проценти липиди (како лососот, скушата и јагулата).

Апсолутно најдобра риба е харингата, тврди професорот Bankhofer. Оваа вкусна риба од Северното море, освен што може да се подготви на многу начини, содржи и многу омега-3 и омега-6 масни кислеини. Нејзината содржина на белковините кои го јакната имунитетот и ги елиминираат последиците од стресот е просечна, но уделот на омега-3 и омега-6 масните кислеини е навистина голем. Од друга страна пак, оваа риба и не е погодна за слабеење бидејќи 100 грама харинга содржат 233 калории.

Риба која ќе помогне во слабеењето е туната, која во 100 грама содржи само 76 калории. Таа не снабдува со значајна количина на белковини и затоа е идеална за луѓето кои се изложени на стрес.
На ранг листата на најздрави риби на третото место се наоѓа скушата, која порано важеше за риба за сиромашните. Оваа риба со 182 калории и висок удел на омега-3 масни киселини е идеална намирница за регулирање на крвниот притисок, бидејќи протеините од скушата ги прават крвните садови еластични, смета Hademar Bankhofer.

Останатите риби кои поволно влијаат на здравјето се црниот баклар, листот, лососот и гргечот. Инаку, рибите се повеќекратно корисни за организмот. Тие не само што содржат незаситени масти кои штитат од кардиоваскуларни болести, се борат против стресот и ја подобруваат концентрацијата, претставуваат и богат извор на минрални соли.

Морската риба е богата со јод, калиум, натриум и бакар, додека слатководната содржи нешто помалку натриум и јод. Сите видови на риби содржат витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, кои се драгоцени за правилната работа на нервниот систем. Рибата е богата и со калциум, но тој воглавно е концентриран во крлушките на рибата, па зато е корисно повремено да се конзумира и ситна риба.

clock-img

09.12.2009, 11:36

clock-img

matushka

pencil-img

510

na moeto sonce m davam riba od 7 mes i toa samo Panga, najubava e i nema miris. Mu ja varam zaedno so kompir, morkov i karfiol.

clock-img

09.12.2009, 11:37

clock-img

matushka

pencil-img

510

na moeto sonce mu davam riba od 7 meseci i toa samo Panga fileti, mu ja varam zaedno so kompir, morkov i karfiol

clock-img

09.12.2009, 11:38

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Дамјан јаде риба но ретко - еднаш во две недели, обично бела риба заедно со зеленчук.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

09.12.2009, 11:50

clock-img

mami

pencil-img

8680

Лука не јаде риба. Му понудив вчера пак по којзнае кој пат и само си ја провртка низ уста и ми ја плукна во рака

clock-img

09.12.2009, 11:53

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Ај кажете рецепт каква риба, како подготвена печена  во рерна или на скара ставате некој зачин? Немам идеи па затоа ретко и давам на Мила и дадов едни филети осллич проба 1-2 залчиња и не беше воодушевена ми рече Нету, дај тиенце превод Неќам тоа дај ми сиренце.

_____________________________

love u all

clock-img

09.12.2009, 11:55

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Monika prv pat proba riba na 7 meseci, i toa bela siba(na pr. oslic) bez konzervansi i dodatoci kako sto e maslinovoto maslo, tuku samo pecena ili na skara so malku puter ili varena i kako dodatok zelencuk po izbor.
Inaku nas pedijatarot ni ja preporaca od 7 mesec no samo ako nikoj vo semejstvoto(jas i mm) ne sme genetski skloni kon alergija na riba, a poradi toa sto nemame nikakov problem so ribata pa taka da i na Monika i ja vovedovme od 7 mesec.
Inaku Monika jade rebia ednas nedelno so zelencuk.A normalno ribata e zdrava poradi toa sto e polna so OMEGA 3 masti.


_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

09.12.2009, 11:56

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

Ние освен варена сме пробале и печена во рерна со компири.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

09.12.2009, 12:07

clock-img

mis.

pencil-img

3845

на Стефан прв пат риба му дадов на 1 годинка скуша и да ви кажам колку ја сакаше дури не ми се верува.Морав само малку да му дадам како за прв пат а тој плачеше и бараше уште и уште.Ние дома многу често јадеме риба,ја обожаваме а гледам дека тоа се пренесува и на нашите деца

clock-img

09.12.2009, 12:09

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Фала Бебица ќе пробаме деновиве па ќе ви кажам реакција.

_____________________________

love u all

clock-img

09.12.2009, 12:11

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

poveli i drug pat mila na mama.user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

09.12.2009, 12:13

clock-img

mis.

pencil-img

3845

бебица знам дека риба со млечен производ не се комбинире бидејќи има реакција и се создаваат токсини.Дури и ние возрасните дома не ги комбинираме.

clock-img

09.12.2009, 12:18

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Dobro.Ovoj recept ne go imam izmisleno.Go ima vo bebi kuvar koj go ima napisano doktor nutricionista.No sekoj ima pravo na izbor a jas poveke ne pisuvam za da ne dojde do trovanje na nekoe dete.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

09.12.2009, 12:21

clock-img

mis.

pencil-img

3845

Добро тоа е мое мислење кое и јас не сум го измислила но ако јас го искажав мојот став не значи дека ти не треба да пишуваш.Овој е отворен форум сите имаат право да го искажат своето мислење.

clock-img

09.12.2009, 12:23

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

и јас знам за ова дека не се мешаат млечни производи со риба и избегнувам!а инаку далеку е работата од труење!?user posted image

clock-img

09.12.2009, 12:39

clock-img

BEBICA

pencil-img

2014

Vo red e.No ke gi zamolam moderatorite da go izbrisat receptot so ribata.Nesakam nikogo da nosam na dusa niti da mu se sluci nesto na nekoe detence.Inaku blagodaram za sovetot mis i mother 29.

_____________________________

Дајте и на жена десет добри совети, таа ќе го следи само еднинаесеттиот - својот.

clock-img

09.12.2009, 12:47

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

bebice нема потреба од бришење, еве јас ќе го пробам рецетпот а и мила на мама исто.а кој не сака нека не го пробува. и секој нека прави како што мисли дека е во ред за своето дете.нема тука љутишuser posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

09.12.2009, 13:00

clock-img

evgenija

pencil-img

60

Nie ne sakame riba voopsto..i da ne se mesa so mlecni proizvodi, i nema potreba od lutenje, kako sto ti posocuvas deka nekoi raboti treba ili ne treba, taka i tebe ti posocuvaat- kolku sfativ zatoa sme tuka...a ribata vo kombinacija so mlecni proizvodi e mnogu teska za varenje

clock-img

09.12.2009, 13:11

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

Inaku blagodaram za sovetot mis i mother 29.



нема проблем,повели и друг пат,затоа сме овде ,нели?!

clock-img

17.12.2009, 17:59

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Мила не сака риба ни под разно. Еве 2 дена ја убедувам и ми вели  не тоа, епте тиенте (лепче и сиренце) сакала.
Совет?

_____________________________

love u all

clock-img

17.12.2009, 19:11

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Успеав. Изеде порција риба со зеленчук ама со уцена - ако изеде се ќе ги бањаме играчките. Претпоставувате до сега бањав и сушев играчки. Лудница!

_____________________________

love u all

clock-img

17.12.2009, 19:25

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Внука ми јаде рибја чорба, инаку не ја сака рибата. Ете еден предлог.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

17.12.2009, 19:26

clock-img

bojanas

pencil-img

187

Каква риба им давате на вашите деца? Јас досега им давав само Панга ама откога слушнав дека тие се риби кои најмногу содржат хормони и дека туната од конзерва е преполна со конзерванси не сум сигурна каква риба да им дадам?

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

Последни статии

article-img