за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
син ми од првата година почна да јаде сам но понекогаш глуми па сака некој да го храни
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
30.09.2009, 10:46
profesorica
5709
дамјан има 16 месеци без 2 дена, и пред недела-две почна сам да јаде, прави лом али битно почна
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.09.2009, 11:20
Iva
626
Ееее ние со Михајло имаме проблем во врска со ова прашање. Тој и онака не сака ништо живо да јаде и за да јаде трчаме по цел ден по него со залчињата во рака, а не пак сам да јаде. Ретко ретко може да се случи на пр. јаболка да му ја расечеме на парченца па сам да си зема. Не знам што ќе правиме, еве и во градинка ништо не јаде.
30.09.2009, 11:30
mami
8680
ако е сува храна, исецкана на парчиња или леб, кифла нешто такво јаде сам од пред еден месец веке. Прво не сакаше, ама ги виде внуците дека така јадат и сега само кашесто нешто ако е го ранам се друго зема сам...а покрај тоа, и другите ги рани
30.09.2009, 11:32
mami
8680
аа аморам да ви кажам што направи пред некој ден, земам банана да му ја исецкам на крукчиња за да јаде и почна да писка и ми ја зема цела банана и си ја држеше сам, без ничија помош и јадеше како што не гледал нас дека јадеме. Ми ја даваше повремено да му ја причувам додека претури нешто кај моите и после пак си ја зимаше и ја изеде цела и лушпата во канта
30.09.2009, 11:37
ostoun
436
Kerka mi ima 3,5 god. i uste saka da ja ranam. Ako ja ostavam sama da jade kasnuva dva-tri pati i drugoto go ostava
30.09.2009, 11:38
mis.
3845
Ситуацијата кај мене беше исто како кај ива но веќе стана голем и срамота јас да го ранам па го оставив гладен сам да си побара и навистина кога викна мене ми се јаде му ставив и сам јадеше ако сака јас да го ранам ќе остане гладен.Тоа му го ставив во глава па нека размисли како е поубаво гладен или најаден Порано рани го дека ништо нема да јаде но кога ќе осети глад да видиш како трче. А малиот Стефан дај му леб,бисквита сам јаде,цела си ја изедува смешки е како јаде
12.01.2010, 09:52
mami
8680
еве веќе 19 месеци и тој јаде сам се што може да набоде на вилушка или да фати со рака, а почнавме и со лажиче да јадеме- малку неспретно ама пробува и успеваме една тој една јас лажичка и ке изеде и цело тањирче. А за овошје и зеленчук да не зборувам, тоа јаде без проблем сам уште од годинката
12.01.2010, 10:04
niki
4299
Бисквити, леб, сецкано овошје јаде сама од 7 месеци, со лажица почна да се учи од некаде годинка, околу две години имаше кога и купивме ноже, но сеуште го нема совладано сосема. Инаку иако е сосема способна да јаде сама сеуште понекогаш ја хранам кога ќе побара, бидејќи така побргу завршува со јадење па побргу може да им се врати на другите активности кои и се секогаш поинтересни од јадењето.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
12.01.2010, 10:23
profesorica
5709
јадеме со лажица од 17 месеци.а со рака се што може да фати, бисквити, леб, грисини, овошје...
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
12.01.2010, 10:30
mother 29
4405
и ние јадеме сами и дома и во градинка,едино манџда,супа ...а го ранам јас кога сме некаде излезени а е дотеран да не се покапа или кога се брзаме, да оди побрзо јадењето!
26.03.2010, 09:24
profesorica
5709
ова е вчера- само...пента (сај ќе јадам палента )
< Поракaта ја уредил profesorica -- 26.3.2010 9:25:48 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
16.06.2010, 17:19
nadica
4381
од кога вашите деца почнаа да јадат сами?
јас направив грешка па на надица сеуште јас и давам да јаде, сама знае само грицки и тук-таму некоја праска кајсија или домат да загриза
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
18.11.2010, 18:53
mama26
3977
odkako proode na 10 meseci ajde da receme godina bese.
e sega da se razbereme bese lom oolu nego ama mama ima nervi za se
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
26.01.2011, 15:14
Felly RR
7977
За лепче, грицки, такви работи си јаде сама, а со лажица прави обиди уште од 11 месеци, ама некако тешко и оди лета храна на сите страни, и понекогаш така и се лажиме за да јади, ако не сака да јаде, и давам едно лажиче и нејзе, и таа меша во тањирчето, јас давам, па ќе летне нешто на тепих, нешто ќе се залепи на блуза, ама важно јадиме
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.01.2011, 19:37
twin
1
imam bliznacinja maski i se 18 meseci. ..sami jadat od tipot na tvrda hrana pr. lebce ,biskvita, jabolko,gricki .banana ....a koga sme kaj kashestite togash mora de gi hranam jas .kade sto gledam i niv a i mene mi e polesno da gi hranam bidejki taka poveke ke izedat ,a inaku ne projavile interes da jadat sami so lazice....(vo odredeni situacii i toa retko ) jas mislam deka koga deteto e spremno samo da jade samo ke si projavi zelba ,a ne koga sakame nie.....taka da mislam deka so sila ne mozeme nisto ...barem ne kaj moite palavkovci
29.01.2011, 01:25
Maca25
7558
Ќерка ми откако тргна во градинка, на 14 месеци, се сака да прави сама. не дава да ја ранам или пак да ја качам во столчето за ранење, се можела таа сама да направи. Сега и давам да јаде сама, и ставам малце од јадењето во едно тањирче, па кога ќе изеде и додавам од јадењето и така додека не се најаде. Во меѓувреме и јас и давам по некое лажиче. И давам се да јаде сама, освен супа (ја јаде пола саат и цела е мокра).
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
29.01.2011, 20:32
Snowhite RR
5042
Тврда храна јаде сам, не сака повеќе јас да му ставам во уста, туку сам зема во рака, а кога јадеме нешто друго не сакам да растура, па додека го ранам му давам лажичка и него и едно празно тањирче и така да ја совладува прво техниката на држење
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
29.03.2011, 17:44
Felly RR
7977
Денеска јадевме макарони, јас и боцнувам со виљувчето, а таа граба со раце и лапа исто и салата кога и давам, ја учам со виљувче, ќе и боцнам јас и и го давам сама да го држи, прво си лапнува убаво од виљувче, а после некое време и се смачува и почнува со раце
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.06.2012, 09:54
Џесика
2036
И ете ја мојата нова мака.... вчера кога свекрва ми го земала Борјан од градинка, учителкава и рекла дека сите деца си јадат сами во групата, само Борјан не сакал сам, го оставала, му викала да јаде, не сакал да мрдне мрзата, и она ќе земела и ќе го нахранела... е сега женава искрено настапи и и рекла на свекрва ми дека од среда ќе е на одмор до 15ти Август и проблемот со јадењето сам. Другите немало да му даваат ќе го оставеле гладен, да знаеме дека сам не јаде... нормално е дека треба да јаде сам и дека треба да се научи, се досега прави како што прават другите дечиња, ама да го остават така ни појадувано, ни ручано, не знам.... се мислам што да правам, сестра ми ме советува да им се избацам со кафе на теткиве, стандард учителкава рекла ако има кој да го чува дома да седи дома... е ова последново ме тера да мислам дека они уствари сакаат да им се смалат групите, па кои имаат баби, дедовци да си седат домче... не знам колку е сериозно што го направија трагично... не ми се верува дека до толку ќе го остават гладно па ич да не касне... шо викате? да го повлечам, да ги поткупам или да го оставам па нек се снаоѓа сам во гладта???
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
28.06.2012, 10:04
Viktori
5329
da go ostavis! Ke pocne sam da jade be, sigurno nema nisto da ne proba. I do koga mislite vie da mu davate? do 1 oddelenie i posle na golem odmor da idete da go hranite? Ostavi go, prviot den moze da ostane gladen, ama pametni se oni, ke mu tekne deka taka ke bide sekoj den pa ke vidi, ke ne vidi ke si zeme da jade sam.
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
28.06.2012, 10:17
Џесика
2036
Се плашам дека ќе го има истиот проблем како мм, одбивност спрема храна. Он не е дека не е гладен или го мрзи, туку се гади да фаќа со раце и да се флека... мислам дека заради тоа избегнува сам да јаде... и најчесто добива нагони за повраќање ако му капне на кожа од храната, гадлив е до плафон... намерно сум го оставала сам да јаде, да се научи и да му капе и да се мачка, не сака бре, со сила јас го мачкам по прстите да се навикне, он ќе се истури од повраќање... вака смешно звучи, ама тек да се намачка со еурокрем... ма нема шанси... сепак ова ќе излезе друг проблем. А ќе го оставам, не е дека е мазнет, има резерви он, само што одма ќе ми се разболи
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
28.06.2012, 10:22
AnnaMolly RR
6409
Џесика, па можеш неколку дена да го оставиш. Ваљда ќе види-не види ќе јаде. Па свесен е и тој дека ќе остане гладен. Па после ако не ти успее, поткупи ги со едно кафе учителките, што има врска?
Филип јаде сам доколку нешто може да се боцка со виљушка. Со лажица само палента, гриз, бисквити и млеко, нешто што не е толку течно. Сосема успешно јаде сам. И така многу повеќе јаде и јаде се што ќе му дадам дека му е интересно.
_____________________________
Live and let live
28.06.2012, 10:55
Felly RR
7977
Џесика, воспитачките дека ќе го остават гладен не верувам. Може само така ви рекла за да им се намалат децата, пошто сега нели ги собираат заедно групите. А инаку ако за појадок, го остават сам, и ништо не касне, за ручек пак гледаат дека не јаде - па ќе му дадат тие, и онака другите сами ако јадат, што ќе прават воспитачките - ќе седат и ќе ги гледаат Затоа јас мислам, дома да го оставате сам да јаде, а и во градинка секако да си оди.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
28.06.2012, 12:11
Emanuelapp
200
Син ми има 17 месеци и не пројавува некоја посебна желба да јаде сам освен да боцка со виљушката ама не да јаде туку само да ја боцка храната се надевам дека в градинка ќе го научат да јаде сам. Инаку тврда храна си јаде сам.