|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 16:53:19   
mami
да да јаболкото е одлично за тоа..јас практикувам Лука да изеде барем едно јаболко во текот на денот, сега бидејќи не се толку убави му купувам кашички па така јаде, и столицата му е редовна- секој ден отприлика во исто времеuser posted image

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Прва нова храна на бебето
28.7.2009 17:09:07   
SUPER MAMA
Dali znaete deka sem sto e jabolkoto dobro za stolica dobro e i pokasno za zdravi zabi.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Прва нова храна на бебето
29.7.2009 14:52:30   
Maca25
фала ви на сите за советите. Нина денеска е ок, проблемот е решен. Јеееееееuser posted image

(Одговор на членот SUPER MAMA)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Прва нова храна на бебето
2.8.2009 21:22:41   
Еца
4 - 6 месеци

Бебето обично цица поголемо количество млеко. Не обидувајте се да му наметнете ритам на оброците. Тоа само ќе побара да јаде кога е гладно. На оваа возраст бебето покажува зголемено интересирање за околината и доколку не е гладно многу лесно некој настан од околината може да му го одвлече вниманието од хранењето.

Веќе по четвртиот месец бебето може да почне да прима сокови, кашички од зеленчук и овошје за полека да се навикнува на друга храна освен млекото. Време е бебето да почувствува полуцврста храна, ќе почне да учи да јаде, да голта а подоцна и да џвака храна која не е течна. (Забелешка: користете пластична лажица со заоблени рабови)

Иако кашичките за бебиња за возрасните се вообичаено невкусни, сетилата за вкус кај бебињата се сў уште во развој и нивното сетило на вкусот е различна. Така на бебињата нема да им се допадне премногу солена, слатка или кисела храна. Од 4 до 8 месеци бебето не смее да јаде храна со сол за да не ги преоптовари бубрезите. Исто така во овој период треба да му се даваат само природните овошни сокови кои не содржат дополнителен шеќер, туку само природен шеќер фруктоза. На тој начин се избегнува создавање наклоност спрема слатката храна

Внимание! Кај бебињата со склоност кон алергија, храната што дополнително ќе почне да се внесува треба да биде хипоалергенска (со многу мал потенцијал да даде алергиска реакција).

Најдобро е да почнете воведување друга храна, освен млекото со лесно сварливи состојки. Потоа следете како бебето ќе ги прифаќа и воведувајте една нова состојка неделно.

Покрај млекото, бебето е подготвено да прима храна богата со железо, бидејќи на оваа возраст депото на железо што бебето го има добиено од мајката е речиси потрошено. За ова се најпогодни кашички од зеленчук и од житни кашички збогатени со железо.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Прва нова храна на бебето
29.9.2009 12:11:59   
bordan
i nie otkako pocnavme pred eden mesec so dohrana stolicata pocna i tvrda da stanuva i Oleg se iznamaci ama sega si najdovme lek user posted image sok od modra sliva i po nekolku casa pampersot poln i sme na raat

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Прва нова храна на бебето
10.10.2009 12:51:06   
garfild
Почнав да и правам на Теа кашички од јаболко,е сега докторката рече прво или да се испече или да се свари јаболкото.Според вас што е поздраво,варено или печено?

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Прва нова храна на бебето
10.10.2009 12:55:26   
profesorica
Варено е подобро, печеното ствара запек.


< Поракaта ја уредил profesorica -- 10.10.2009 12:56:01 >


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Прва нова храна на бебето
10.10.2009 13:00:03   
mis.
Јас јаболко не сум варела,обично му ја давам печена и нема проблем со столицата.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Прва нова храна на бебето
10.10.2009 15:57:28   
mami
јас му давав и такво и такво и немаше проблем со столицата дури и печеното го сакаше повеќе бидејќи му го правев со цимет и шеќер и путер..ке ја пишам рецептата во Рецепти па можеш да видиш..Обично вареното му го спремав за преку ден кај моите додека го чуваа за да им е полесно и за мешање со друга храна, а му печев додека сме дома и да можем така полутопло да му го дадам, ептен го сака така..

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Прва нова храна на бебето
12.10.2009 10:52:48   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: steci

Zdravo na site.Od neodamna stanav clen na ova semejstvo ringejaja,i sum najiskreno voodusevena od iskrenosta,otvorenosta i nesebicnosta na vasite clenovi.Imam 6 mesecen sin koj e prekrasno bebe od kako e roden dosega ne sme imale nikakov problem so nego si spie na 2 saati isto bara da jadi na 2 saati i momentalno sme samo na majcino melko po preporaka na pedijatrite.Baram sovet od vas so sto da pocnam da go prihranuvam i sto da bide prvata hrana sto ke ja vkusi mojot sin.Prasuvam zatoa sto vo razgovor so edni poznanici od stranstvo mi sovetuvaa da ne pocnuvam so jabolce,krusa banana bidejki site tie imaat blag vkus.Po najnovite istrazuvanja dokazano e deka decata t.e bebinjata koi zapocnuvaat so solen aodnosno blutkava hrana na primer, karfiol,melen oriz i.t.n imaat pozdravi zabi i ne se tolku skloni na karies.Pozdrav i ve molam za iskren i prijatelski sovet

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Прва нова храна на бебето
12.10.2009 11:02:37   
steci
Ubavo detalno procitav se sto imavte kazano vie iskusni majki ili tatkovci.Posle se sto procitav iskreno sega sum malku zbuneta i vo dilema so sto da pocnam da go hranam mojot 6 mesecen sin koj osven majcino mleko ne mu imam dano nisto drugo osven cajce ili malu prevriena voda.SAKAM ISKREN SOVET DALI E PODOBRO MELEN ORIZ I MORKOVCE ZA POCETOK ILI JABOLCE,KRUVCE ILI BANANA.user posted image

(Одговор на членот Боцко)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Прва нова храна на бебето
12.10.2009 11:03:36   
mis.
И јас бев запознаена со практиката во европските земји и во периодот кога почнав со дохрана се двоумев што и како но на крај одлучив да ги послушам нашите педијатри.Во европа прво се започнува со зеленчук и жита што е позитивно бидејќи тие се вкусови кои потешко ги прифаќаат бебињата.Многу е полесно со овошјето кое е благо и не доаѓа до одбивност кај бебето.Меѓутоа јас се раководев од нашето поднебје и почнав со јаболко,круша,банана и навистина зеленчукот малку потешко ни оди но затоа му го мешам со житарици.
Стеци и да почнеш со ориз,морков,компир  и да се раководиш од советите на педијатрите во европа нема да згрешиш.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Прва нова храна на бебето
12.10.2009 17:11:33   
nutelizza
Во почетокот ке ти јаде многу малку. лажичка две. Давај ја новата храна од сабајле за да не случајно е алергичен. А дали овошје или зеленчук.... можеш и да промешаш една недела една намирница овошје, наредна друга намирница зеленчук.

Од мое искуство овошјето многу мноооогу полесно го приафти.


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Прва нова храна на бебето
19.10.2009 15:52:20   
ripce
Ме интересира кога почнавте со макароните без јајца? Исто и за цвеклото ме интересира од која возраст го давате?

(Одговор на членот nutelizza)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Прва нова храна на бебето
20.10.2009 8:31:55   
mami
макарони, јуфки, шпагети- се без сирење и јајца јаде од некаде пред годината...макарони и шпагети и не сака толку, но затоа јуфки обожава...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Прва нова храна на бебето
20.10.2009 16:18:55   
mis.
Анице ако макароните,шпагетите,јуфките и сите останати тестенини се без јајца можеш да му ги дадеш тогаш кога ќе почнеш со глутен,леб.И така тие се само од брашно.(освен ако нема млеко на пр. во тараната)А сирење на 10 месеци веќе можеш.Со јајца после годинка.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Прва нова храна на бебето
29.10.2009 9:38:09   
mis.
ИЗВОРНА ПОРАКА: nenicka

еве  јас како млада мајка незнам кога и со што да започнам  да и давам на ангела која веке има 3 ипол месеци


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Неничка многу е рано на 3 и пол месеци, само цицање или адаптирано млеко. Дури со навршени 4 месеци можеш да почнеш со дохрана но само по совет на педијатар ако слабо напредува бебето инаку ако оди добро со килажа, со дохрана ќе почнеш на шест месеци. 


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Прва нова храна на бебето
31.10.2009 12:30:40   
ripce
Најдов еден текст во кои мислам дека има многу важни и интересни податоци поврзани со оваа тема... тестот е напишан од страна на педијатар

Шест месеци старост поволен период за почнување со дохрана

Иако до пред некоја година препораките беа да се почне со дохрана со наполнети 4 месеци, се повеке преовладува мислење па и препорака од Светската здравствена организација да се почне со дохранување малку подоцна односно со наполнети 6 месеци од животот. Мајчиното млеко како и прехраната со млечна формула (доколку детето не е доено) обезбедува енергетски потреби во првите 6 месеци како и потребната количина на прехрамбени материи за правилен раст и развој на организмот. Периодот на шестиот месец од животот е период значаен по многу промени во моториката и активноста на детето: пружа рачиња кон саканиот предмет, детето ја менува положбата ( се врти на страна , на стомак), седи со потпомагање итн. Сите овие активности подразбираат брз раст на мускулната маса за која е потребно повеќе минерали и белковини отколку што обезбедува исклучиво млечната прехрана. Доенчето на почетокот од својот развој може да голта само течност, а некаде околу 5-6ти месец постигнува способност за голтање на полукрута т.е (кашеста) храна. И периодот на никнување на првите запчиња е показател на одрдена зрелост за прифаќање на друга храна освен млекото. Доенчето се навикнало на слаткаст вкус на храната, но не на начин како тоа го замислуваат возрасните. Мајчиното млеко содржи околу 7% млечен шеќер (лактоза) ги содржи сите квалитетни млечни формули. За споредба кравјото млеко содржи 4% лактоза, а значително поголемо количество минерали и белковини, а приближно иста количина на масти (квалитативно инаков состав од белковини и масти во женското тело) и необработено е неприлагодено за прехрана на детето во текот на првата година од животот.
Од навршени шест месеци од животот доенчето се навикнува на инаков вкус на храната и доколку тоа се одложи , детето многу тешко ќе ја прифати лажичката и содржината која се наоѓа во лажичката. На возраст од 6 месеци ја прифаќа лажичката на начин кој на мајката и изгледа како да ја одбива храната. Но тоа не е така бидејќи бебето на таа возраст прави движења со јазикот како кај цицањето , сеуште незнае да ја џвака храната, тоа треба да го научи. Иако на возраст од 6 месеци доенчето постигнало одредена зрелост која овозможува почеток на дохрана, системот за варење кај доенчето е сеуште осетлив и ранлив. Доенчето во првите месеци од животот не поднесува глутен (лепак), белковини кои ги содржат житарките. Глутенот ги оштетува цревните ресички и доведува до тешки проливи и ненапредување на детето. По шестиот месец преосетливоста на глутенот се губи бидејки одбрамбениот механизам на цревата станува посилен, почнува производство на сопствени заштитни антитела ИгА класа. Кај некој деца нетолеранцијата на глутен останува трајно (глутенска ентеропатија) и начинот на исхрана мора да биде прилагоден. Појавата на алергии на одредени продукти не е ретка појава кај доенчето поради незрелост на одбрамбениот состав во целост, но и поради неотпорност на цревната слузница, па затоа е потребно големо внимание кои видови на продукти се внесуваат во организмот на доенчето. Секое дете е посебно и различно реагира и затоа треба да се води грижа. Веќе од првите денови на животот некои деца цицаат алчно, бргу се заситуваат додека на другите им треба повеке време. Слично може да биде и со дохраната. Доенчето веќе со изразот на лицето покажува дали му се допаѓа храната или не. За привикнување на нови вкусови на доенчето му е потребно време. Новиот начин на хранење почнува да станува интересен, сака да држи лажичка во раката, а мајката се секира дека нема доволно да изеде доколку јаде само. На почетокот на дохранувањето 2-3 лажички ќе бидат доволни. Следниот ден количината ќе биде нешто поголема и постепено ќе ја зголемувате се додека не се замени еден оброк
(едно доење или едно шишенце). Добро е да се води дневник и да се забележува кои видови на овошје детето ги добило (т.е подоцна зеленчук, месо и др), да во случај на некоја несакана реакција (пролив, уртикарија и сл.) тој производ го избегнувате.. Во текот на една седмица не е пожелно да внесувате два нови вида на овошје или зеленчук или било кој друг производ.

Првите оброци со дохрана

Тоа се обично овошни кашички и тоа од она овошје кое лесно може да се
измиксира најчесто јаболка, банана, круша. Овие видови на овошје обично се
благи, не премногу ароматични и содржат мала количина на киселина (јаболка). За почеток се даваат 2-3 лажички овошен сок подготвен од свежо овошје (јаболка, банана, круша)како би можело доенчето да се привикне на вкусот кој е различен од млекото. Потоа на ред доаѓаат овошните кашички подготвени како пире од овошје , а кога количината ќе ја зголемите може да се додадат житарици, најдобро да се почне со оризови снегулки или едноставно варен и иситнет ориз, а подоцна и други видови на житарки каде значително се покачува енергетската вредност на оброкот и се обезбедува доволна количина на минерали и витамини од групата Б. Осетливите доенчиња на почетокот нема веднаш да ја прифатат храната со инаков вкус, густината, па така да најдобро е прво да се почне со овошен сок, а
овошната кашичка може да биде поретка а на доенчето ќе му се допадне вкусот. Штом доенчето го прифати новиот вкус, можете да се обидете да го храните со лажичка. Во овошната кашичка може да додадете и малку млеко (млечна формула со ознака 2) како би можело детето полесно да се навикне на новата храна. На сличен начин може да се воведе овошје и зеленчук кое лесно се ситни, нема премногу целулоза и има неутрален вкус (пр. Морков, тиквици, компир). Некогаш доста популарниот спанаќ децата обично не го сакаат, се препорачуваше како извор на железо што не е точно бидејки железото од спанаќот не се искористува. Овој зеленчук не се воведува прерано во исхраната на доенчето поради содржината на нитрати кои преминувајки во нитрити предизвикуваат промени во хемоглобинот, со последици метемоглобинемија и пречки во пренесувањето на кислородот. Спанаќот треба веднаш добро да се измие, свари и иситни со пасирање или миксирање и тогаш може да се употреби следниот ден т.е чување во фрижидер нема да му штети како ни замрзнување. Подобро е да се воведе во
исхраната кај постарите доенчиња Лиснат зеленчук (блитва, спанаќ) содржи фолна киселина која е потребна за раст, но е корисна и кај возрасните.
На оброците од овошје не треба да додавате шеќер, а битно е да се напомене дека во оброците на доенчето не се додава ниту сол. Боранија (грашок, грав, леќа) се видови на зеленчук кои содржат белковини , многу минерали, но и доста целулоза. Грашокот пасиран може да го давате по наполнети 9 месеци од животот, а леќа и грав подоцна (12 месеци).

< Поракaта ја уредил anica -- 31.10.2009 12:35:15 >

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Прва нова храна на бебето
31.10.2009 12:36:40   
mis.
user posted image user posted image user posted image Анице,преубав и поучен текст за сите тазе мамички.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Прва нова храна на бебето
31.10.2009 18:57:21   
ripce
Некогаш доста популарниот спанаќ децата обично не го сакаат, се препорачуваше како извор на железо што не е точно бидејки железото од спанаќот не се искористува. Овој зеленчук не се воведува прерано во исхраната на доенчето поради содржината на нитрати кои преминувајки во нитрити предизвикуваат промени во хемоглобинот, со последици метемоглобинемија и пречки во пренесувањето на кислородот.


Не само за тазе мамичките, еве што пишува за спанаќот, мислам дека ретко кој го знае ова

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Прва нова храна на бебето
10.11.2009 11:52:49   
mis.
Во почетокот на исхраната со тврда храна, вашето бебе ќе треба да научи дека храната има поинаков вкус и структура од млекото, дека храната не е веќе течна и доаѓа преку лажичка.
Првата храна што треба да му се понуди на детето треба да биде со благ вкус и да биде измешана со млеко што вообичаено му се дава или да биде сварена, но секогаш да биде што потечна за да може лесно да се вшмука од лажичката. Исто така првата тврда храна не треба да содржи глутен во својот состав. Глутенот е протеин што се содржи во составот на цереалиите, пченицата, 'рж, овес и јачмен и некои бебиња се осетливи на него.
  Во почетокот вие можете сами да си припремате тврда храна за вашето бебе, но можете и да изберете некој од готовите бебешки оброци. Доколку сами ја припремате храната, внимавајте да не додавате ниту сол, ниту шеќер во неа, ниту пак да користите мед за засладување на храната, барем во првата година, заради тоа што во медот може да има одредени спори што ќе предизвикаат сериозни заболувања на бебето (бебешки ботулизам).
Безглутенската храна, односно соодветните производи на HiPP, припремени со органски состојки, се препорачливи за почеток на исхрана на вашето бебе со тврда храна.  

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Прва нова храна на бебето
13.11.2009 21:41:16   
steci
Detalno procitav se sto ni napisa nasata mila i draga Anica.Kolku poucno i ubavo napisano.Mojot sin ima Sest i pol meseci starost i zapocnavme so dohranuvanje tocno otkako napolni sest meseci,dodeka prethodno bevme na doenje ekskluzivno doenje.Najprvin mu bistar sok od jabolkd i vosto ne go sakase pa psosle prodolzivme so melen oriz.Za sreka nego go sakase gi iamem probano site ovosni kasicki od nestle od hip so zitarici bez ama voosto ne mi gi jade.Za smetka na toa zelencukovite gi jade i toa 3 dena na primer zelencukova kasicka polovina teglicka.Baram sovet od vas sto da pravam ponatamu i kako da ja prifati ovosnata kasa ili sokovi sakam sovet od vas.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Прва нова храна на бебето
9.12.2009 7:09:38   
sunchips
Deneska, 4 dena pred da napolni 6 meseci, kerka mi prv pat jadese "hrana" user posted image .
Pocnavme so meleni orizovi snegulki zbogateni so zelezo izmesani so moe mleko, a dosega bese samo na doenje. Za razlika od drugite zitarki orizot nema gluten taka sto se smeta za prilicno bezbedna prva hrana. Vednas prifati bez problem. Planiram potoa da vovedam zelencuk, na pocetok dodaden vo snegulkite i na krajot ovosje. Sokot ne se preporacuva bidejki potoa bebeto nema da saka da pie voda ili eventualno se dava razreden 1:10 so voda, za pocetok nema da i davam voopsto,a podocna ke vidime. Voda ke pocneme direkno od sippy cup za da se navikne od start i da nema problem so karies na zabcinjata (veke gi ima 2) koga ke pie mleko/ sok ponatamu.

(Одговор на членот steci)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Прва нова храна на бебето
9.12.2009 9:41:41   
mami
user posted image user posted image user posted image супер за вас..браво...штом ги прифатила од прва немате гајле..а и ми се допаѓа распоредот за воведување нова храна...

(Одговор на членот sunchips)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Прва нова храна на бебето
14.12.2009 16:50:11   
mis.
Препорачливи производи за прихранување по месеци Од 0-4 месец се препорачува исклучиво млеко, мајчино или адаптирано. Во 5-от месец се препорачува воведување на овошје: јаболко, банана, круша и житарки: оризови и пченкарни снегулки. Во 6-от месец се воведуваат нови видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи. Во овој месец можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени од морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот. Во 7-от месец  при приготвувањето на овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини, капини, ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции особено при конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови како: брокула, компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот и боранијата да бидат млади. Во овој месец се препорачува внесување на оброк од месо и тоа пилешко (бело месо, не копан) и јагнешко. Во 8-от месец  се воведува рибата. Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете млечни производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и двопек. Овошните вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут, мандарина, грозје, лубеница, а од зеленчукот дадете домат. Во 9-от месец како нов вкус воведете го јајцето, но само жолчката и за почеток не повеќе од ¼, тврдо варена. Од млечните производи воведете го јогуртот и киселото млеко, со кои може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа што сеуште не се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните каши. Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети, јувки. Во 10-от месец од зеленчук можете да приготвите зелка, праз, ќељ, да користите пилешко темно месо и мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед. Внимавајте со употребата на медот, може да предизвика алергија. Мелени ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от месец.
Внесетего и лукот при приготвување на зеленчуковите каши, кој е познат  како природен антибиотик. Во 12-от месец воведете ја белката и тоа тврдо варена, леќата и гравот. По 12-от месец можете постепено да воведувате  сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и топени сирења. За цело време во исхраната на вашето дете треба да е застапено млекото мајчино или индустриски адаптирано.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?