Octavia
|
Ова верувам дека зависи од случај до случај... ама колку е поголем контактот на детето со бабите и дедовците, толку е поголемо влијанието. Кај мене за првото влијанието беше огромно и пред се, негативно, и затоа за второво не дозволувам и готово ! За првото родителите на мм, посебно татко му, не ми дозволија да го запишам детето во градинка кога тргнував на работа. Маж ми не го интересираше, буквално ме фрли во оган со неговите, татко му ми држеше предавања дека не сум била добра мајка, па каква мајка сум била кога сум сакала детето да оди во градинка, да не го гледа никој , а тие дома биле двајцата, па ми пречело детето сум сакала да го избркам од дома за да си лежам (а јас одев на работа на смени, кое црно лежење)... И на крај попуштив, не можев веќе да се борам. Е после почна претставата. „Нема ти што да ни кажуваш, ние го чуваме, ние ќе кажеме како треба“ беше секој ден. Па малиов фрлаше се што ќе му дојде под рака низ прозорец, преку балкон, шкрташе секаде, ја тепаше баба му (и на тоа реакцијата беше „Немој, знаеш дека ќе те кара мајка ти“ ), ако не сака да руча-пудинг, ако не сака да доручкува-пудинг, смоки пред ручек, па после „Не ти јаде детево“, спиење- ако сака, кога сака... Ги корнеше завесите од корнизи, фрлаше работи од фиоки на сите страни, прскаше со вода насекаде... ама што да ви кажам, да побараше да го запали станот, кибрит ќе му дадеа. Ако реагирав, одговорот беше „дете е, што сакаш ти да прави?“ или „е не се гледа дете така, само да му забрануваш, остави нека прави што сака, еднаш е дете“ ... Мислам дека беше доволно за илустрација. Моите беа во помал контакт затоа што свекор ми не дозволуваше да го чуваат, и тие си се повлекоа (цитирам „Е што има мајка ти да го чува, ние ќе си го чуваме“)... А BTW сега допрва си ги кркаме последиците од тоа „воспитување“.
< Поракaта ја уредил Octavia -- 5.12.2011 10:28:20 >
|