Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Јас денес ќе го изненадам мм. со омилената негова пита, лесна е многу (во готови кори се става месо мелено и кромид-пржено сето и се печи), со винце ќе си наздравиме а тој ноќеска ме изненади- на пeрница ми ја ставил "Мажи, пари и чоколада" си ја бендисав пред некое време во Матица и му реков ако сакаш некогаш да ми подариш нешто купи ми ја книгава . Слична е на "Купохоличарката и бебето"
< Поракaта ја уредил libra.n -- 14.2.2012 11:36:24 >
Добар ти е мажлелибра па и измислил каде да а стави ,мене купохоличарка семажи ми ја дадоа пред да се оможам и до пола стое недочитана ке ја дочитам некогаш , Мене мажле т.е никогаш не си честитавме валентин незнам зошто ама денес ми прати порака демек среќен валентин да не речиш дека не ти честитам романтика шта да типричам го уби моменатот хахахха затоа вечер ке си одам со пријателки млади мајки на вино и чоколадо и ке уживам!
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
Женски ај честит нека ни е на сите Св. Трифун, а ова Св. Валентин е како клише веќе,а и не е наш празник. Дај да си го испоштуваме винцето и да си цугнеме по една голтка. Па добро после винце не е забранета и романтична вечера со сопрузите и с.........
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
Ај нека е среќен празникот, кој што си празнува нека си празнува! Јас празнувам сосем трет празник (бидејќи добив вчера, не можам ниеден да прославам како што треба ), празнувам тоа што уште една оцена си земав денес. И по две недели, денес се гледаме со маже.Ова е најдолгото време што сме биле разделени, па и последен нека е.
Останете со здравје, вечер сите со добро вино и мнооооооогу секс!!!!
Јас славам св.Трифун, додека се опијам, а после св. Валентин, тогаш сите ќе ги сакам Инаку на мм му предложив вечер да вариме вино, одамна се кандисуваме, не сме пиеле варено вино ехее од пред да се земиме и таман некни купивме каранфилчина од Тинекс кога пазаревме, па сега уште цимет и вино да купи тој, додуша не ми одговори ништо за предлогов дали кандисува, сега уште не е вратен од работа заминаа во посета кај колешката која се породи пред некој ден, а после ќе оделе некаде со колегите да се почестат зашто плата зеле, па ќе видиме како ќе ми се оствари планот за вечер. Како и да е, среќен празник, кој и да го славите, 2 во 1 на крај краева
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
леле колку убаво ми изгледа денешниов рецепт на РР. преубава е пицата. Јас сум мртва гладна, ручекот уште не е готов, мм и н. си играат, ама ништо не помагаат, јас се раскостив више.А и денес нешто не ми е денот...осеќам дека вечер ќе славам - во 9 во кревет!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
Дечки, добро утро Вчера вечерта ми се јавија да почнам на обука во едно фото студио тука во близина кај мене. Морам да почнам, ако не е на струка, морам да почнам од некаде Е сега официјално и јас ќе бидам со свекрва дома Ќе се видиме може и на друга теме после некое време Денес максимално ќе го искористам денов да се изнаиграм со Срна, од утре ќе ја гледам помалку. Ајде едно кафенце сега да се освежиме Пак не знам кафе да послужам
< Поракaта ја уредил libra.n -- 15.2.2012 8:12:03 >
Aјде со среќа либра, еве јас ќе почестам едно кафе за тебе. Барем ти е близу, па нема да губиш време во патување наваму - натаму. А тоа дека не е на струка, па ќе си најдеш и таква работа, ова за привремено.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
Добро утро и од мене, јас сега стигнав на работа и нормално прво да видам што има ново на РР па после ќе се фатам за работа...ако уопште и се фатам денес Јас пијам сок од портокал па повелете и за вас ____________________________________________________________________________________________________________________________ Либра нека ти е со среќа тргнувањето на работа, за почеток супер, башка блиску од дома, па понатаму здравје, може и уште поубава работа ќе си најдеш
Честитки за работата Либра! Од некаде мора да се почне, ќе си најдеш и по струка.
Ние вчера не славевме ништо, мм од 7 до 21 часот работеше, се истушира, јадеше и право во кревет. Јас добив, ме болеше стомакот, ми се повраќаше... И си славевме во сон
И вчера холтер ми ставија, па цела ноќ се превртував ми беше страв да не го измрдам. Еве го додека пишувам почна да мери
Добро утроо ајде либра честита работа и не и се замарај мнг на свеки ние сега станавме јас пак на забар одам и уште неколку имам и готово завршив ,паа некст вик испити . како ми ги ставија последна недела во месецов да неможам порано да си одам кај мажле ајде помина среќе месецов е краток без 1 или 2 дена исто се фаќа.наздравје кафе на сите јас не јадам а сепак сум уште со стомак и посебно пред да ми дојде како трудна сум ептен отекувам после тоа издишувам како гума
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
Честитки либра за работата, ако седиш дома сигурно нема да најдиш по струка работа, вака барем кога ќе излегуваш од дома, побрзо може ќе си најдеш работа каква што посакуваш
Ние сношти греено вино + буда бар имавме, одамна не сум се опуштила така, затемнета атмосфера, мирисот на цимет и каранфилчина, не мислев ама баш на ништо. Уште поубаво зашто овој пат за разлика од претходно кога сме правеле вакви работи, освен јас и мм, тука беше плус и нашето сонце Михаил. И плус си направивме печени лепчина во релна и на крај сите тројца си легнавме и слатко си заспавме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Либра ајде честито,уфф колку сакам да излезам од дома,бар и да одам на работа на неколку часа ,ама неможе,мала е И.Ајде Кикичке уште малку ќе издржиш,после мерачиња ќе си тераш .... И се прашувам кога ќе помине овааа зима,аман веќе ми се вика..жими po доктори што се прошетавме .од дома немам излезено... Туку ај да се напиеме едно хот чоклит
Инаку мене уште ме држи од сношти еуфоријата и уште си слушам буда бар и ми текна да ве прашам тие што сте од Скопје, дали New age се уште постои? Леле тоа ми беше омилено место во Скопје, немаше шанси да одам во Скопје а да не отидам таму. А сега одамна не сум била, баш ми фали
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away