Mybabyjustcares
|
Девојки здраво! Форумот забременување го читам често, многу учам од вас, од вашите искуства. Досега бев само набљудувач, од денес ќе бидам и активен член. Па вака, со мојот партнер веќе некое време се обидуваме да го прошириме семејството, активно работиме 2 месеци на случајот. Имам да споделам со вас едно мое искуство. Последна менструација ми е на 21 април. Циклусот ми е подолг, добивам на 35 дена најчесто, ден, два, плус, минус. Сеуште немам добиено, а веќе поминаа и тие 35 дена. Симптоми никакви, ниту за добивање, ниту за бременост. Чудно! Вчера направив тест, прва црта црвена, втора црта бледа. Незнам што да мислам, веројатно ќе го повторам тестот за некој ден. Знам дека ова ви се случило, барем на некоја од вас. Дополнително, вчера вечер, бледо црвен исцедок, кој не е менструација, бидејќи денес нема ни капка. Совет? Мислење? пс. Веднаш по заврпувањето на меструацијата, негде на почетокот на мај, правев детален гинеколошки преглед. Докторката забележа еден куп фоликули и ми напомена дека е добро да се фатиме за работа, доколку сакаме дете... Поздрав на сите. Се читаме Пак јас. Направив уште еден тест, малку потемна втора линија, но не ептен црвена, како првата. Сметам дека е повторно позитен тест. Се упатив на проверка на hcg преку крв и параметрите беа hcg-222..8, што укажува на бременост, но рана. Како беше кај вас? Изгледа се работи за задоцнета овулација? Се мислам да правам уште едно hcg, да видам дали ќе се дуплира. Инаку на вагинало ехо, нема се уште ништо. Поздрав до сите вас!
|