|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  33 34 [35] 36 37   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Во која болница се породивте?
23.5.2012 17:29:24   
lilicka

ИЗВОРНА ПОРАКА: the_crow

Баш и не сакав да се потсетувам на ужасот од Чаир ама ке го споделам моето продилно искуство. По договор со докторот да се породам со провокација си се спремив и појдов во Чаир. Утрото кога појдове на сопругот му беше кажано да донесе Простагландин гел со кој ке се отворам безболно ,потоа ке ми стави окситоцин и бидејки се познававме добро со анестезиологот ке ми даде и епидурална анестезија . Баравме гел ама никаде немаше бидејки како што ни кажаа бил стопиран увозот на тој гел . Ај си викам ке видиме и заминав на патолошка. Околу 12 часот ја викна докторот (можеби ке згрешам што не го именувам) цимерката и и кажа дека нашле гел за неа и да појде да и стават. Ок се врати таа и ете го ме вика и мене . Ајде рече да ти ставам гел сопругот на таа пред тебе нашол. И пола ми стави и мене. После разбрав дека и на трета жена и ставил од истиот гел. Околу 17:00 почнаа болките и ми пукна водењакот по пола саат. со цимерката не однесоа во родилна сала , неа и една друга ги ставија на CTG а мене ми направија клизма . И од тука почна ужасот. Вода топла немаше да се измијам со ладна се истуширав цела спавача ми беше мокра и почна ужасно да ми студи. Не ме ставија на CTG туку ми кажаа да шетам низ ходник и да го чекам докторот и да гледам како се пораѓаат другите.Дојде докторот и помина покрај мене како крај турски гробишта и замина да ги пораѓа другите. Ужасни болки имав а водењакот ке престануваше да тече. Ми помодреа и рацете и нозете од ладно и почнав да повраќам . Дојде сестра Вики (незнам која клетва е најприкладна за неа ама некоја ке ја стигне сигурно) и ме фати со сета сила за коса и почна да вика дека не смеам да повраќам зошто после требало да чистат. Ме однесе за коса во собата кај CTGto и ми рече цитирам СЕДИ ТУКА ЖЕНИШТЕ И НЕМОЈ ДА ПОВРАЌАШ ЗОШТО КЕ ТЕ УБИЈАМ . почнав да викам бидејки имав ужасни болки и не се трпеше и згора на тоа и ми се повраќаше ужасно многу. си викав и си трпнев од студ до 21:00 а и боса бев бидејки ми ги тргна влечките таа истата сестра Вики. Не се трпеше повеќе и појдов едвај до WC да повраќам и дојде по мене пак ме фати за коса и ме извлече во ходник да сум стоела тука. Гледав како се пораѓаа другите,цимерката ја видов само како ја легнаа и еден од докторите и се качи на гради да стега а другиот влечеше со вакум од се тоа бебенцето се искакало во плодовата вода и голтнало па едвај го спасија а јас како прворотка ептен се исплашив. Друга жена како животно претрча до мене низ ходник и сама легна на бокс и веднаш се породи ама ја оставија така да стои незнам колку време. Доктор не појде кај неа. А јас во меѓувреме плачев и ги молев да видат што е со мене а сите ме игнорираа . Дојде една сестра и ме стави на CTG .На неа и викам абе вака ли епидурална и сите ветувања а ? Еј ми вика не биди будала кој ке ти стави епидурална нема такво нешто . И тогаш ме фати страв и почнав да викам . Тогаш влезе др. Адеми (анестезиолог) и ми вика што е со тебе . Незнам му викам само знам дека имам ужасни болки и сите ме игнорираат . Ајде вика дојди со мене да видиме . Ја викна една докторка и кога таа виде дека сум само 3 прста отворена му вика спремете ја за царски више ризично е за детето.Др Адеми полека ме фати за рака и ме однесе во собата за цтг ми рече дека се ке биде во ред и ме покри со кебе. Се врати и ме прашуваше дали сум алергична на нешто и слични прашања. Сега рече ке те однесеме на опеарција и нема ништо да боли ке видиш.Ме тешеше како мало дете.Дојде тогаш докторот кој ми беше врска конечно и уште ме прашува дали сакам царски или да пробал да ме породи природно.ЕЕЕЕЕЕЕјјјј отворена 3 прста тој природно ке ме пораѓа. Ајде му викам однесете ме на царски и нека помине се. Дојде таа Вики и ми рече да легнам на креветот и со сила проба да ми пикне катетер. И викам те молам полека имам проблеми со мочниот канал бидејки имав песок заглавен во каналот крварев и не ми беше заздравен. Не викај и молчи зошто ке те удрам и на сила ми го стави катетерот . Добро и викам извини што викам и се насмевнав и ја фатив за рака. А на тоа ми вика ЖЕНИШТЕ НЕ МЕ ФАЌАЈ ЗА РАКА МОЖЕ МЕСО КЕ МИ СКИНЕШ ОД КАЈ ТЕ ЗНАМ . И на тоа више ми пукна филм и и викам не се секирај не ти кинам месо оди издепилирај ја волната на рацете животно едно. Се изнервира ама немаше што да прави бидејки имаше и други тука. Ме однесоа на операција и се што памтам беше ликот на др Адеми над мене и ми кажа дека се ке биде во ред.се разбудив околу 02:00 ама убаво како од сон и видов дека сум скроз гола со еден партал меѓу нозе и ништо друго. Ја гледам жената до мене и спавача и покриена и ладен чај до неа а јас како куче легната. Тогаш ја викнав сестрата ме покри и ја замолив да ми даде малку чај.Утрото дојде др Адеми да не види и ми кажа дека се е во ред со бебето и ке ми го дадат да го видам веднаш штом ме однесат горе.Сабајлето ме однесоа горе и конечно си го видов малото. А за ужасот таму па друга приказна.Бебето плаче јас немам млеко така со саати . Спавачата искината со градите надвор и тој подметачот на креветот ко од шперплоча не се трпеа ама мора. Одам со бебето надвор од соба да викнам сестра и таа ми се развика не смееш да излегуваш од соба со бебето. па што да правам бре душа ме боли ко слушам како плаче а јас немам млеко. Ама ај тоа си викам уште некој ден и ке помине. Е сега што е најтрагично. Докторот ги собрал доле и сопругот и мајка ми и свекрва ми и се разврзал муабети. Јас сум викала ,такво нешто како мене немало уште во болницата влезено. сум трчала низ ходници и низ сите соби со поглед на животно тој трчал по мене ,сум била изгубена ,не сум знаела ништо. Овие си помислиле готово побудале ке ја носиме на психијатрија ко ке излезе од тука. Јас па им се јавувам на телефон и ми викаат дали знаеш кој се јавува. Абе им викам ме мафтате или што е работава.Тогаш ми кажаа што се им изнакажал докторот . После доаѓа кај мене и вики те изоговарав пред твоите можеби не требаше сега мислат се најлошо за тебе како извинување ке ти донесам кафе. Оди реков отров да си земеш за тебе а мене не ми треба кафе. Потплаќав чистачки со паштети и сирењаци за да ми донесат здрава спавача .А тој анестезиологот што ни вети дека ке биде за време на породувањето тука и дека ке ми даде епидурална му се јавил на сопругот и му рекол да го заборавиш мојот број вие сте кажале дека друг ви е врска а не јас и сега не можам да земам процент ова она глупости.А тој не се ни појави. И ај има уште многу ама јас многу се разврзав и за тоа другото некој нареден пат. Сега ми е битно дека бебето ми е ок ,јас полека се опоравив и никогаш не би се вратила во Чаир. Јас го кажав моето, кој сака нека прими совет да не оди во Чаир кој не сака ок. Се е индивидуално. Поздрав до сите и се читаме некој нареден пат.

the_crow.....те тегнеше за коса,те невредувала?????Баш некако не мие оки ама баш ичч??
Кога те читав ме подсети на една мама кога се пораѓав на Гак.....типкава толку урлаше со сите се караше дури и псуеше по се живо и диво з’ш имала болки а имала и врскии....
Абе 4 часа урлашее незнаете што се направеше.....кога ја качија на бокс незнам како и се караше во тие болку боже мој.....па дури едниот доктор што беше излезе од породилната сала од толку навреди а другиот остана....е ајт се породи и ете ја шијат кога го плесна со нога докторот лелеле мајко незнаете што беше па ни во филм не сум видела такво нешто...е за вакво створење треба да се биде безобразен,згора на тоа па кога ја видов после во исто соба не ставилеuser posted image ....и случајно дознав дека таа ги тужела.....др.сестриии!!!
Сориии надвор од темаа ама некогаш и ние претеруваме мамите јес да имаме и болки и се тие преку глава ама се си има граница!!!!

(Одговор на членот the_crow)
Непосредна врска до пораките: 851
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 11:38:14   
the_crow
Lilicka,ни мене тоа што ме тегнеше за коса не ми беше ама ич ок . Доволно сум едуцирана и премногу бев спремна да знам што да очекувам од породувањето и какви се болките . Никој не урлаше и не викаше како луд. Да беше така немаше да ми биде чудно и да ме натепаа, ама за едно повраќање да те трга некој како животно е баш и не ми е ОК. Против тоа неможев бидејки е посилен тој нагон од мене .Затоа пишав ако на некој не му се верува тоа е негово право,јас само кажав како беше. И убаво кажав дека седев заборавена во собата за ctg,и го кркав подебелиот крај на стапот и дека ми истекол водењакот на плочки . Е извинете ама неможев да се затнам пак ке кажам посилно беше од мене.

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 852
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 11:40:19   
the_crow
Молба до Администраторот !!!
Ве молам тргнете ги моите постови зошто гледам дека само се избламирав што го споделив моето породилно искуство, а мислев ако го споделам се тоа со некој ке ми биде полесно.
Затоа ве молам тргнете се што имам постирано.

(Одговор на членот the_crow)
Непосредна врска до пораките: 853
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 11:50:35   
Viktori
Jas ne znam sto da kazam za tvoevo iskustvo, ama ova e eden od slucaite sto me teraat da veruvam deka i te kako se potrebni kameri na sekoe kose.
I ne e ni narusuvanje na privatnost, ni uskratuvanje na nekoi prava, tuku bas naprotiv, so kamerata kako pomagalo ke gi uzivame pravata. Dokaz za na sud, i cao prijatno.

Jas za vo cair bas, prviot pat koga se poragjav super pominav, mislam super znaci ok, kolku tolku, zatoa sto podobro ne ni moze. Mislam sepak na poragjaj ideme, ne na kafe.

Ama cistackite se krajno bezobrazni i veruvam deka moze i za kosa da te fatila, zatoa sto so mene vo soba bese albanka, ne razbirase dobro, mislam deka najverojatno i protece zasirena krv, onaka parce celo. Lugje koa i se pusti bolnicarkata, sramota be....
Ama mi stoese do glava, user posted image user posted image user posted image od zemja ke ja udrev. i majka i sajka i se po spisok...

Inaku kaj nas vladee ona: kuti si da te gledaat.... da koga e doktor vo prasanje. Normalno ke go slusam za moe i na bebeto dobro. Ama koj kako nesalam vraboten tamu da go trpam? Nema sansa be.

I da se deram, i da urlam, i kako sakam da pravam, toj e dolzen da me trpi, pomogne i ovozmozi najvisoka pomos i nega!

Imaat se, ne davaat nisto za trosok da nepravat! Ni kislorod obicen sto go ima vo najsiromasnite tretoklasni evropski bolnici.
E pa jebi ga.
Na takov proces, so nikakva pomos, koja kako i da se dere i izderava, i urla i sto i da e - opravdano i e!


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот the_crow)
Непосредна врска до пораките: 854
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 11:56:43   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: the_crow

Молба до Администраторот !!!
Ве молам тргнете ги моите постови зошто гледам дека само се избламирав што го споделив моето породилно искуство, а мислев ако го споделам се тоа со некој ке ми биде полесно.
Затоа ве молам тргнете се што имам постирано.


The crow, ne si se izblamirala. Si ja kazala tvojata vistina i tvoeto dozivuvanje.

Po pravilata zabraneto e brisenje na postovi, a ne gledam ti nesto licno da si otkrila i da si zagrozena.




_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот the_crow)
Непосредна врска до пораките: 855
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 11:58:47   
rina13
pa sto sto surovi imalo tuka zeni sto se ultraotporni na bolka ni a ne vikaat koga imaat uzasni porodilni bolki...Tolku jaki sto smetaat deka zenite koi vikale na poragjaj zasluzuvaat kjutek.Alo be 21 vek ako me boli ke vikam ke placam kosi ke kubam ako me zapostavat u toj ranliv period I te kako ke vikam, a sto treba sama da se porodam ko kucka.Nikoj nema pravo fizicki da te maltretira I da ke pominat tie 3 4 dena ama the-crow jas licno bi Im stegnala tuzba I bi idela dokraj abe I po televizii bi iskocila da sum na tvoe mesto posto takvi lugje ne treba da rabotat vo zdravstvoto ima mal million sto bi se odnesuvale pocovecno

(Одговор на членот the_crow)
Непосредна врска до пораките: 856
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 13:43:48   
mamicka77
IMA MNOGU SLUCAEVI I BEZCUSTVITELNI LUGE,jas celo vreme odev na privatno na pregledi vo remedika i mnogu sakav tamu da se porodam da me pordi mojata doktorka koja me vodese celo vreme ,ama za zal nemav dovolno finansii bidejki site pari do denar sto gi imavme na strana si gi dadov vo remedika nad 3000evra i ne gi ni zalam,bidejki blagodarenie na toj personal osobeno na doktorkata Elena Petrova i Gligor Dimitrov jas sega si imam edno zlato vo moite race,malku sum of topik ama bese mi zborot deka nemav finansii da se porodam tamu i morav vo Stip vo gradskata bolnica i sto ke se kaaam cel zivot,odam jas so bolku tamu ...od kade da znam kolku prsti sum otvorena i koga teba da otidam ne sum vtororotka ili treta ili....pa da znam i taa sestrata na stamenka Lence ke ja i imenuvam vika sto si se zatrcala tuka da se poragas ,vikam epa kade.... pa tamu od kade si od Probistip,i jas i vikam pa nema dovolno personal tamu i se poklopiv od bolki ,taa me pregleda i vika sto si se zatrcala so dva prsta otvorea jas sto ke ti pravam tuka vikam pa od kade da znam jas koga treba da dojdam,me stavi na ctg i si izgasi strujata i si legna na krevetot fino lepo i se pokri i zaspa a jas dremam ukl na ctg,ajde toa pomina otidov vo sobata i samo sto legnav mi se skrsi nogarkata od krevetot i ke padnev za malku i im kazav da go smenat ...lugeeeeeeee veruvale ili ne bidejki nemalo koj da go smeni me stavija vo magacinot da lezam bidejki ne mozev veke na klupata da se drvam a imav bolki vo magacinot ejjjj ne bese neli magacin ama jas go taka vikam bidejki bese soba ama nemase rodilki imase dava kreveta prepolni so kebinja i pernici i kolicki za vozenje ,sekako deka e magacin stom e soba za prifakanje na raboti tamu lezev izvesno vreme i veke nemav sila da trpam se javiv na mm fativme tamu edna prijatelka t.e bolnicarka od ginekolosko i sama jas so zenata go odvleckavme krevetoto od magacinot do sobata akde sto bese skrsen ekrevetot za da ne lezam tamu ,ej trudnica so bolku i da buta krevet ama aj pomina ne sakam da se navrakam a da bev mokna ke si zberev torbicite i ke si zaminev stvarno,vo sekoj slucaj zborot mi bese deka ima sekakvi bea luti zosto gi razbudiv od spanje sabajle vo 5

< Поракaта ја уредил mamicka77 -- 24.5.2012 13:46:06 >

(Одговор на членот lilicka)
Непосредна врска до пораките: 857
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 15:14:34   
Veronika 78
terminot mi e 28.07 i bi sakala da se porodam vo novata GAK so epiduralna i da me porodi dr.Hadzilega
Kakvo e vaseto iskustvo od novata GAK i vo odnos na bolnicata i vo odnos na personalot i baranjata NA PASIENTOT?

(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 858
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 19:49:47   
elenoska
The crow ja te veruvam...luge vo cair e haos.Devojce sto lezese so mene bese edna albanka solzi ronese...vika ja vikam po hodnik luge ke se poragam ,vika tie site me ignoriraat i koga slucajno ja videla nekoja sestra ,zamilsete bebeto veke pocnalo da iskaca vika ja mu go drzam glavceto so ednata raka ,vika a sestrata odpozadi me turka silno i se dere mrdni...devojceto bese istraumatizirano...zatoa veruvam deka e vistina 

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 859
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 20:08:16   
mila mama
Не можам да верувам! Жално, срамотно е тоа што ти се случило The crow! Ова и те како треба да се шири и разгласува, да се преземат мерки и да се провери нивото на услуги во Чаир. Ако министерот затвори некои клиники, редно е и Чаир да ја посети и ако не успее да ги образува кадрите и воспита, нека ги избрка дома, па ќерките да си ги скубат за коса. Да сум била јас верувај, би ја натепала таа што ме скубе, би се јавила на мм и би одела со такси во друга болница како итен случај што се пораѓа на улица. Ова е за судење!user posted image

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот elenoska)
Непосредна врска до пораките: 860
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 20:29:13   
Pepelaska *
Леле, не можам да поверувам.Како можете да речете дека ние мајките претеруваме??? Пишува дека била прворотка, незнам за другите ама мене ми беше многуууу страв кога отидов.
И да, јас врескав оти имав страшни болки, ја стегав сестрата за рака ( утедента беше модра ) и збор не ми рече.После и се извинував другиот ден а таа само ми врати “ Мене тоа ми е работа “.Е сега се погоди една привикуваше( да не ширам омраза ама беше од друга националност) ако ја допрев да се држам за неа ( ама докторот одма ќе и упати поглед и мирна) .
Немав ни врски, немав ни никој познат , во државна болница бев во мојот град. Не дека се беше сјајно , ама односот на докторите и сестрите беше феноменален спрема сите пациенти.А за ова шшто читам не можам да се изначудам. Јас би ја убила

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 861
   RE: Во која болница се породивте?
24.5.2012 22:35:09   
bebe82
Lilicka, муабетов воопшто не ти е на место. Жената си ја отвори душата овде, и си ја кажа траумата, а ти со цел памет и се потсмеваш и го оправдуваш однесувањето кон неа како кон животно. Мислам дали луѓе мислите нешто пред да напишете??? Човек на човек волк е. Кога kapina темата страшно пиша ваква слична и да речам со право ГЛУПА споредба одма изреагирав, бидејќи сум секогаш на страната на послабиот, ама очигледно сум згрешила бидејќи и ти си таква бесчуствителнаuser posted image . УЖАС!!!

the-crow, заборави на све, погледни си го своето бебенце и на лошите луѓе ќе им се врати со лошо. Кармата е зезната работа !!!

(Одговор на членот the_crow)
Непосредна врска до пораките: 862
   RE: Во која болница се породивте?
25.5.2012 0:38:14   
Ljubovce
I te kako mi e jasno kako si pominala vo cair,tie sestrite i cistackite arno ne gi potepav tamu. za dr nemam zabeleska ama za cistackite pogotovo taa edna mislam deka se vikase VESNA,crna so dolga kosa...leleeee se karav po bolnica so nea i na kraj bese primorana da dojde da mi se izvini.

nikogas veke nema da ni da pomislam da stapnam vo taa bolnica ma neznam kakvi vrski da imas gabe ti e, zatoa sto nemaat kontrola na vrabotenite.
zatoa zdravje boze za vtoro dete ke si odam vo hotel DA,koj kako saka neka go vika.

(Одговор на членот bebe82)
Непосредна врска до пораките: 863
   RE: Во која болница се породивте?
25.5.2012 10:26:40   
Golemo dete
the_crow  Планирав да се воздржам од коментари на темава но сепак неможам..Одлуката и условите за породување се индивидуална работа, секој спрема можностите итн...Да не должам многу, се породив пред 4,5 години во Систина (уште беше во старите простории)... Но на почетокот на бременоста одев во Чаир, демек ајде сите раѓале па ќе родам и ја што може да ми бидеuser posted image  Но првите 3 прегледа ќе ги прескокнам,али последниот никако, ме легнаа на стар весник Нова Македонија и тоа онака истапкан што значи веќе некоја лежела пред мене и тоа со изговор дека ќе кречеле па секаде ставиле весници...Алооооо и кај бебињата ако кречат ќе стават весници на креветчињата? госпоѓата докторка (сега работи во приватна болница) беше тотално незаинтересирана за работа, со крварење ме прими дури после 48 часа, не открија дека имам гестоза, и дека нападот бил поради Ешерихајата која којзнае како сум успеала да ја закачам во толкав број бидејќи 1,5 месец претходно Уринокултурата ми беше во ред.....И така ме врати дома да сум пиела Увин чај и да не и доаѓам без потреба имала гужвва....Среќа што одма отидов во Систина , што соодветно го третираа проблемот и што се се заврши во најдобар ред...Затоа нема потреба да се прават споредби , јас лично ти верувам и многу ми е жал....

(Одговор на членот Ljubovce)
Непосредна врска до пораките: 864
   RE: Во која болница се породивте?
25.5.2012 12:13:57   
Ikana
Женски темава пак каша попара user posted image
Една членка погоре праша за ГАК каков е односот....значи ако имаш врски, сте ќе трчаат околу тебе, мада и тие што беа без врски добро ги чуваа, стварно не можам да кажам дека видов некој пример на неприкладен однос....негата на ниво, односот на ниво....е сега мене знаете болна точка ми беше хигиената и стручноста на една докторка, ама ајде бидна и тоа, помина. Епидурална мислам дека и они ако има време ќе ти стават, ама дека ако бараш одма ќе добиеш, тешко, ти требаат врски и за тоа....бидејќи планираш и планираш, и на крај може се да се испреврти и тоа е, мора да се адаптираш на ситуацијата....некои и немаат време за анестезија па ги раѓаат бебињата буквално за 3 минути. Јас се породив во старата ГАК, ама некако ме потресоа, и не би одела пак таму, осве ако немам индикации нели и да мора таму, се друго здравје само!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 865
   RE: Во која болница се породивте?
25.5.2012 12:38:22   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana

Епидурална мислам дека и они ако има време ќе ти стават, ама дека ако бараш одма ќе добиеш, тешко, ти требаат врски и за тоа....бидејќи планираш и планираш, и на крај може се да се испреврти и тоа е,


..како кај мене н пример, фати меѓусмена и немаше анестезиолог, и во меѓувреме додека се појави некој, пројде возот!! Иако им кажав дека сака епидурал уште на врата кога влегов.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 866
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 19:05:43   
eli07
Epa aj koga veke sme kaj GAK..... jas konecno odluciv da se poragam tamu (33 nedela).Vrski pocnav da fakam iskreno da vi kazam i toa doktor.Samo ne mi e jasna sea procedurava.Slusnav deka ne moze sega po novo da ti dojde doktor bez razlika dali e na smena ili ne i toj da te poraga...E sega posto se uste ne sum se videla so doktorov zdravje za 2-3 nedeli moze li nekoja da mi kaze dali moze da si viknes doktor za poragjaj ili kako ti e srekata rabotava.Posto mi e prv pat ne znam kako idat rabotite vo GAKuser posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 867
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 21:25:22   
mami2
Не знам сега како е во ГАК, јас кога се пораѓав не дојде докторот кај мене, туку јас отидов кај неа. Се договоривме кога е на дежурство да отидам, така и направив, се породив со провокации. Докторката иако беше долу на прием дежурна, седеше во породилна сала заедно со другите доктори кои беа таму и таа ме породи, направи киретажа и средување на епизиотомијата. Е сега не знам дали така прават сите доктори кога ги бркаш за врска, ама јас по теророт што ми се случи во Систина со првото дете немаше шанса да чекам болки до 42 недела, па да одам на породување. Инсистирав да се породам во термин и вака со провокации ми беше единствена шанса.

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 868
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 22:11:47   
Cipi Ripi
Ели07, јас се породив на ГАК на 8 мај, договорено со докторка кога ке ми дојде моментот да дојде и да ме породи. Значи распрашај се убаво. Од 1 Април имаат воведено нова политика на пораѓање, потпишуваш документ доколку сакаш некој др да те пораѓа и др мора да дојде на пораѓањето иако не е во моментот кога ќе се пораѓаш на работа, а болницата им плаќа дополнително. Така беше и во мојот случај, отидов со 4 прста отворена, и кажав која др треба да ме пораѓа и и се јавија и ја известија и за неполн саат таа дојде.

(Одговор на членот mami2)
Непосредна врска до пораките: 869
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 23:02:08   
eli07
Cipi Ripi ne znam dali dobi poraka od mene ne sum sigurna dali ja prativ kako sto treba,Mozes li da mi kazes dali klinikat plaka za da dojde doktor da te poraga ili i ti plakas plus???

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 870
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 23:14:43   
Cipi Ripi
Не ми стигна порака. А за плаќање, не доплатив ништо плус.

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 871
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 23:38:07   
Andriance
pred 3 nedeli koga drugarka mi pobara da ja poragja odreden doktor....i znaete sto se desi..i dadoa virmance so suma od 300 evra...a deka plakja klinika malo morgen..

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот Cipi Ripi)
Непосредна врска до пораките: 872
   RE: Во која болница се породивте?
2.6.2012 23:43:24   
ivoni4ka

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicka77

IMA MNOGU SLUCAEVI I BEZCUSTVITELNI LUGE,jas celo vreme odev na privatno na pregledi vo remedika i mnogu sakav tamu da se porodam da me pordi mojata doktorka koja me vodese celo vreme ,ama za zal nemav dovolno finansii bidejki site pari do denar sto gi imavme na strana si gi dadov vo remedika nad 3000evra i ne gi ni zalam,bidejki blagodarenie na toj personal osobeno na doktorkata Elena Petrova i Gligor Dimitrov jas sega si imam edno zlato vo moite race,malku sum of topik ama bese mi zborot deka nemav finansii da se porodam tamu i morav vo Stip vo gradskata bolnica i sto ke se kaaam cel zivot,odam jas so bolku tamu ...od kade da znam kolku prsti sum otvorena i koga teba da otidam ne sum vtororotka ili treta ili....pa da znam i taa sestrata na stamenka Lence ke ja i imenuvam vika sto si se zatrcala tuka da se poragas ,vikam epa kade.... pa tamu od kade si od Probistip,i jas i vikam pa nema dovolno personal tamu i se poklopiv od bolki ,taa me pregleda i vika sto si se zatrcala so dva prsta otvorea jas sto ke ti pravam tuka vikam pa od kade da znam jas koga treba da dojdam,me stavi na ctg i si izgasi strujata i si legna na krevetot fino lepo i se pokri i zaspa a jas dremam ukl na ctg,ajde toa pomina otidov vo sobata i samo sto legnav mi se skrsi nogarkata od krevetot i ke padnev za malku i im kazav da go smenat ...lugeeeeeeee veruvale ili ne bidejki nemalo koj da go smeni me stavija vo magacinot da lezam bidejki ne mozev veke na klupata da se drvam a imav bolki vo magacinot ejjjj ne bese neli magacin ama jas go taka vikam bidejki bese soba ama nemase rodilki imase dava kreveta prepolni so kebinja i pernici i kolicki za vozenje ,sekako deka e magacin stom e soba za prifakanje na raboti tamu lezev izvesno vreme i veke nemav sila da trpam se javiv na mm fativme tamu edna prijatelka t.e bolnicarka od ginekolosko i sama jas so zenata go odvleckavme krevetoto od magacinot do sobata akde sto bese skrsen ekrevetot za da ne lezam tamu ,ej trudnica so bolku i da buta krevet ama aj pomina ne sakam da se navrakam a da bev mokna ke si zberev torbicite i ke si zaminev stvarno,vo sekoj slucaj zborot mi bese deka ima sekakvi bea luti zosto gi razbudiv od spanje sabajle vo 5

mamicka 77 e moram da ti kazam nesto znas jas sum d stip se poragav tamu problemot so s-r e takov sto nema dovolno doktori samo 2 redovno vraboteni i 2 nadvoresni sorabotnici i zatoa mnogu mnogu od dr gradovi od okolinata na stip ne gi prifakaat epten nesto zor da e drugo kaj ima na akusersko magacin ????????? user posted image jas stazirav tamu 12 meseci i za takvo nesretnav mozebi da e nekoja soba sto bila prazna i i momentalno da gi stavile kebinjata ( a koja soba e tocno ) plus sobite se 2 krevetni osven broj 2 i broj 3 taka da nema sansi da vnesete tret krevet. da ne ispadne deka te napagam ili slicno ama stipsokot akusersko oddelenie e odlicno za razlika od dr sto sum gi videla nz Mk e sega personalot e napnat bidejki nema dovolno d-r za rabota prmer jas se porodiv vo 18 30 imase uste 3 zeni so bolki posle mene, jas s eporodiv brzo znaci od dobivanje bolki so provokacija do raganje 3 ipol saata nemase dovono vreme da se formiraat naponi pa nemav dovolno naponi za da napnam i me pretiskaa gore na mevot za da ne go zadusam srcenecevo moe bidejki fatija tonovie da pagaat. doktorot edvaj postasuvase trcajki ( bukvalno ) od ginekologija do akusersko bidejki a moja belja imase i 2-3 slucaevi na ginekologija ama bas hitni i sega covekov kako da pomogne kade poprvo?
drugo jas voopsto ne sum zadovolna od d-r Marija Petrova ( za koja znam deka e tvoja sograganka od Probistip) dobro e sto ne ja poslusav so d- dimerite i klekaasenite bidejki ke iskravev ama bas nsito ne mi pogodi na eho pregledot so 4 d eho eho dopler i nesesekavam sto usto totalna utka za se ni g.n pogodena ni nisto znaci dzabe pari dadeni ( neksde okolu 5 iljadi den.)
ova e moe mislenje nemoj da se nalutis i ako ima nekoja so iskustvo od Stip neka kaze slobodno ako gresam nesto


_____________________________



(Одговор на членот mamicka77)
Непосредна врска до пораките: 873
   RE: Во која болница се породивте?
3.6.2012 15:34:31   
eli07
Edno prasanje do mami2 .Dali vo 9 mesec idese na pregledi kaj doktorkata sto te poraga vo GAK ili ne mora da znaci.Posto mi kazaa deka navodno najubavo e da odam vo drzavna na CTG na pregled a ne kaj maticniot kaj sto idev do sega.Fala..user posted image

(Одговор на членот ivoni4ka)
Непосредна врска до пораките: 874
   RE: Во која болница се породивте?
3.6.2012 16:58:29   
mami2
Одев кај лекарката од седми месец, еден месец откога почнав да одам на трансфузиологија заради лакуни на плацентата. Тогаш почна да ме следи, одев на контроли, ми даде зреење и на ЦТГ бев кај неа во девети месец. Одев кога беше дежурна, и накрај бидејќи влегов во 39 недела се договоривме кога да отидам за да ме породи. Јас претходно не одев кај матичниот, туку кај д-р Давчева на приватно, па последните месеци за да не одам по двапати за исти прегледи, бев само на ГАК.

(Одговор на членот eli07)
Непосредна врска до пораките: 875
Страница:   <<   < Претходна страница  33 34 [35] 36 37   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  33 34 [35] 36 37   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

dom
bilbilce

kade sakate da ziveete poveke

stan (42%)

kuka (58%)


Број на сите гласови: 77

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!