|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 12:35:31   
AnnaMolly RR
Бидејќи Рингераја е позната по својата хуманост, а ние веќе неколкупати сме организирале големи хуманитарни средби, сакам повторно да покажеме дека сме хумани и да собереме донации за оние на кои им се потребни.

Средбата е планирана за 24 февруари, недела. Намерно оставам олку простор, за сите оние членови кои сакаат да дојдат да имаат време да си испланираат. Ве поканувам СИТЕ кои сакате да донирате по нешто да дојдете и сите заедно со нашите дечиња да се дружиме и да си поминеме супер.

Дел од донираните работи ќе се однесат во домот за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври, а друг дел во домот за доенчиња во Битола.

Еве што може да донирате:
-Облека (за која било возраст)
-Играчки (за бебиња и поголеми дечиња)
-Сликовници
-Училишен прибор (тетратки, моливи, боички, блокчиња, острилки, гуми за бришење, пенкалца, кутии за моливи...)
-Обувки, топлинки
-Козметика (влажни марамчиња, шампончиња, сапуни, купки, пудри...)

Се надевам дека и овојпат како и на минатите хуманитарни средби ќе не има во огромен број.
Дополнително ќе го договориме местото (некоја игротека) и времето.

_____________________________

Live and let live
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 13:07:26   
Andriance
БРАВО!!!

Поддржувам максимално, и како и до сега ќе се вклучам во истата. Верувам и знам дека сите по дома имаме бар по едно стварче од се кое може да се тргне на страна и да усреќи некој друг. поготово играчки и облека.

уште еднаш user posted image за Рингераја и најискрено очекувам масовен одзив како оној од минатата година.

< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 17.1.2013 13:08:09 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 13:13:11   
Beatris
Јас веќе си го облежав датумот! Ајде рингерејки, да покажеме уште еднаш колку е хумано нашето семејство user posted image

_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 13:15:37   
mama toci
Kako i na predhodnata,najavuvam prisustvo i na ovaa,mada dolg e periodov,samo so deckive da ne izleze nesto nepredvideno.Cesto se prasuvam,abe sto se sluci so samohrana majka,kako se snaoga vo zivotov,ostana nekoj vo kontakt so nea???

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 13:19:12   
vezilka RR
user posted image user posted image user posted image Одлично. Датумот е заокружен, фиксиран. Секогаш поддржувам вакви акции. И јас очекувам масовен собир. Ајде ќе се дружиме и ќе помагаме!

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 14:22:03   
AnnaMolly RR
Само сакам да ги поттикнам и новите членови, оние кои не дошле до сега на дружба, да си испланираат и да дојдат. Најпрво да се запознаеме и да се дружиме, а потоа и заедно да бидеме хумани. Еве и еден поттик до оние кои не читаат, а не се членови, да дојдат на хуманитарната дружба.
Секако, како и на претходните хуманитарни акции, може да си поканите пријателки со дечињата да дојдат, не е услов да се биде член за да се биде хуман!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 14:24:36   
Melanija RR
Со задоволство ќе учествуваме јас и мм во оваа акција.
Сите кои по дома немаат детски работи, во секое пазарење може по едно нешто да се купи специјално за оваа акција.До тогаш има цел месец ,4 недели, секоја недела по едно нешто и акцијата сигурна сум ќе биде повеќе од успешна.
Да бидеме пример за сите и од љубов да учествуваме во оваа акција user posted image user posted image user posted image

Споделете ја информацијата со сите ваши блиски пријатели и роднини user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 14:42:22   
miana
Sakam da ja pozdravam akcijava.. Bravo. Se nadevam deka ke dojdam.Bi sakala isto taka i da predlozam nesto.
Vo nekoja naredna vakva akcija da se donira za decinjata od ucilisteto "Idnina " od butel koi isto taka edvaj cekaat nekoj da im podari nesto a podzaboraveni se za razlika od drugite.
Koga rabotev vo edna firma pred ovaa,gazdite za nova godina zadolzitelno doniraa po nesto za decinjata vo domot 11 oktomvri. Edna godina stapivme vo kontakt so edna vrabotena od ucilisteto so posebni potrebi "Idnina" i resivme tamu da donirame . Koga bev da odnesam,srce mi se raspara. Tamosnite vraboteni rekoa deka ovie decinja se zaboraveni i deka koga i da se donira nekade nesto,sekogas se donira za decinjata vo 11 ti oktomvri. Nemozam da vi ja opisam radosta natie decinja od ucilisteto idnina. Tie ne cekale so netrpenie cel den da dojdeme i za nas imaa izraboteno preubavi ikoni.
Moj predlog e naredna akcija da organizirame tokmu za ovie decinja.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 14:54:33   
AnnaMolly RR
Супер е предлогот, миана!
Ако се собереме во доволно голем број, нема зошто и таму да не се однесе нешто. Еве ви уште еден голем поттик се повеќе да се пријавувате и да собереме мнооооогу работи за да има за сите дечиња!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 15:13:28   
Bethany
Баш ќе ја забележам датата и ќе се потрудам да дојдам.
А тие работи треба да се направи како пакетче од сите наведените или како? Чисто да знам како треба да изгледа, или некој понатаму тоа распределува?

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 15:17:01   
miana
Ne e loso nekoj od vas (organizatorite ) da stapi vo kontakt so nekoj od ucilisteto Idnina i da se znaae za kolkavi deca se raboti za odprilika da znaeme sto da donirame...

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 15:49:40   
AnnaMolly RR
Бетани, можеш во обични ќеси да ставиш што планираш да донираш, после ќе се поделат тие работи зависно каде ќе се носат.

Миана, имам контакт од професорка во Иднина, се ќе биде договорено. Ќе се организира и превоз до домот за доенчиња во Битола. Тоа е најмал проблем, најважно е ние да се собереме во што поголем број и да донесеме што повеќе работи кои ќе им користат на дечињата.

И ве уверувам дека се ќе заврши на вистинското место!

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 22:55:20   
elenak
Многу сакам да дојдам на било каква средба со рингерајки ама пусто далеку сум user posted image А за ова ако доаѓа Натушка во родниот крај во скоро време и ако е во можност ќе пратам по неа нешто обавезно.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
17.1.2013 23:35:25   
Pepelaska *
user posted image
Одлична идеја, ќе се потрудам да дојдам и јас, супер што е олку рано утврден датумот.

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
18.1.2013 0:19:16   
amateuress
И јас се приклучувам девојки. Ми давате ли дозвола да ширам информации од тука по друштвени мрежи?

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
18.1.2013 15:56:56   
kuklicka26
Ја подржувам акцијата ,но со оглед што сум од далеку не знам дали ке можам да дојдам но секако сакам да учествувам во донацијата.Ќе правам напори и да дојдам,но доколку не е возможно и јас ке ги испратам.Уште од денес ќе почнам со купување.

(Одговор на членот amateuress)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
18.1.2013 20:36:22   
Maca25
Браво за организаторите user posted image сите по дома имаме алиштенца, играчки, обувки од нашите најмили кои веќе не ги користиме. Јас се придружувам кон акцијава и едвај чекам да се собереме сите! Ќе разглаам и по колеги и пријатели, кој сака да донира по нешто.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот kuklicka26)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
18.1.2013 20:57:30   
temjana
Еј супер јас веќе имам тргнато ептен мали алштенца од бебана ама до февруари ќе имам и ко за тро поголемкиuser posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
18.1.2013 23:13:20   
elenak
Изгледа јас не разбравuser posted image Нови ли треба да бидат играчките,алиштата или може и користени што веќе не ни се точни? И кажете ми дали и каде може предвреме да се донесат. ММ има во план да доаѓа наредната недела, по него да испратам.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
19.1.2013 15:12:51   
AnnaMolly RR
Елена, не мора да бидат нови работите. Облеката секако дека може да е користена, само нормално да биде здрава и пристојна. Сликовниците исто така нешто дома ако имате, а не ви се омилени, може и тоа. Нормално училишниот прибор би требало да биде нов тетратки, моливи и слично...

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
1.2.2013 14:39:39   
AnnaMolly RR
Пишувам само да ја активирам темава, за да можат да прочитаат сите членови и нечленови на Рингераја :)
За некое време ќе почнеме да правиме и список за да се знае кој ќе дојде сигурно, па според тоа да бараме и игротека, во зависно колку ќе бидеме.
СЛОБОДНО може да си поканите пријателки или некоја роднина да дојде со вас во игротека, што повеќе сме - тоа поубаво.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
2.2.2013 12:45:19   
mila28
Супер..одлична идеја, ќе гледам да дојдам и јас...ќе ја пратам темата да видиме кога и каде ќе биде средбата.


_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
4.2.2013 11:10:45   
AnnaMolly RR
Девојки, ајде да направиме еден првичен список за да се знае кој ќе доаѓа, па според тоа да се најде и соодветно место.

1. AnnaMolly

Ве чекам да се пријавувате, па да дефинираме колку ќе бидеме барем од прилика.
Вечер поконкретно ќе ви пишам каде ќе се носат донациите, бидејќи плановите малку се сменија. Домот за доенчиња излезе од комбинација, бидејќи превозот што требаше да ги носи донациите се откажа. Но во некоја следна прилика ќе се организираме пак за нив.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот mila28)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
4.2.2013 11:11:58   
Luci
1. AnnaMolly
2. Luci



< Поракaта ја уредил luci RR -- 4.2.2013 11:12:29 >


_____________________________

Рани куче да те лае!!!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки!
4.2.2013 11:19:57   
Bethany
I jas se prijavuvam. user posted image

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?