Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


AnnaMolly RR -> Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 12:35:31)

Бидејќи Рингераја е позната по својата хуманост, а ние веќе неколкупати сме организирале големи хуманитарни средби, сакам повторно да покажеме дека сме хумани и да собереме донации за оние на кои им се потребни.

Средбата е планирана за 24 февруари, недела. Намерно оставам олку простор, за сите оние членови кои сакаат да дојдат да имаат време да си испланираат. Ве поканувам СИТЕ кои сакате да донирате по нешто да дојдете и сите заедно со нашите дечиња да се дружиме и да си поминеме супер.

Дел од донираните работи ќе се однесат во домот за деца без родители и родителска грижа 11 Октомври, а друг дел во домот за доенчиња во Битола.

Еве што може да донирате:
-Облека (за која било возраст)
-Играчки (за бебиња и поголеми дечиња)
-Сликовници
-Училишен прибор (тетратки, моливи, боички, блокчиња, острилки, гуми за бришење, пенкалца, кутии за моливи...)
-Обувки, топлинки
-Козметика (влажни марамчиња, шампончиња, сапуни, купки, пудри...)

Се надевам дека и овојпат како и на минатите хуманитарни средби ќе не има во огромен број.
Дополнително ќе го договориме местото (некоја игротека) и времето.




Andriance -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 13:07:26)

БРАВО!!!

Поддржувам максимално, и како и до сега ќе се вклучам во истата. Верувам и знам дека сите по дома имаме бар по едно стварче од се кое може да се тргне на страна и да усреќи некој друг. поготово играчки и облека.

уште еднаш [sm=bravo.gif] за Рингераја и најискрено очекувам масовен одзив како оној од минатата година.




Beatris -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 13:13:11)

Јас веќе си го облежав датумот! Ајде рингерејки, да покажеме уште еднаш колку е хумано нашето семејство [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




mama toci -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 13:15:37)

Kako i na predhodnata,najavuvam prisustvo i na ovaa,mada dolg e periodov,samo so deckive da ne izleze nesto nepredvideno.Cesto se prasuvam,abe sto se sluci so samohrana majka,kako se snaoga vo zivotov,ostana nekoj vo kontakt so nea???




vezilka RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 13:19:12)

[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif] Одлично. Датумот е заокружен, фиксиран. Секогаш поддржувам вакви акции. И јас очекувам масовен собир. Ајде ќе се дружиме и ќе помагаме!




AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 14:22:03)

Само сакам да ги поттикнам и новите членови, оние кои не дошле до сега на дружба, да си испланираат и да дојдат. Најпрво да се запознаеме и да се дружиме, а потоа и заедно да бидеме хумани. Еве и еден поттик до оние кои не читаат, а не се членови, да дојдат на хуманитарната дружба.
Секако, како и на претходните хуманитарни акции, може да си поканите пријателки со дечињата да дојдат, не е услов да се биде член за да се биде хуман!




Melanija RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 14:24:36)

Со задоволство ќе учествуваме јас и мм во оваа акција.
Сите кои по дома немаат детски работи, во секое пазарење може по едно нешто да се купи специјално за оваа акција.До тогаш има цел месец ,4 недели, секоја недела по едно нешто и акцијата сигурна сум ќе биде повеќе од успешна.
Да бидеме пример за сите и од љубов да учествуваме во оваа акција [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]

Споделете ја информацијата со сите ваши блиски пријатели и роднини [sm=smiley1.gif]




miana -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 14:42:22)

Sakam da ja pozdravam akcijava.. Bravo. Se nadevam deka ke dojdam.Bi sakala isto taka i da predlozam nesto.
Vo nekoja naredna vakva akcija da se donira za decinjata od ucilisteto "Idnina " od butel koi isto taka edvaj cekaat nekoj da im podari nesto a podzaboraveni se za razlika od drugite.
Koga rabotev vo edna firma pred ovaa,gazdite za nova godina zadolzitelno doniraa po nesto za decinjata vo domot 11 oktomvri. Edna godina stapivme vo kontakt so edna vrabotena od ucilisteto so posebni potrebi "Idnina" i resivme tamu da donirame . Koga bev da odnesam,srce mi se raspara. Tamosnite vraboteni rekoa deka ovie decinja se zaboraveni i deka koga i da se donira nekade nesto,sekogas se donira za decinjata vo 11 ti oktomvri. Nemozam da vi ja opisam radosta natie decinja od ucilisteto idnina. Tie ne cekale so netrpenie cel den da dojdeme i za nas imaa izraboteno preubavi ikoni.
Moj predlog e naredna akcija da organizirame tokmu za ovie decinja.




AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 14:54:33)

Супер е предлогот, миана!
Ако се собереме во доволно голем број, нема зошто и таму да не се однесе нешто. Еве ви уште еден голем поттик се повеќе да се пријавувате и да собереме мнооооогу работи за да има за сите дечиња!




Bethany -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 15:13:28)

Баш ќе ја забележам датата и ќе се потрудам да дојдам.
А тие работи треба да се направи како пакетче од сите наведените или како? Чисто да знам како треба да изгледа, или некој понатаму тоа распределува?




miana -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 15:17:01)

Ne e loso nekoj od vas (organizatorite ) da stapi vo kontakt so nekoj od ucilisteto Idnina i da se znaae za kolkavi deca se raboti za odprilika da znaeme sto da donirame...




AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 15:49:40)

Бетани, можеш во обични ќеси да ставиш што планираш да донираш, после ќе се поделат тие работи зависно каде ќе се носат.

Миана, имам контакт од професорка во Иднина, се ќе биде договорено. Ќе се организира и превоз до домот за доенчиња во Битола. Тоа е најмал проблем, најважно е ние да се собереме во што поголем број и да донесеме што повеќе работи кои ќе им користат на дечињата.

И ве уверувам дека се ќе заврши на вистинското место!




elenak -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 22:55:20)

Многу сакам да дојдам на било каква средба со рингерајки ама пусто далеку сум [sm=smiley13.gif] А за ова ако доаѓа Натушка во родниот крај во скоро време и ако е во можност ќе пратам по неа нешто обавезно.




Pepelaska * -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (17.1.2013 23:35:25)

[sm=bravo.gif]
Одлична идеја, ќе се потрудам да дојдам и јас, супер што е олку рано утврден датумот.




amateuress -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (18.1.2013 0:19:16)

И јас се приклучувам девојки. Ми давате ли дозвола да ширам информации од тука по друштвени мрежи?




kuklicka26 -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (18.1.2013 15:56:56)

Ја подржувам акцијата ,но со оглед што сум од далеку не знам дали ке можам да дојдам но секако сакам да учествувам во донацијата.Ќе правам напори и да дојдам,но доколку не е возможно и јас ке ги испратам.Уште од денес ќе почнам со купување.




Maca25 -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (18.1.2013 20:36:22)

Браво за организаторите [sm=bravo.gif] сите по дома имаме алиштенца, играчки, обувки од нашите најмили кои веќе не ги користиме. Јас се придружувам кон акцијава и едвај чекам да се собереме сите! Ќе разглаам и по колеги и пријатели, кој сака да донира по нешто.




temjana -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (18.1.2013 20:57:30)

Еј супер јас веќе имам тргнато ептен мали алштенца од бебана ама до февруари ќе имам и ко за тро поголемки[sm=smiley36.gif]




elenak -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (18.1.2013 23:13:20)

Изгледа јас не разбрав[sm=zmeden.gif] Нови ли треба да бидат играчките,алиштата или може и користени што веќе не ни се точни? И кажете ми дали и каде може предвреме да се донесат. ММ има во план да доаѓа наредната недела, по него да испратам.




AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (19.1.2013 15:12:51)

Елена, не мора да бидат нови работите. Облеката секако дека може да е користена, само нормално да биде здрава и пристојна. Сликовниците исто така нешто дома ако имате, а не ви се омилени, може и тоа. Нормално училишниот прибор би требало да биде нов тетратки, моливи и слично...




AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (1.2.2013 14:39:39)

Пишувам само да ја активирам темава, за да можат да прочитаат сите членови и нечленови на Рингераја :)
За некое време ќе почнеме да правиме и список за да се знае кој ќе дојде сигурно, па според тоа да бараме и игротека, во зависно колку ќе бидеме.
СЛОБОДНО може да си поканите пријателки или некоја роднина да дојде со вас во игротека, што повеќе сме - тоа поубаво.




mila28 -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (2.2.2013 12:45:19)

Супер..одлична идеја, ќе гледам да дојдам и јас...ќе ја пратам темата да видиме кога и каде ќе биде средбата.




AnnaMolly RR -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (4.2.2013 11:10:45)

Девојки, ајде да направиме еден првичен список за да се знае кој ќе доаѓа, па според тоа да се најде и соодветно место.

1. AnnaMolly

Ве чекам да се пријавувате, па да дефинираме колку ќе бидеме барем од прилика.
Вечер поконкретно ќе ви пишам каде ќе се носат донациите, бидејќи плановите малку се сменија. Домот за доенчиња излезе од комбинација, бидејќи превозот што требаше да ги носи донациите се откажа. Но во некоја следна прилика ќе се организираме пак за нив.




Luci -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (4.2.2013 11:11:58)

1. AnnaMolly
2. Luci





Bethany -> RE: Нова хуманитарна средба на Рингерајки! (4.2.2013 11:19:57)

I jas se prijavuvam. [sm=smiley1.gif]




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>