|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Колку е доволно?
9.9.2013 23:47:40   
Snowhite RR
Е стварно не знам колку и е доволно на цуцава моја, има три оброци, појадок - обично овошје или фрутолино или гриз со овошје, или овошје со бисквити, ручек- зеленчук или зеленчук со месо и за вечера млечна кашичка и се разбира доење колку што сака и еднаш ретко два пати ад млеко и пак навечер на саат време откако ќе се заспие се буди по 2-3 пати и дури после заспива и спие до кај 3-4 часот пак за цицање, а и денски не спие по многу, демек ај моето млеко да не и е слабо, да не не и држи ситост, па пред спиење и давам ад ама пак спие 1-1.30 мин. Сокови не и давам, а и не сака да пие. Од колку месеци почнавте со ужинки? Мојава за десетина дена ќе прави 8 месеци

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 126
   RE: Колку е доволно?
10.9.2013 10:33:07   
sandriana RR
Snowhite, не мислам дека се буди од што е гладна, туку едноставно такво е детето. И мојата беше така се додека не се одбивме од цицање, на 19 месеци, и не и изникнаа и тројките во тој период.
Инаку, ужини има откако јас тргнав на работа, од 8 месеци, односно вистински ред за јадење во градинка од 9 месеци - појадок (млечен оброк најчесто - како пишува на менито од градинка), ужина (чај, сок, овошје), ручек(манџа), ужина (овошје или некое благо). Кога ќе дојдев од работа пак цицаше, вечераше и пак цела ноќ се будеше по 100 пати (повеќе од 2 саати нема спиено).
Муабетот ми е дека ужинки може да има, но не верувам дека неспиењето е резултат на тоа што е гладна.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 127
   RE: Колку е доволно?
10.9.2013 11:17:38   
masa
Ако си напредува убаво не ќе да е гладна и ако ги јаде оброците без молење.Мислам дека сите деца имаат некој таков период.Јас на пример никогаш не знаев колку и е доволно на ќерката зошто кашите одвај ги јадеше со триста молби и по саат време и најчесто не дојадуваше се што сум спремила и беше само на доење така да пак незнаев колку цица нели иако по грдите осеќав дека ги празни.Најчесто не се бунеше околу јадење да бара сама,но имаше еден период кога буквално на прсти одевме за да не се разбуди.Само трпение се надевам брзо ќе ви помине периодот па ќе можеш и ти како човек да се наспиеш user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 128
   RE: Колку е доволно?
12.9.2013 22:42:36   
Snowhite RR
Па што знам дали јади без молење, јас и ставам во уста, таа плука, јас пак и го враќам, пак ќе исплука малку, пак и го враќам и така ќе го изеде цело лажиче и пак после ново и така хранењето трае и трае..е сега само за 2-3 јадења отвора сама уста. А еве 2 вечери не ми ја јаде млечната кашичка, не знам зошто сака само да цица, дали и се здосади, треба друга да и купам можеби.

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот masa)
Непосредна врска до пораките: 129
   RE: Колку е доволно?
20.12.2013 9:11:22   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Фала ви user posted image
Сокче пример колку да му дадам пр.најмногу 30-40мл дневно?Ова од тепка стварно незнам дали има дозволена мл. за сокче од кога ќе се почне или колку ќе си пие толку

ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR

Па да, толку би било доволно, па секој нареден ден ќе зголемуваш, ќе ја дуплираш дозата и после тој самиот ќе ти дава до знаење колку му е достаuser posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Јас првиот ден и дадов околу 10 мл. и потоа зголемував постепено по 10 мл. на ден и толку, околу 50 мл. сокче на ден пиеше на таа возраст. Само многу е важно да не се воведуваат две овошја/зеленчуци наеднаш туку по едно на 5-6 дена.
Па среќно!user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 130
   RE: Колку е доволно?
10.1.2014 13:39:57   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: *devojce*

mamicki imam prasanje
dali e dovolno vo denot da mu davam mlecna kasa n hipp, ovosna i zelencukova so meso ili preteruvam?Vo nedoumica sum?

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

*devojce*, не можам да се сетам колку месеци наполнивте. Но од 6 месеци натаму може да има три оброци, баш како што ги наброја. Наутро - овошје, ручек - зеленчук со/без месо, и вечера млечна каша.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 131
   RE: Колку е доволно?
17.1.2014 13:03:26   
mommy_angels RR
Ќерка ми секојдневно пие свежо цеден сок,во чиј состав освен сезонско овошје има и морков и цвекло.Е сега прашањето ми се однесува на цвеклото-Дали секојдневната консумација може да биде штетна и колку може мало дете да изеде ?
Прашањето го поставувам поради тоа што цвеклото е како производ навистина е добро ,но јако,дури и урината добива бордо боја од него user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 132
   RE: Колку е доволно?
17.1.2014 13:35:40   
sandriana RR
Мами, од се што сум прочитала за цвекло, нигде не пишува дека секојдневна консумација е штетна. Единствено, да не би се презаситило дете од вкусот (ако воопшто го приметува), од време на време би го паузирала по 1-2 недели, да речеме.
Колку е доволно - онолку колку сака дете, според мене, конкретно по ова прашање.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 133
   RE: Колку е доволно?
26.1.2014 13:56:16   
lekokrila
dali nekoj imal slicno iskustvo i ako moze da me posovetuva otkako moeto bebce koe ima 4 meseci pocna da pie surup lagofer i kapki baby vital za podobruvanje na krvnata slika prestana da pie ad mleko se so zorle edvaj po 60 ml na 3h neznam zosto e vaka prethodno piese 130/150 ml inaku si jade po edno peceno ispasirano jabolko na den sto mozam da napravam za da mu go zgolemam apetitot? inaku tezi 5 i 900g kolku ml treba dnevno da pie mleko?

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 134
   RE: Колку е доволно?
26.1.2014 14:22:40   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Ќерка ми секојдневно пие свежо цеден сок,во чиј состав освен сезонско овошје има и морков и цвекло.Е сега прашањето ми се однесува на цвеклото-Дали секојдневната консумација може да биде штетна и колку може мало дете да изеде ?
Прашањето го поставувам поради тоа што цвеклото е како производ навистина е добро ,но јако,дури и урината добива бордо боја од него user posted image

Мами јас повеќе би се загрижила за морковот, отколку за цвеклото, зашто мислам дека со прекумерно консумирање на моркови може да добие портокалова пигментација

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 135
   RE: Колку е доволно?
26.1.2014 14:56:34   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: lekokrila

dali nekoj imal slicno iskustvo i ako moze da me posovetuva otkako moeto bebce koe ima 4 meseci pocna da pie surup lagofer i kapki baby vital za podobruvanje na krvnata slika prestana da pie ad mleko se so zorle edvaj po 60 ml na 3h neznam zosto e vaka prethodno piese 130/150 ml inaku si jade po edno peceno ispasirano jabolko na den sto mozam da napravam za da mu go zgolemam apetitot? inaku tezi 5 i 900g kolku ml treba dnevno da pie mleko?

Лекокрила,кај секое дете е индивидуално,колку мл млеко ќе испие.Моето и до ден денес иако има 17 месеци пие едвај 150-200мл млеко на оброк,па супер си напредува.Самото расположение на детето ќе ти покаже дали е гладно или не.Доколку си е смирено,и расположено нема место за паника.Но исто така треба да му ја следиш килажата како напредува.Сепак консултирај си се со педијатар,можеби ад млекото не го сака,ќе смените со друго.Можеби цуцлата на шишето треба да ја смените,има многу причини поради кои детето одбива да јаде,и кај возрасните се јавува таков периодuser posted image без грижи,период е ќе го надминете,само биди упорна.user posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 26.1.2014 14:57:31 >

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 136
   RE: Колку е доволно?
26.1.2014 19:59:26   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Ќерка ми секојдневно пие свежо цеден сок,во чиј состав освен сезонско овошје има и морков и цвекло.Е сега прашањето ми се однесува на цвеклото-Дали секојдневната консумација може да биде штетна и колку може мало дете да изеде ?
Прашањето го поставувам поради тоа што цвеклото е како производ навистина е добро ,но јако,дури и урината добива бордо боја од него user posted image

Мами јас повеќе би се загрижила за морковот, отколку за цвеклото, зашто мислам дека со прекумерно консумирање на моркови може да добие портокалова пигментација

Фала ти Сандриана ,а за цвеклото секако ја одмарам од време на време,сепак не сакам еднолично да се храни
Сноувајт незнам колку е многу,ама едно морковче со средна големина мислам не е многу
Незнам user posted image ,сега има убави моркови па сакам да ги искористам user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 137
   RE: Колку е доволно?
26.1.2014 23:40:29   
elenak

ИЗВОРНА ПОРАКА: lekokrila

dali nekoj imal slicno iskustvo i ako moze da me posovetuva otkako moeto bebce koe ima 4 meseci pocna da pie surup lagofer i kapki baby vital za podobruvanje na krvnata slika prestana da pie ad mleko se so zorle edvaj po 60 ml na 3h neznam zosto e vaka prethodno piese 130/150 ml inaku si jade po edno peceno ispasirano jabolko na den sto mozam da napravam za da mu go zgolemam apetitot? inaku tezi 5 i 900g kolku ml treba dnevno da pie mleko?

Мене нешто друго ми боде очи. Колку му е лоша крвна слика на бебе од 4 месеци за да пие железни препарати? Мој совет ти е да не му даваш ништо за подобрување на крвната слика затоа е што е сосем нормално да му е таква каква што му е. Детето е сеуште само на млеко, после 6 месеци кога ќе почнете да јадете цврста храна ќе можеш да почнеш со подобрување на природен начин доколку има потреба од тоа, а верувај ми нема да има.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 138
   RE: Колку е доволно?
26.1.2014 23:54:14   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak RR

Јас би се надоврзала на постот од Еленак,во врска со загриженоста за крвната слика.Нашата педијатарка,ми објаснуваше дека крвната слика,т.е железото до 6тиот месец оди во надолна линија,се намалуваат вредностите.Значи не е ништо алармантно,напротив е нормално.После 6ти месец ќе ја следите ситуацијатаuser posted image Се извинувам офтопик сум,но во контекст на прашањето на Лекокрилаuser posted image

< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 26.1.2014 23:55:12 >

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 139
   RE: Колку е доволно?
27.1.2014 10:22:08   
elenak
Ги прњместив постовите во соодветна ТЕМА за да не развиваме овде дискусија во погрешна насока.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 140
   RE: Колку е доволно?
11.2.2014 9:18:48   
sandriana RR
Девојки, прашањето на Лекокрила и одговорите ги преместив во темата Не сака да јаде.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот lekokrila)
Непосредна врска до пораките: 141
   RE: Колку е доволно?
25.2.2014 17:29:36   
Melanija RR
Колку е доволно за 6месечно бебе?
Овошниот и зеленчуковиот оброк да се одделно по 125мг (1 тегличка)?Јасно дека е индивидуално, некогаш ми изгледа најаден а некогаш по 1 час му оддавам млеко,но не е тоа поентата оброк треба да е оброк.

Сеуште непроценувам и правам дупло, затоа барам совет.Во поголема количина може да се изгуби дејството на некоја состојка

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 142
   RE: Колку е доволно?
26.2.2014 10:05:31   
sandriana RR
Melanija, точно дека се е индивидуално и дека млекото се уште е основна храна и на оваа возраст.
Читајки по литератури и интернет, сума сумарум, за цврстата храна дозите се следни - за возраст од 6-8 месеци:
-овошје: од 1 кафена лажица до 1/2 шоља (100тина гр.)
- зеленчук: од 1 кафена лажица до 1/2 шоља
- цералии: 3-9 лажици
Ови дози се наведени како дневни - распоредени во 2-3 оброка, меѓу млечните оброци.

Уште еднаш да го повторам моето искуство - Т почна да јаде вистински оброк - 120-130 грама кашичка дури после 9 месеци, откако тргнав јас на работа, па не можеше да се вади на цицањето. Имаше пробано речеси се од цврста храна примерно на возраста, но едноставно количински не јадеше.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 143
   RE: Колку е доволно?
26.3.2014 20:23:52   
Ilina87
Мајки, ве молам за совет. Имам 6 месечен син кој има ваков распоред на јадење.
7h адаптирано млеко 170мл
11h овошна каша 125 гр
14h зеленќукова каша 125гр
18 h млеко 200мл
21 и 30 h mleko 200ml
Дали е доволно? Се мислам да не му е малку млеко: И Ве молам предлог за млечна каша без глутен, фала

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 144
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 9:52:46   
sandriana RR
Илина87, еве ТУКА има календар за развој за 6 месечно бебе, меѓу другото и за исхраната.
Во принцип оборците треба да бидат на 3 часа - со тоа што распоред би бил: млечен оброк, овошна каша, млечен оброк, зеленчукова каша, млечен оборк, млечна каша /млеко пред спиење.
Количината на кашичките е во ред, само размакот меѓу обороците некако е голем - и по 4 часа.
А што се однесува за каша без глутен - ако сте веќе со полни 6 месеци, би требало да го воведувате полека и глутенот. Без глутен од житерките се просо, пченка, хељда, па направи комбинации со нив.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 145
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 11:03:37   
Ilina87
Фала sandriana за одговорот. И јас мислам дека има многу време меѓу оброците, но најчесто спие тоа време и затоа е таков распоредот. За глутен не планирам да воведам до 7ми месец бидејќи имаме алергични на глутен во фамилијата. Поздрав

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 146
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 13:29:44   
Melanija RR
Пак дилема user posted image до кај 11 часот овошен оброк по 1 час 100мл млеко, и заспива, во 15 ручек-зеленчук по 1 час пак 100мл млеко и пак заспива,и околу 19 пак оброк и пак по 1 час млеко.
Последниве две недели ги јаде оброците повеќе количински мислам повеќе најчесто ручекот околу 160г. и пие повеќе млеко од кога беше на млеко.
ОНа дека кога ќе пројаде го отпива млекото кај нас воопшто не е така и баш сега ми изгледа натежнат а баш бевме некако мањак со кг .
Дали количински повеќе храна или да задржам баланс со млекото,зошто навистина кашите без проблем ги јаде ?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 147
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 13:40:55   
Bethany
Што знам, јас секогаш сум за тоа да му дадеш колку што сака и може да изеде.
Ако нема проблем сега со пиење на млеко, нема да има ниту ако изеде некој грам повеќе каша.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 148
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 13:41:12   
sandriana RR
Меланија, јас би му дала каша онолку колку ќе го најаде - нека се и 200-250 мл, па после 2-3 часа млеко да пие.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 149
   RE: Колку е доволно?
27.3.2014 13:53:09   
Melanija RR
Знаете што ме плаши многу ретко покажува на каша кога му е доста, па ми е да не се прејаде пака мака да не нема граница иако е бебе ама од раѓање е навистина некогаш ненаситно.Почна активно навечер да пие и по 150 мл за заспивање што е научна фантастика за него.
Велите да пробам додека сам не реагира дека му е доста не сака повеќе?Ќе ве послушам Bethany RR и sandriana RR user posted image фала ви

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 150
Страница:   <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  4 5 [6] 7 8   Следна страница >   >>
Оди на:

Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?